Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Скопје урбан герила обележје број 3: Пеефче-шеефче

Исто во строгиот центар на градот, на некои си 300-400 метри од плоштадот, во месноста попозната кај родените пред распадот на СФРЈ како Дрводекор се наоѓа комплексот од култни биртии наречени пеефче-шеефче. Обично се 2-4, никогаш не се знае која кога е отворена или не, дали менуваа газда или банкротира, но секогаш барем една од нив работи. Сместени се во импровизирани шупи и/или трафики и се претпоследната станица на најтешката категорија скопски алкохоличари пред конечната дестинација-Бутел. Дури и кога ќе го допреш монетарното, хигиенското, психосоматското и цирозното дно, дури и кога сопствената фамилија ќе те избрка од домот поради твојата поголема љубов кон етанолот отколку кон нив, пеефче-шеефче се тука да ти понудат отворена прегратка. Вистинските имиња односно како се викаат биртиите секоја поединечно не ги знаат ни самите газди. Називот пеефче-шеефче го добиваат бидејки што и да нарачате таму ќе ве чини од 50 до 60 денари, така барем беше. Низ звуците на Зона М1 радио со фреквенција 104.4 FM, пеефче-шеефче им пркоси на модерните покондурени сељачки локали што се во склоп на ГТЦ како Ајриш, Плаза Дел Торо, Буенос Диас, тој кубанскиот порано Бодегита дел Медио сега појма немам како се вика, Бела Виста, Соул и секако најсељачкиот меѓу сите нив Дион. Дион е за најтешката категорија сељаци, оние што сакаат да се курчат со Ауди А4 и БМВ 3, ама од друга страна душата им е уште во дедовата нива во Чешиново-Облешево. За разлика од Дион, пеефче-шеефче не глуми нешто што не е. Пеефче-шеефче скромно но гордо доаѓа со Застава стокецот, опинците и радничката душа напатена но голема колку три Диони и си поминува 100 пати поубаво во пеефче-шеефче отколку сељачиштана во Дион. Полнотијата на севкупното искуство на пеефче-шеефче е најцелосно кога е убаво времето, па ги вадат масите и столиците на самиот кеј, додека брадосани и смрдливи алкоси дискутираат за се и сешто седнати на ѕидчето што гледа кон кејот. А погледот-милина.

Пеефче-шеефче е изворната, автентичната андерграунд душа на Скопје. До кога-не знам. Кога ќе ги лупнат стокатниците таму може ќе им стават клуч и на нив. Наша должност е да ги поддржиме финансиски затоа што тоа е правото Скопје. Не може покундурени биртии што носат имиња како Буенос Диас, Бодегита дел Медио, или Ајриш Паб Сеинт Патрик да се побалкански, помакедонски или поскопски од пеефче-шеефче. Затоа следен пат кога некој/а ќе ве викне да седнете во овие локали на кеј, кажете му да не биде геј и одете во пеефче-шеефче на по некоја ракија додека во позадина пее Џеј.
Прегледај го приврзокот 371028

Прегледај го приврзокот 371029


Прегледај го приврзокот 371030

Се надевам дека надлежните нема да бидат престроги на ова мое самоцитирање. Го урнаа пеефче-шеефче, автентичниот дух на градот Скопје. Пред некој месец го урнаа и Лидо, што беше на времето едно од ретките underground места во Скопје. Лејди Блу (и ќецот и двојката) одамна не постојат како ни Бони и Ани, Булевар, Дипломат, Манда Роса, Змија, Стоби, Дали, Њу Јорк, 4-те инкарнации на Блу Кафе, Копакабана ја урнаа кога ја прекројуваа подземната гаража на МНТ, Коцка и Кругче на плоштад веќе не постојат ни СФ, Ало-Ало, Аха на покојни Зеко, Бастион, Спорт Кафе и многу други. Лека-полека ми ја уриваат младоста. Кога проаѓам од кај Лисиче почнувам да кажувам како се ова беа ниви на времето. Се надевам ќе ме викнат во следното Досие Скопје да објаснувам како тие дедовците-Ете тука бева панкерите на Коцка, сега е овој чирот мини мол.

R.I.P. 50-60.



Ок, ајде сега малце повесело и надреализам. Претходниот пат беше шиптaр со кече на авангарден џез, овој пат се погоди црнкиња во биртија на турбофолк. Се изнаигра се изнамеша како роџена инџиковка мажена во Припор. Не можев баш да впреувам видео кога сакам па вака дискретно ја фатив само малку.


А општа атмосфера? Кога почнува Оооооо јеси ли то тииииииииииии? Секако најпрекрасна.


На крај некаде 0:45 секунда можете на кратко да го видите поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски-Калц како се гушка со сопартијците.

Надреална исто ми беше и сликата на Тајната Вечера во истата биртија.


1766359849979.jpeg

Само малку пред тоа ја пееја Низ Реку Живота каде што Џеј пее "Ночас стојим на ивицу пакла, корак ми фали до самог дна" како и Метак на Жељко Шашиќ која не е популарна, а е доста потценета која почнува со "Нечу у рај отичи знам и брига ме". Индира Радиќ со сега веќе култната "Кафана" во народот попозната како "Шта че жена сама у кафани" која на големо го внесе феминистичкиот бран на полова еднаквост во биртиите и ги промеша џендер ролсовите во истата ќе каже "У кафани ко у паклу, свуда бол и дим".

И како трето за крај.

Пред 3 години раскажував за една вечер во 1212 кога со велешани улетавме на диџеј Стојче и дечкото направи журка партали, па морав да го гуглам на интернет и да им објаснувам на едни Швеѓани кој е па тој.

