Драга Кајги пак јас
Еве вака, неколку дена пред почеток на колоквиумска и одма после тоа испитна сесија, како секој нормален студент да седне да отвори книга да прочита нешто па по грешка и да запамти јас си размислувам за идна професија и успат си играм симс freeplay, а додека чекам да им заврши тоа проклето работно време решив да си споделам нешто со тебе.
И така значи реков Кајги си размислувам во овие денови за идна професија и смислив Кајги. Идеална, совршена, ко за мене скројана професија е КАМИОНЏИЈА.
Јас Кајги како не прошетана личност, која има огромна желба да вози (кола-камион сеедно) си се пронајдов.

Каков факултет Кајги, душата си ја извадив со тие испити, а можам само да полагам за Ц категорија (вајда Ц беше) и на бел камион сум.

Цела Европа ќе си ја прошетам, деноноќно ќе си возам плус добра пара ќе си земам, тоа е живот Кајги, а не тука да рмбаш за 12 илјади од кои 10 ти се трошоци и се чудиш како со остатокот да преживееш, мизерија бе.
И знаеш што е најдобро во оваа професија Кајги? Тоа што живееш во оваа Држава НО реално те нема: Патуваш, истражуваш, ризикуваш, се учиш да пееш итн итн милина.
Туку Кајги да одам да видам што направија овие од симс дали се вратиле од работа или уште треба да ги чекам.
