Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Цел живот фрла ѓубре на улица упорно му кажуваш дека тоа не е добро а он секогаш ти враќа со
"Ме боли кур не е мое"
Истиот тој пред некоја година:
-Што кур го напаѓаш Грујо бе и јас да сум и ја ќе крадам.
Истиот тој лани:
-И што кур ти смета тебе ако е Северна ај не ми се прави патриот.
Пред некој ден истиот тој:
-Брат не ја бива државата дај да направиме нешто за Германија...
 
Кајг,
не можам веќе да ги слушам овие на :tvg:
,,...треба да направиме...имаме сериозни мисли да дејствуваме, сериозно размислуваме дека ќе направиме, ќе изградиме, ќе зголемиме, ќе прошириме, ќе добиеме, ќе успееме, ќе ги казниме, ќе ги рушиме, ќе ги затвориме, ќе се ослободиме, ќе добиеме датум, ќе влеземе, ќе дадеме оставки, ќе ги клецаме ќе...ќе...ќе :sekc:
толку употребено идно незавршено дебилно време немам видено! :facepalm:
 
Ситуација бр.1 шалтер матична служба
Како се вика децата?
Горазд
Аха Бораст.
Не Бораст,Горазд
Ај комшија ако сакаш едно по едно буквата
Што му текна,образование од мајката каде завршила
Во Фиренца,тоа и тоа
Каде е тој Фиренца,во Скопје?
Ситуација бр.2 Авто перална Гранит (на четките)
Разговор помеѓу двајца млади Скопски бизнисмени,едниот со порше кајен според опремата околу 80.000 €, другиот со ренџ ровер преку 100.000€
Да ти кажам годинава не одам таму на одмор,абе ајде ја претераа,4€ пиво.
Абе ајде што збориш,4€ пивото го направиле.
Да бе седнавме демек да ручаме,кога видов цените станавме и си отидовме.
Друго што ке кажеш,ебеш нешто на страна?
 
JSP.... crknete bre m..vi..... kaj najdovte od deneska toj Leten raspored...m..vi..
denes ni eden avtobus ne e pusten od N.Lisice kon Butel, a na sekoja stanica cekat povozrasni lica za natamu.
ej,bas denes na ovoj praznik??? crknete bre.
 
Кајг,
ми се фалат за рушење на терасите во Скопје (Дебар Маало) со асистенција на полицијата и градежен инспекторат, ...,, Богдановиќ вели дека не се плаши од кафанџиите..,, а од кого се плашиш, море?

bastion-urivanje-letna-terasa-4-768x576.jpg


...пусто македонче ја носи семката од трпение, ќутење и наведната глава уште од турско ропство, па 500 години не се малку не може преку ноќ да се смени, ама на своето удрии, не се плашат, токмаци едни неделкани!

QapOzJJ.jpg
c9Ttq6N.jpg


што не одите малку на Матка да рушите таму тераси, а? продадени души!!!
 
Драга

Прееска имав работа низ центарот на градот и видов човек кој има околу 60 години како го остава кучето кое го шеташе да врши нужда, штета што во оваа (додајте епитет) држава нема закон да го вратиш идиотот (Може дедо да ми биде, ама заслужува и полоши епитети), да го собере и да го изеде изметот плус да му лупнеш казна, друг пат да не го ни шета кучето, а не да помисли да го пушти да врши нужда насекаде.

Друго, ова со сообраќајов станува се полошо и полошо. Никако да им дојде памет на луѓето за жал. Прееска исто возам и на тротоар паркиран автомобил, а на растојание од сто метра некој вол се паркирал пола на тротоар, а пола на патот, така да мораш да возиш на сред улица и да се молиш некој да не се залети и да те однесе. Бидејќи пајак службата не работи, штета што луѓето немаат дозвола со бејзболка, хебла или било што да му се скрши автото на дебилов, бидејќи пајак службите ги боли онаквото да работат. Треба исто да се донесе закон за велосипедистите (почнувам од себе), за моторџии, пешаци и сите кои управуваат моторни возила слободно да им удриш ќотек кога се однесуваат непрописно во сообраќајот, посебно за пешаците кои одат на сред улица или одат во правец во кој ти возиш. (Не знам што ги учеле ваквите на училиште.)

Инаку јас сум сјебан психички помалку, ама кој во ова парче преубава земја и (додајте епитет) држава не се чувствува слично? И за крај едвај ги чекам "браќата" да дојдат од Запад и да го претворат градот во Див Запад, бидејќи нели овде е слободно да се прави што сака. Штета што и вака не привлекуваме туристи, бидејќи со ситуацијата околу Охрид полека ги маваме.

Спортски поздрав.
 
Драга

Овие што напињаа цела година за овие горештини, повторувам оние што спамаа #summeriscoming #summer #summervibes да престанат да се кријат на сенка и под клима и да излезат надвор да уживаат на овој пекол.
 
Драга,

И покрај сите реси, комарници, заштитници, бункери преска ми влезе еден комарец во соба. Еве цела вечер го пратам како ми кружи по соба и ме мрзи да станам да го отепам. А, он пак, секаде застанува, само на мене не... Го чекам веќе два саати да дојди да ми ја исцица крвта... Изгледа копилето не сака да умре. А некако и грев ме фаќа за него. Ако продолжиме овака и до "на пиво" ќе догураме. Осеќам, се развива ново пријателство.
 
Мислам дека поголеми дебили и помалку талентирани од овие „Солзи и смеа“ се немаат појавено досега на нашиве медиуми, тешка мизерија се ликовиве, дури ни вицовите не знаат да ги одработат за да звучат смешно, а не пак нивна лична креативност :tapp:.
 
Кајчо,
како поминува времето се помладо и помладо се чуствувам. Вчера имаше добротворен фестивал и од сите акотивности кај шо можеше да се донира ја со децата суканица појдов да си ставам :facepalm:. :D
 
Некако наидов на стара тема од Драга Кајгана. Точно од пред 10 години. Чудно е, а и воајерски да се читаат исповедите на членови од пред 10 години. Што се случило со многумина од нив? Тогаш имало и доста млади. Созреале? Биле банирани и гневни го напуштиле форумов засекогаш? Им здосадило? Се отселиле и немаат толку слободно време? Се разочарале? Некои, веројатно и не се повеќе меѓу нас. Покрај тоа што е малку воајерски, убаво е чувството да се набљудува нечиво секојдневие во кое и самиот си бил дел (ин)директно. Да се чита за работи кои и тебе ти биле секојдневие, па некои луѓе од нив опишуваат места/настани/состојби кои што и на тебе ти биле секојдневие.

Положив старословенски. Веројатно со 10 или по полски со 5. Утре ќе ги дознаам резултатите, се надевам.

Сфатив дека во градовите повеќе ги сакам обичните маала, простори. Предели кои не се оптеретени од нивната големина, значајност. Таму каде што живеат обичните луѓе, надвор од сите знаменитости. Обични улици, приказни блиски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom