Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Шупљив живот е шуплив ... како сакаш сврти го ..со таблети или без ..:(
 
Фалбата е рѓа.Само да се пофалам дека денес научив да садам патлиџан и пипер на отворено.Тоа да ти било ептен лесно.
Што сакав друго пред ова да кажам.А ова,кога бев мал и ова го имаше овде во градов,а Скопје беше град. Во средина на минатиот век почнаа да се поставуваат разни автомати по бандерите и пред школите.Ама за овој ваков несте можеби чуле.На некој дрва на кејот имаше автомати за ПАРФЕМ. Тој беше наменет повеќе за младите но и за швалерите.За пет алумински ЈУ динари со едно стискање автоматот прска ПАРФЕМ во лицето или косата во зависност како ќе се наместиш.Нарочно ете тие автомати биле поставени на патеките што водат накај тогашното Џавте корзо или подоцна она Жизик корзо.Еден таков автомат имаше поставено на второто дрво од лимонадџилницата на кејот пред Женската гимназија,односно од левата страна на Еврејското мовче кое тоа време многу се користеше само за пешаци бидеиќи беше дрвено,по кое и јас многу пати сум поминувал,а го снема во големата поплава. Сакате уште.
 
Како по навика секое сабајле, така и ова, веднаш штом се разбудам земам телефонот и отварам инстаграм. Вртам така по сторињата и начекувам девојче што било на журка, имаше 22 сториња ставено. Точно 22. Ај нека и биде. Отворам после тоа фејсбук, глеам таму истото девојче лајв снимала. Добро бе, ти во диско излезена беше или беше задолжена пренос од настанот да вршиш? А да.. И ова. Оној бугарскион обид за песна "Шушана", само во дно од земја како нашата може да стане хит. Ајт чао..
 
Драга,
Аман од покондирени тикви што се замишљаат дека можат да делат морал и памет, а до вчера со палец си брцале у нос :busi:
 
Дали некој го вдоми повредениот гулаб што го имаше објавено Анима мунди на нивната профил страна на фејсбук ова утро?
Птицата од видот "летечки стаорец"...
 
Драга Кајгана,
Пред некое време прочитав една мисла која го дефинира поимот идиот. Па што е идиот?
- Човек кој прави една работа на ист начин, а очекува поразлични резултати.
Колку може една мисла/изрека да ти ја светне сијалицата во глава и да ти направи поинаку да размислуваш, било чудо...
 
Кајчо,
ништо не мразам, но преселби и разделби не поднесувам. Посебно не кога ќе ти се замилат луѓето, местата и се поврзано со тоа.
Бев вљубена и уште сум во се тоа што видов и сретнав таму.
Ќе треба време да се помирам со фактот дека заминувам .. А никогаш не сум била јас таа што заминува.
На Л и Х.К. - Благодарам и никогаш нема да ве заборавам...
 
Драга Кајгана,
она кога одвај го чекаш новиот албум на Каролина, излага, па после тоа го чекаш наредниот и се така... I can't get enough!
 
Значи дефинитивно немам дел од телото на кој нема лузни од повреди, удари од предмети, падови...Imam i na dushata i vo srceto ama tie se nevidilivi meheheheh
 
Кајгано оној момент кога стануваш безнадежен и знаеш не постои ништо друго да направиш или смениш и дека крајот нема да биде поинаков туку ќе биде баш оној од кој се плашиш и сакаш да се одложи колку што може повеќе е тогаш ти останува само ова.
 
И претпоследниот мој другар си оди од земјава... Терминален канцер да фатите сите што ја направивте творевинава приватна фирма.
 
Одведи ме во некоје село на високо под хитно:place:


8afcb6d66b7fc8e466f9aeca15e910ea.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom