Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Тибам то џандарите глупи, во најголема гужва најдоа да ги учат тие новајлиите, два пати ги пропушта истите, а нас не заборава, сончаница ме удри дури да ми дојде редот :lut:
 
Ниеднаш кога ми доаѓаат роднини на гости дома не успеав да ги избегнам тие awkward handshakes, hugs and kisses и еднаш не научив како да се однесувам во такви моменти.
И капак на сè, мајка ти ќе дојде да ти тропа на врата и да те прашува како точно ти гласи звањето баш кога си во WC. Зошто многу е битно во тој момент да одговориш како ти гласи звањето, инаку Апокалипсата ќе започне.
 
Арената ни ја прекрстија, а лавот и ружичката мерат кур кој е поголем Македонец. Епа и ти лавче и ти ружичке сте балисти на македонскиот народ.
П.С. Да ми го лапнете сите што свршивте денес, а го пцуевте Вардар пред една недела.
 
Kej

Eдна од полошите работи што можат да му се случат на човек е моментот кога ќе сфати дека се што верувал е потполно срање. И така тоа од еднаш го мава човек и останува вчудоневиден. А не е потполно крив. Луѓето го навеле да мисли дека е така. Не ми е јасно како некои луѓе немаат чуство на вина и грам осет. Мислам секоја им чест. Така се успева. Што е битно дали ќе прегазиш преку некој. Глеј тебе да ти е убаво другите кој ги врти макар што и се дале за тебе и биле тука во секој момент дури и кога немало никој друг. Ах место дома друго да ме учеа биди лош, гази ги, гледај си синко на тебе да ти е убаво другите кој ги врти можеби и поубав ќе беше животов ама јебига. Теле се учи не вол.
 
Убав ми е животот, среќна сум и убавини ми се случуваат.
Ја имам љубовта на мојот живот, имаме среќен брак, чекаме две деца, растам како крофна секој ден, ја работам работата која ја сакам, мачорот си е со мене жив и здрав...
Доста е, не ми треба ништо повеќе. Вака нека остане.
 
Тргнав да се пофалам, ама дамата од погоре ме засенува со пофалбите така да се откажав.Нека ти остане засекогаш пријателке
 
Оуукеј, пола облеката што ми е у плакар веќе не ме собира. Време е за шопинг. И за диета. :cautious:

Следниве две недели ќе сум сама дома и уште сега запаѓам во депресии. Ќе умрам од досада. Плус, мора да бидам одговорна и редовно да го полевам хибискусот. Многу ми значи што некој има толку доверба во мене да ми остави растение на чување. :icon_lol:

Летово е пренајфантастично. Со исклучок на вторниците и петоците кога се туркам со пензионерите во 24ка. Ама тоа е. Како што би рекол драгиот ми колега: „Кој ти е крив што си отишла да живееш таму од кај што Господ изведува корнер?“ :LOL:

Се пофалив пред неколку дена дека конечно спијам како бебе и еве ми ја пак несоницата. Нека е со лесно.
 
Кај го снема циркус Медрано? Порано редовно ќе не испочитуваа, сега 4 години ги нема да дојдат, пу!
 
Лугето рекоа, што ке ни е циркус Адрија и Медрано...


Политиката наша го засени и најдобриот светски циркус кога двете мечки се подигнаа на задните шепи една наспроти другата:
Мечката од ДМПНЕ:
-ГРРРРРРРР...ЈАС СУМ ТУКА НАЈ ЈАКАТА МЕЧКА!!!
Мечката од СДСМ:
-РРРРГГГРРРР...НЕ!!! ЈАС СУМ ТУКА НАЈ МОЌНАТА МЕЧКА!!!

:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom