Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана, дојде и тој момент. Мега ѕвездата Каролина на голема врата се враќа на сцената. Најавен нов концертен маратон во февруари кој ќе биде промоција на новиот албум Извор.

Одимеееееееееееееееееееееее
 
Имаше една девојка у градов ја вика морковче кажете колку е тоа забавно да ве викат морковче :pos:

Изглеаше као Juno Temple у atonement

Морковче :love:
 
Кога си имаш работа со луѓе кои нешто не знаат, а се на некаква позиција на која треба истото да го знаат, и се на некаква функција, треба уствари да ги жалиш што појма си немаат, и што нашле со тебе да си мерат ташаци. Обично баш тие што не знаат, умираат за да докажат дека се во право. Плус кога постои возрасна разлика, и разлика во моќ, никогаш нема да се потргне таа личност од нејзината состојба на моќ во која он/а е ПО од тебе. Баш она што би ја направило ПО од тебе е да признае дека ТИ си во право. Меѓутоа, он/а мисли дека ако повеќе те издеградира со своите ригидни ставови и/или игнорирање, дека ќе му/ѝ се зацврсти позицијата во која е повеќе од тебе. Со самото тоа што мисли дека треба да мери ташаци со тебе, игри на его да си игра, тоа покажува дека треба да ја жалиш таа личност, што пробува од нејзината позиција на моќ да се споредува со тебе и да се натпреварува. Такви појави ќе имаш многу. И кога ќе отидеш на работно место ќе видиш дека место да ти помогнат како да работите тимски, ќе фатат да си ги мерат со тебе, за да си докажат на себеси дека годините што ви се разлика не им се на нив пропаднати години. Колку помалце ги бива, толку повеќе ќе пробуваат да се докажуваат пред тебе дека ги бива. И тоа треба тебе смешно да ти падне, што некој возрасен пробува да ти се докаже како да е 4то одделение на прва клупа. Најлошо е таква личност да тераш да признае дека не знае нешто. Биди ти поголемата личност и кажи дека не знаеш. Иронично кажи дека го немаш нивното искуство и знаење и дека си сеуште млад. Зошто нив тоа ги боли, твојата младост и ентузијазам за знаење. Што мислиш, нив им дошло до наука и учење?! Нив цел живот им е глумење дека знаат нешто, за да се осеќаат ко да се некој и нешто во општеството. Не им го зимај тоа. Не биди како нив, закован во своето его. Ако стварно вредиш, тоа ќе го забележат тие што треба да го забележат. За исфрустрираните сезнајковци ти секако ќе бидеш младото дете од клупа и сега, и долго време понатака. И никому ништо.
 
Ако некогаш се отселам од тука е заради спомените. Толку многу луѓе знам, толку многу трагедии. Осум години сум ги гледал тие луѓе. Сега некои се отселија, некои не се отселија, а ги нема тука, некои се од таа страна на законот-чувари на законот, а некои се од другата, некои се предозираа, некои имаа страшни несреќи. Знам дека се` е тоа човечки, дека се случува насекаде. Ама, проклетството да познаваш многу луѓе е во тоа да ги знаеш сите нивни трагедии.
 
Ретро расположение, сум пуштил две Полски радија кои свират само музика од 90те, на едното пуштаат најголемите хитови од таа декада, на другото цепаат цело време Eurodance

Поззи4 Кајги


 
Легендата вели дека ќе се случи да се развие некоја health дебата на форумот, а неколку дена после нема да има емисија на тв за тоа, каков копи пејст се телевизииве, тоа е чудо.
 
Ву ву состојба на среќа па сум тука, уствари ме нема ни напуштено. Цела филозофија среќен само затоа што сум среќен, ама ако дојде ситуација да мора да се повреди некој скрши му ги коските. Пештерски алфа мажјак :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, проактивен причинител на нештата, не ефект не нечија кучка, не смеј слабосст да се покажи. И супер е, со самото тоа што си задржав став се чувствувам добро во врска со себеси, убавини ми е ко во рајот викаат којзнае дали е така. Можи и да добро имам одлепено ама барем убаво ми е :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Слушам курс трансформација се вика и ова инструкториве си ги кажуваат животните приказни, како ги искористувале од жени, пријатели, фамилија, да не ти се верува од кое дно дна излегле и што работат сега, вика сите милионери се, кој сака е моногамен кој сака полигамен живот има. Повеќето имаат харем од жени во животот нивни :icon_lol:.
 
Драга,

Денес добив на мејл негативен одговор на апликација за работа. ОК, ништо чудно, сум ги добил доста до сега. Чудното беше тоа што името на компанијата не ми беше познато. А си водам евиденција на сите апликации што сум ги пратил. Барам во апликациите од декември месец, ништо. Барам во октомври, пак ништо. Си викам не е ваљда... Барам во јули месец и го гледам таму името на компанијата :pos:Фала ви на одговорот после пола година, ама ја стварно заборавив дека уопште постоите :lolzz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom