Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Со телово во Швајцарија, со срцето во Прилеп.

Со срцето во Прилеп, од 8 до кај 17ет години. Затоашто, јасно ми е дека нема сила на светот која ќе ми ги врати пријателите раселени по Америки, Канади.. ет цетера. Да се родиш во така тешки времиња, во кој 2 или 3 бумери решија да уништуваат, еден век слободно творештво на западно блаканските народи, не беше најпријатно искуство.
Да се родиш во тие времиња, а да имаш срце од злато, треба да се утврди како посебно човечко достигнување и за ова треба да се дава Нобелова. Јас им ја врачувам оваа награда на сега веќе, еден дамнешен Канаѓањец, и една, од пред пола деценија нова Американка (САД). Тие ми беа најблиски, но има уште минимум 7 мина од друштвото тинејџерско, за кој се прашувам што прават и ги помислувам, од време на време. Се прашувам дали и нив им текнало на мене, од време на време.

Ние бевме толку подобро, од сево ова што не опкружува денес овде. Толку чисти, бистри дечиња, тинејџери. За вас, незнам, ама за мене тој период е дефиниција за добрина, со таа спонтана себе-подразбирлива искреност.
За мене Нирвана не е, Порше со златни тркала. (Супер за тие од вас за кој тоа е она вистинското, ова не е контра пост или противење на таквите). Туку за мене е, возење точак со најдобриот другар на есен, после училиште. Низ цел Прилеп, нашите ни ој далечни маала, не и кажувај на мајкати дека до таму сме возеле!!! Ладен воздух, силно сонце.

Со телово во Швајцарија, ама одамна не како полна единка. Фали душата, оставена Богзнае по кој агол од светот. Фали и срцето. Само телото останало да движи и да функционира, и ако пробаш во него да бараш душа или човек за разбирање, ќе те проголта празнина голема ко, хм чинам една Црна Дупка на Универзумот. Едно големо длабоко, ништо. Одамна.

Едит: Не сакам да им е како мене, се надевам дека ми нашле достојна замена и продолжиле спонтано со животот, само тоа е природно и нормално. Ова моево (исто) одамна, не е ни едното ни другото.

 
Последно уредено:
Колку треба да си мизерен за на твојот роденден да ги поканиш сите другарчиња од одделението, освен едно? На таквите не им посакувам ништо, и онака со горчината што ја носат во себе се толку утепани што цел живот нема да имаат никој покрај нив.

Најнесреќен да е! :(
 
ne mi e jasno kako lugje nejkat burek so sirenje najbolje e dobar e i so meso ali ova e nesto sveto stv nez kako da objasnam. Postuvam i so meso ne e deka ne ali sirenje si e sirenje se topi burekot nema opis na ova
 
Си одам дома и ја заклучувам вратата. Го слушам ветрот дур стојам на прозорецот, надвор згради и врева, луѓе и коли покриени со злато. И сум толку среќен што сум сам. Тврд ко карпа, ладен ко камен, бел ко дијамант, црн ко јаглен.
Пресечен ко скапоцен камен, пробувам да се регенерирам кога масата не е околу мене. Солитар, нешто што се смета за ретко. Не сакам да сум споредуван со ефтини трепки и глитер.
Солитар. И сите други скапоцени камења во ѓерданот, ме обожуваа на почеток. Ме опколуваа и ја акцентираа мојата посебност и големина, мојата централна битност. Но, јас го прекрив срцето се препреки, па затоа лажните меѓу нив, ме нарекоја проклет. Но јас не сум проклет, само сум прекриен со прашина.


Дијамантите и се најдобриот другар на Женева. Нивната сентиментална вредност и чистина е многу поголема и побожествена од нашата бедна, бројчана, човечка парична. Ние ги понижуваме во моментот кога ќе им ставиме цена со 10ет нули. Со, или без 10ет нули, цена си е цена. А јас сакам да верувам знам дека тие своја немаат.

Ископан во Русија? обезвреднет во - читај(продаден), Швајцарија за некој билион.
Не го споредувајте со ефтини трепки и глитер. Солитарот осамен.

-1x-1.jpg


The_Fortune_Pink.jpg
 
Последно уредено:
Благодарен сум што не морам да палам кола за да носам деца у школо, за да одам на работа, за да носам жена на работа. Уште не почнала школска година а веќе е хаос и тензија.

Дополнително, би декриминализирал нанесување на повреда со сечиво во услови на гужва на граница или пат, кога шоферот искача од кола да се поткачи од кај вратата за да види што е проблемот. Синоќа дa можев ќе го сецнев по цеваници еден маџар кој на секое мрдање 2 метра гасеше кола искачаше и застануваше поткренат на прагот од колата за да види до кај е гужвата. Се надевам дека стоката уште чека на Хоргош кај неговите застанат ко мисир и надежна глупа фаца дека ќе мрдне гужвата. Гомно глупо.
 
Кога ќе ми рече некој абе премиер лигата е најјака, го потсетувам само дека Џејми Варди го собраа од улица и стана најдобар стрелец у лигата.
Како на времето, виделе дека Илија Најдовски многу играл и за да се реплицира успехот братучед му го собрале од нива додека берел тутун и го ставиле у прв состав на победа од Прилеп :pos:
 
Драга,
не сфаќам зошто во македонски медиуми, од страна на македонци, се користи називот Северна Македонија?
Нели рековме за интерна употреба ќе си остане Македонија?
Еве, да не испадне зборам напразно:
 

Attachments

  • 003.png
    003.png
    1,9 MB · Прегледи: 48
Имам една комшика сигурно цепа накај пензија за година две. Мажот или и умре пред година или го прати у дом, не беше добар стариот веќе подолго време. Она се гледа дека е очувана и убава жена од времето. Многу личи на Тара Холидеј (референца за искусни дркачи). Како го снема стариот, оваа процвета, почна да се шета со миничи, деколтиња била да се сунча. Права ГИЛФара. Кои шутраци сме ние мушките у суштина после 60та година пошто не сме пазеле на ништо претходните 20-30 години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom