Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга кајгана
Јас мислам дека овој костич ќе успее во животот,многу е упорен.Банирај го ти сега,еден ден ќе ти е мака ко ќе стане шеф на Гоогле.Тогаш тој ќе те банира од интернет, како беше поговорката на човек му е мака по леб да оди али за да се одмазди е спремен океани да преплива и планини да искачи.
 
Последно уредено:
Драга К,

добро утро,денес идам во калето да аплицирам за виза да се мавнам од тука на одреден период.По препораки од колегите од Италија дека во Вегас имало најдобри свингер клубови ако упали сигурно ќе ги посетам.
Држете ми среќа.
 
Русокосите треба да се заштитат со закон. Да им се врачи признание од некоја врста. Како светско наследство на УНЕСКО треба да се гледаат и да се под перманентна заштита, по секоја цена.
 
Некои луѓе не сфаќаат дека имањето мислење во секоја ситуација не е така лоша работа, туку дека проблемот е тајмингот во кој што решиле да го споделат истото. Да, многу поважно е понекогаш да умееш да покажеш воздржаност и проникливост во споделувањето на своите ставови, отколку секогаш и секаде да си го пикаш носот. Искрено, многу ги ценам луѓето кои знаат што треба да кажат и кога да кажат, посебно па кога точно знаат да проценат кога е моментот да се спротистават на авторитети. Пресекси е тоа :ljubove:.
 
Драа

Зшто бе сфи лихвари мора да изглеаф скроз исто?
Полудебел келаф,Јелена Карлеуша цфикери,пола кфадрат шарена тетоважа,на руци сат што пет минута касни,дебел палац и врат тфрд како пршута,гланц ново увезено бемве...
Зшто?
 
Кога веќе се спомнува Јеца пресфета пресфета Илиријско-Византијска платинум Таргеријан,
и гледав едно интервју со некој ултра конзервативен лик типично за вашите простори, на подкаст сниман сега. Спремаф реферати да го опишам ликов, ама само че речам српскиот Јанко Бурек и ова че е комплимент доволно.
Енивејс, беше спремил листа прашања, кој од кој пониски, несвесен дека оваа не се плаши од такви, ако веќе му отишла у студио.
Ја боцна во многу теми, една од нив и младоста. Дали и фалеле рани 2000ти, дали се плашела дека новие Прија и слични че ја сменеле. Нејзиниот одговор беше, парфразирам, - откако мајка и (единствената нејзина поддршка) умрела од рак пред некоја година, последното нешто што таа би сакала е сега да се врати на свои 25, во рани 2000ти и одново истото. Напротив, рече дека сака само побрзо да остари и да заврши ова.

Ликов остана со отворена уста. Последниот одговор шо го очекуваше беше ова. На што потрча да и врати, дали си среќна? Некои луѓе не бираат ни време ни средства, ама ние тоа го знаеме одамна.

Многумина кој изгубиле мајка/татко, единствената личност која ги подржувала, ќе разберат.
 
Драга Кајгана,

Моите другарчиња се покул од твоите :D

Бидејќи немам фотка со Нејтан, ќе ставам скриншот од месинџер :pos:
Нормално, јас сум експертот за купување интересни патики во Европа :)
1711539646323.png
 
Драга кајгана
Постот не е за тука ама желбата е голема.
Јас како дете се си пишував во дневникот. Како оче наш ми беше.и тешко и лесно и маки и желби.
Е сега ,желбата ми е голема како шо беше песната;
,,Во Струга дуќан да имам " мене ми е
,,Во Струмица ресторан да имам" а бе неостварена, тупка у гради голема желба сите да имат ама и јас па да имам... еден ланџ бар со 15маси ништо нејкам повеќе.

А бре , локалот шо беше ,,Вавилон" на центарот а бе плаче за такво нешто, а бе за платичка да си вадам ,м? Шо знам тргна ли работата после попреку гледаме ,незнам ама пуста желба ќе експлодирам ,а бе шо знам , ме плашат тие ,вицето само они може да ме докосурат, а немат милост они ,неее они на сите ќе земат за нив да имат, туку ајде пуста желба...
У Струмица ресторан да имам. [emoji352]️[emoji1635][emoji482]FB_IMG_1711579000174.jpg

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Драга,

Ми отпадна уште еден заб, па ке морам коренот да го чистам. Цел живот немам среќа со забиве и тоа ми е единствен здравствен проблем, да чукнам во дрво...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom