20 февруари 2012 еден Ебиветер на форумов ми прати песна од еден бенд.
Многу убаво се сеќавам на тој момент; каде седев кога прв пат ја ислушав песната, на каков начин бев цела стопена... И колку и да звучи клише, тогаш започна една огромна и многу важна промена за мене. Ми се смени цел мој стил на музика, цел мој однос со музика.
Многу се навлеков на пост-рок и иако се испозаљубив во други бендови, а подоцна и во други стилови на музика, Maybeshewill имаа посебно место во моето срце. Неколку години подоцна најавија дека нема да настапуваат т.е. нема да творат повеќе - многу е веројатно дека сум плачнала кога ја прочитав таа вест.
Сакам да слушам нови креации. Сакам кога сведочам на каков начин и во која насока се менуваат бендови кои ги слушам. Сакам кога следниот албум на кој било изведувач е различен од претходниот, дури и да не ми се допаѓа новиот стил. The only constant is change и сакам кога сведочам промени кај луѓе што креираат.
Кај Maybeshewill немаше веќе нови креации.
Имав среќа да се преселам во држава чија локација е бонбона за концерти и фестивали и бев благословена да слушнам и видам мои омилени изведувачи во живо. И после секој концерт си имав листа со изведувачи кои ми преостанале за да ги чујам во живо. На истата беше бенд кој не настапува повеќе.
По неколку години пауза Maybeshewill најавија тек-тук по некој настап на различни фестивали. Опа, будење. Подоцна извадија и нов, преубав албум. Ново творештво. Нова моја љубов.
Годинава најавија европска турнеја. Во првата милисекунда откако го прочитав тоа купив карта. Тоа беше второ купување карта проследено со плачење од среќа; првото беше за Florence + The Machine.
Сѐ уште ми е неверојатно дека хедбенгаа пред мене, дека ги слушнав во живо, дека после концерт пиев пиво со нив, им го изнакажав сѐ ова што го пишав тука, од Windfucker на таму еден форум Кајгана во Македонија до моето плачење кога најавија Европска турнеја. Која чест една мала јас да делам време и простор и зборови и постоење со за мене преголемите Maybeshewill.