А Швеѓаниве на излегување ми викаат Is this some famous Macedonian DJ? А јас го барам на нет Стојче Б2Б Дон Вилијамс. Секако дека ДЈ Факинг Стојче не е тоа. Ама па затоа Стојче и Дон Вилијамс маме ебаа. А ете прв пат одам оти ем немало пригода ем имав предрасуди дека таму идат шминкери да глумат лудило, мажи во одела и жени во оросписки сукњи и деколтиња. И делумно бев во право вриеше такви ама па доброто е што тие идат во 1 ипол а си одат во 2 ипол. После остануваат правите клабери. И лудница беше. А таман викав Бен Клок искина за сите пари, сега пауза малце, пусти Бергхајн ќе влезам ли некогаш и ете роденден велешка екипа дојдена све еснаф клаберишта со широка душа, како да кажам не? Партали!!!!! Ама не можам повеќе, од средата не знам кај сум, кога легнувам, кога станувам, кога е ден, кога е ноќ. Зоре више не видим, око мене стакло дим шо би рекол Сејо Калач. Еве седум саат, спиење на куров, ако додржам до 12 ќе одам да го гледам Мирно Лето во Кинотека, уште не сум го гледал, треба со пензионер да одиш, а баба ми нема шанси да ја натерам. Едно време едвај на Танец, Манец и останато народно, сега нема шанси. Шо ги ебам ќе кажам немам пензионер, јас сум транспензионер, модерно време е. Стојче додека миксаше имаше еден дел, еден бит што ме потсети на една песна што не ми текнала одамна. Не бев роден во 50ти да го фатам пикот на рокот или во 30ти да го фатам пикот на џезот што би се десил во моите 20ти и 30ти. Ама затоа за електрониката се родив во право време, па и на право место. Парва вика така беше некогаш, а како е сега? Во некој следен пост ќе ти пишам како беше тогаш. А да и таа си ја бара јакната јас џентлменски и светам со ламбата од телефонот за да и помогнам и гледам тетовирана на рака патен знак Скопје 17 километри. И викам што е со тетоважата? И ми вика тоа ми е омилениот сообраќаен знак. Викам во странство да не живееш? Вика не, ама често патувам и кога ќе го видам знам дека сум дојдена дома. Не погодив скроз, ама таа беше насоката за причината на тетоважата. Ама вика сега го нема знакот. Е како го нема и викам одма после патарина Петровец е, пошто за памтење глупости и тривијалности сум прв, вклучувајки тука и патоказни знаци. А не, ми рече, тој го нема сега има друг со 16 километри. И, и верувам, на тетоважа го има зошто да не и верувам? Секако дека ќе сум полн со такви надреализми во 5 сабајле дебатираш за значење на патоказен знак Скопје 17 километра што некоја го истетовирала. Песната што ми текна кога идеше битот на ДЈ Стојче:

Епа тој истиот Стојче од постот и од таа вечер од 1212 на 20ти пуштал музика во Бергхајн, иначе најдобриот техно клуб во Вселената, што иронично го спомнав во истиот пост. Кој би рекол пред 3 години дека нашиот Ди Џеј Стојче ќе стигне до најдобриот техно клуб во светот. Ама, ако се покажал како таа вечер, тогаш сосем заслужено. Стојче, ми те волимо.



Само Боб и Жељко Шашиќ со цел пратечки оркестар.

Путеви моји воде до дна...

 
Не ми се верува дека вака ја завршувам 25та.
I could've go yachting kay.:anco:
Note to self, fuck em, stay a hoe. Не верувај на муабети за љубов.

1000055461.jpg1000055465.jpg


Букирав од 8ми до 11ти Јануари во Термите во Валс. За мене и за Романката. Ќе се разговара за големи промени на карактерот/личноста, не како резолуција за 26та туку промена која веќе се случи во 25та и не мислам дека е добра но неопходна, пошто ме гуши стариот јас. Изживеан ми е. Време е да станам поарогантен ама посмирен како човек. Љубовта како што ја замислував не ми е приоритет ни потреба. Дури и одбојност ми ствара. Исто и кај неа се случува голема промена. Мислам дека и двајцата го изживеавме стариот јас и е време да одиме на друг левел.
Инаку и таа сака(ше) безрезервно. Вљубена беше во еден албанец кој наводно бил многу повреден од сопругата бла бла.
Денес и реков, а чекај те прашал ли тој тебе, како тебе ти поминал животот? Како си растена во Романија со татко алкохоличар, со брат кој не разговара со тебе? Не, ја гледаат само јаката жена пред себе. Само ние да имаме емпатија со другите? Не. За себе имам емпатија. Доста е.
Јас сум единствениот маж кој ја сака вистински во нејзиниот живот. На некој начин и таа мене. Убаво ќе си поминеме во Јануари. Како и секогаш кога одиме негде заедно. 'Трошоците' ќе се мои.
 
Последно уредено:
Никогаш не сфатив како народов стига до пари за одредени работи, а не знае ни шо носи/ како се пишува

IMG_6630.jpeg

Исто ко ЛујС Витон ташна..
 
Најзлобниот парадокс на љубовта е приврзување преку страв и избегнување. Луѓе кој очајно копнеат, по она што најмногу ги плаши.

1000055571.jpg

Да живеевме во антиката че појдев на островот Книдос и че ја демолирав ротундата од храм на Афродита.
И пред да ми речите како ти така Православен. Ah was, Византијците уште имале култ кон антиката. Ана ги изучувала Платон и Аристотел. Во палатата Букелеон бил токму мермерот од голата Афродита кој Праксителес го изработил за Книдос. А на еден рид од златниот Рог имале и статуа на Хекате.
 
Налетав на слики од Пелистер кој ги напрајв летоска Кеј.








Ова е сликано кога возиш од Прилеп за накај Битола, среде Пелагонија.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom