Во ера на масовен булинг и тикток видеа од тепачки, да крстиш детето Најџел е неодговорно во најмала рака. Па добро госпоѓо во 10.000 еура облека, кај ќе ви оди душата само за да бидете различни? Па во јебено Пржино живеете а не во Нотинг Хил. Најџел бе, кога чув прееска коса ми се крена кај што не ми расте.
Од ко е мажена ко девојче е напраена кеј.
Не на овие слики, потешка шминка. Ама гледав од Јапонија слики сега со сопругот патување, без шминка, 18се годишно девојче.
Греота детенцево, греота родителите, дај боже на никого да не му се случи ова, треба да се реагира и од институции и од све, ама побогу бе, се постира ли текст од ChatGpt за ваква работа? Народов нема грам мозок мајке ми...
Одамна заборавен филм од раната адолесценција ми се појави од нигде никаде. Викендов е веќе резервиран да го гледам во најмалце 6 дела на телефон пошто никој у фамилија не сака вакви филмови.
Кратка приказна за јавното истражување во Македонија. Ми се јавува непознат број пред едно 40 мниути.
Агенција: Здраво, се јавуваме од таа и таа агенција, правиме кратка анкета.
Јас: Дали е за политички теми? (не одговарам на анкети за политика)
Агенција: Не, не е за политички теми. Анкетата е 100% анонимна (со овие зборови).
Јас: (ај да им излезем во пресрет од ова земаат плата): Ајде, може.
Агенција: Од која општина сте?
Јас: Од Икс (каде што живеам).
Агенција: Ама овде вика дека сте од Ипсилон (каде што се водам по лична карта).
Јас: Па нели анкетата е 100% анонимна?
Агенција: Ви благодарам, имајте убав ден.
3 месеци имаат поминато од ко го немам видено Хрватот и уште ми е низ мисли. Ги гледам сликите што ги имаме од журки заедно. Се сеќавам како игравме заедно во геј клубој, на 212 од Азејла Бенкс. Често одеше пијалок да си земи и ме гледаше од далеку кај што играм. Јас ко че играм често се вртам се грбот и прам ротација од 360 степени. Ова ко го виде првиот пат ме гушна. Во наредните излегувања го препозна како dance movement шо го викаше der mazedonier. Сакаше да излегувам со неговото друштво (не појдов ни еднаш), им кажа дека Византиецот е најдобриот играч кој го запознал било кога. Ко че одевме на кино гледаше само хорори (ич не е мој стил, ама ако го имам 2 саати до мене, спремен бев да гледам се), често се навалуваше скрос кон мене ама со таква искреност како да му треба некој да го заштити ко дете.
Никогаш нема да заборавам првиот пат кога го видов. Осетив толку чудна енергија пред да го видам. Сум се среќавал со... 100ци кеј. Не глумам светец. Ама ниеднаш не сум осетил нешто толку чудно. Неколку метра пред да излезам од трговскиот од страната на Музејот, од левата страна на увото сетив некоја енергија и мир, енергијата што ја сетив беше иста како некое чувство кое велеше - сега ја запознаваш љубовта на твојот живот. 1 секунда го видов потпрен на столбот и од тогаш 8 месеци бев само негов. Луѓе не го оставаа на мира. Буквално на првиот дејт бевме на шопинг и ликот кој продаваше таму му се пушташе, нешто што јас лагано го изигнорирав, пошто средбата со него не ми значеше ништо (на 2ра не мислев ни да одам). Тој запримети и го корпоса навидум ултра згодниот (ГЕЈ!) продавач. И почна да ме прашува работи за мене. Ко излеговме надвор ме погледна во очи со скроз детски дрска насмевка и ми рече hübsch.
Се беше супер, знаше кога сум гладен, а кога сит. Кога ми се журка, а кога не. Ко се случи трагедијата во Кочани јас таа цела недела, знаев да заплачам по дома. Нареден викенд бев договорен со него ама расположение уште на 0, тој сети, иако имаше премногу проблеми на работно место (доктор е, Психолог) си стави за цел, таа вечер да ме расположи со играње и му успеа.
Се беше супер, дури не виде, некои 3 месеци подоцна, дека јас сум заљубен. Таа вечер сакав да му кажам дека сум вљубен, дека повеќе не е само, забава, излегување, лагано. Не ни стигнав да му кажам, сам осети. И не реагираше добро. Ме тргна од него. Јас бев, изненаден. Дотогаш бев сигурен дека и тој осеќа нешто. Виде дека очите ми се насолзија и ме гушна силно, знаеш ли ти колку е таа опасна ми рече? (за љубовта) Незнаеш!
Цела вечер помина така, 10 минути далечен, на цигара со други, наредните 10 минути до мене изненаден зошто толку го привлекувам. Како со невидлив конец да сме поврзани. На патот кон дома 10 минути ми ја држи раката во кола, другите 10 минути ја испушташе импулсивно со гнев. Не бевме во контакт 2 недели после ова. И тогаш дознав - ликот е dismissive avoidant. Луѓе кој биле оставени од 1 родител како деца (тој е оставен од татко му на брутален начин, за друго семејство) ја асоцираат љубовта со огромна болка и разочарување. Луѓе кој константно се во потрага по таа неостварена љубов, очајнички ја бараат, а бегаат од неа, штом ќе сетат дека им чукнала на врата.
Не ми дозволи да го излечам. Ми забрани да му кажувам дека го сакам, дека со него е се поинаку. И.јас.сепак.останав. цели 8 месеци. Јас, некогаш лик со најмногу самопочит, кој корпосува луѓе за 3 секунди лоша интеракција, останав со човек, за кој незнаев ни дали воопшто ме сака. На журки, еден обезбедување на геј клубот ми прати бакнеж штом ме виде, лик (романец?) Кој нареден пат таму, мене ми кладе срце за печат на рака. Јас продолжив да го гледам само него. Се додека не сетив, него мојата љубов му ствара огромна анксиозност, колку повеќе осеќаше дека е вистинска (она што тој цел живот бара), толку повеќе беше анксиозен. Решив да го пуштам, не му пишував повеќе, ми пиша тој дали се е во ред, на што јас одговорив само да. Ми пиша пак дали сум добар недела дена подоцна, на што јас одговорив само, да. Почнав да одговарам, многу... подоцна на пораките, некогаш и по неколку дена. Ме блокираше. Веројатно мисли дека сум како сите други кој го оставиле. Јас го оставив затоа што сетив дека мојата љубов му ствара страв која не е за потценување, огромна непријатност. А љубовта не треба да е таква. Затоа го оставив.
Надвор е магла, одлично време да се прошетаат грдите луѓе, како мајката на еден твој член кој направи 32324234 профили до сега и попи толку банови. Таман да се подсетимe какво копиле пропаднато сме направиле и наркоман нелекуван.
Кајганава ми е ко личен Психолог. Иако е време да си најдам професионалец, ова ми е јасно. Па можда за скоро и нема толку често да ме читате. Само да не е како Хрватот.
Сосема случајно при скролајне на Инста после работа, скроз нормално расположение, не ни мислев на него ил било што негативно. Почна песнава на некој рилс. На филмов, исто 5 години ми нема текнато. Ама после само 1на секунда од мелодијата, се видов до него во Аудито од мајка му, изгледа го позајми од неа да ме импресионира (дури сега ми текна на ова, јас само него го гледав, друго се сеедно, не ни заприметував што возел). Негде 4 дејт ни беше. Косата ја имаше истрижено скрос кратко на кец како мојата, се налути дека не сум заприметил, а не ми даде ни време да му дадам комплимент дека се постригол. Во само 1 секунда од песната, целиот тој филм назат и огромни солзи ми се стракалаја по лице. Да ти се помочам на стравот од љубовта. Никој нема да го сака како јас. Можеби не секогаш тоа му го покажав, ама се надевав дека осеќа.
Ја пушти песнава на враќајне кон дома. А јас му пуштав балкански. Беше толку заинтересиран и му беше толку криво дека не го знае јазикот. Се надеваше дека од мене ќе научи српско-хрватски. Толку искрен човек, наивен како дете. Да ти се помочам и на светот шо го повредил!!! Еднаш му реков дека на татко му, би му плукнал влице. Кога одел Хрватска на одмор како дете седел кај баба и дедо, а татко му не го ни поздравил (сурови луѓе Илирите), татко му редовно бил со својата, нова фамилија и нови деца. Ова ми го кажа уште на 2риот дејт. "Јас му бев толку, сеедно на татко ми". Со овие зборови. Ко со нож да ме погоди во стомак. Сетив огромна болка во него. Изгледа уште тогаш почнав да се вљубувам. Пошто повеќе не беше само ултра згодниот Хрват. Во една секунда тој стана човек.
Ми се налути толку многу, 1 недела ми требаше да сватам колку невкусен коментар беше тоа од моја страна. Кога сакаш некој толку, спремен си да го браниш и од неговите. Веќе го рачунаш ко своја фамилија. Кога му се извинив, му кажав и дека е ок ако повеќе не сака да ме види.
Се зафркававме дека од него ќе направам МКД лик, дека тој ќе го земи моето презиме. На што тој врати дека од мене ќе направи еден Иќ-Ич. Пошто Иќ е покул од Вски. Фак ју, а австрискиот Сваровски? Абрамович ми врати. Океј Романе. Хаха.
Ако ништо друго благодарение на него дознав како е да сакаш некој друг, освен себе. Ова незнаев цели 30ет години. Катастрофа. Време е да си барам лекар, а можда и терапија.
Автоматски споено мислење:
Бевме да си купи алишта за на одморот на Мадеира (португалски остров). На едно 38 степени летоска низ градот. Застанавме сладолед да си купиме, очите ти светат ко бронза на сонце ми вели. И лицето. Тоа е Ланкастер му велам. Тебе трепките ко злато, ко косата му реков.
Ова ни беше најубав ден на некој начин. Јас требаше да си купам долна облека, видов Бос и си реков ај да пробам дури пробува тој купачи. Се разбира дека се фотна во мојата соблекувална ко виде дека пробувам нешто. Ко мало дете. Буквално. Вечерта после тоа појдовме на кино. Така би живеел до 80ет.
Исто кога и да видеше дека сам стојам пред огледало одма се лепеше до мене. Сам да се сликам? Не. До мене. Ќе дојди од другата страна на кафичот, ама сам да се сликам, не.
Во Босна за врме на војната имало богати Талијани кои оделе на сафари тоест убивање на цивили со снајпер.Тарифата била различна за деца, трудници и старци.Кои пореметени гнаси,какво дно од љуге .Ако ова е вистина се надевам дека нама да се заташкаат работите.Да ги наречиш ваквите животни,е навреда за животните!.
Кајг,
помислив дека сепак има надеж за женскиот пол посебно кога го допира со стапало пешачкиот премин, а возилото успорува, застанува и’ ми дава предност иако позади него возилата за малку ќе предизвикаа верижен судар и кога се доближив таман да потврдам со глава за благодарност, тој испод воланот го имаше мобилниот каде типкаше нервозно, чија беше и причината на успорувањето и застанувањето, ќе дадат тие предност ако нема семафор, никогаш, па ни тогаш!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.