Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да ми пише ПП ако знае фирма што принта маици (за една се работи). Фалааа :)
 
Браво за студентите. Браво за средношколците. Браво и за сите што излегоа за ГТЦ. Колку има за фалење, толку има и за жалење. Рандом муабет денес почнав кој заврши со расправија. Небитно.
Ме прашаа како не сум потресен за ГТЦ ? Пред некој ден искочи видео од Миле паника, као демек Охриѓани не можат да се снајдат у Скопје ако не е ГТЦ. Па зар може некој да се снајде во државата што ја изгубивме?
Сме го губеле ГТЦ, сме го губеле образованието. Да бидеме реални, ние ја изгубивме државата, а јас да се потресувам за ГТЦ. Не ме јеби. Имало многу побитни протести и организации за разлика од референдумот за ГТЦ (Мартин Нешковски, Смилковско, Џафери за министер). Проблемот во државава е што народот воопшто не реагира, или реагира со каснење. Каде беа сите кога се објави Скопје 2014 ? Центарци се бунат за ГТЦ, а центарци со 2 раце потпишуваа да им се реновираат фасадите во БАРОК. Затоа што сме глуп народ, затоа цел живот ќе не ебат како сакаат.
 
Драга моја,

Времево беше за никаде, ама се наоблеков, точакот под мене и на возење :)
Си застанав си напраив вежби и после назад :)Чудно денес не се изморив многу, од утре ќе го зголемам темпото.

Сретнав еден симпатија одамна што го немам видено, изгледаше како многу да се дрогира, ми побара број ама не му дадов, не сакам да имам никаков контакт со него.

Ќе гледам филм и ќе одмарам, ти останими добра и убава ;)
 
Здраво драга, еве ме мене пак после долго отсуство, бев до Грција, до Патра, море, шо убо време аро ама се враќам дома вратот фатен неможам да се завртам никако, ај у 9 саат сабајле мрш у болница, таму гужва, прекуред да влезиш мамата ќе ти ебат бабите надвор, ај чекај саат ипол за да ти препише обична маст за вратот која ја имаш дома, ама па ми пиша 2 оправданија :свиркам:

Сеа одам да гледам Гејм оф Тронс, + и ги почнав книгите (y)(y)
 
Има една тема на форумов се вика ''Ножеви''

секој пат кога ќе го отворам форумов ми е трн у око кој знае за што зборат баш ќе отворам да видам што дискусија вртат
 
Драга ма, двајца административци вработиле и тие средуваат документи за 60.000 граѓани.
Не ме чуди што документиве ги чекам веќе четири години.
 
Драга, членов погоре ме потсети да ти кажам за проблемите што ги имав денес со нашата администрација.
Мислам дека останав единствен во државава што нема здравствена картичка, по втор пат ми ја грешат. Првпат ми до утнаа презимето па морам од поново да поднесувам се, сосема различно ме имаа пишано. Денес идам на шалтер на невработени да си ја подгинам и тој ми вика, а ти кај вработени треба да ја превземеш. Јас како што знам во оваа држава уште немам работено. Идам на другиот шалтер и тој ми го потврди истото. Не можев да си поверувам што се случува. Се објаснував со тоа љочката едно пола сат ама немаше полза, не разбираше и не збореше убаво македонски што не ме и зачуди. И утре со документите во рака и пак аплицирање за да ми ја поправат по втор пат здравствената и најверојатно пак ќе чекам една година.
 
Промашено презиме, tell me about it. Веќе се откажав, не ги ни поправам, да да, така е, куцај ајде.

Денес слободен ден, точачето и на стаза, да смениме малку од трчањето. Многу е подобро да се вози кога нема гужва а поготово кога ги нема тандемине ролерки - точак, фуфата на ролери и капнала после 500 метра па фраерот нејзин ја влече и мораат така паралелно да фаќаат 3/4 од стазата.
Главава ми е хаос, треба да досредам некои работи и си легнувам, капка енергија немам во мене. И во овој момент кога се трудам да останам будна, се прашувам како овие што идат на работа имаат енергија да се бунат за ова кафичиве/кафаниве што имаше предлог да затвораат во 23 или колку и да беше? :eek: Или си ги чешаат на работа или имаат акумулатор вграден во газот, немам друго објаснување.
 
Кеј
То е тој став, да си доволно возрасен да се возиш во ЈСП бесплатно во вторник, петок, сабота, недела, а сепак да не се возиш за да не се мешаш со старите луѓе.
 
Сакате да тестирате нерви.Гледајте ги утре Јанко и Миленко у емисија и издржите да ја изгледате цела.И ова мие последен политички пост драга гледам ептен сум те затрул со нив.
 
Драга

Кажи му на @Misery дека таква ми беше косата до пред 15 дена, пред да си го напраам воа

9mBLVJP.jpg
 
Драга...

Полека се придвижуваме нанапред... Малку ама полека. ЗДРАВЈЕ!
Денес ми беше и најсреќниот и најтажниот ден во животот. Голема радост, голема загуба.
Нека бидат најсрекни, јас ќе бидам така најсреќен...

Кога ќе ја повлечам линијата, плусот оди до бесконечност. Тоа е радоста...



Одиме напред, полека професионално, живи луѓе ќе јадам, ама ќе успеам...


И за крај.
Од последниве 5-6 месеци заклучив дека народната " Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка." е за лузери, и луѓе кои се плашат од порази, и оние кои не се достојни да остваруваат големи победи. Кога еден ден врапчето ќе ви го нема во рака, не одете по друо, ниту чекајте гулаб. Направете тој самиот кај вас да дојде.
ТАКА ЌЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА СТЕ ПОБЕДИЛЕ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom