Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК, овие беа едни од најпопуларните позадини за мобилни телефони пред едно 12-13 години :D

Caci u akcija .jpg Mafija.jpg Ne  mi go cepkaj telefonot.jpg

И рингтон midi фајл од...


Евентуално Galvanize, How we do, PIMP, Yeah, Gasolina... :D
 
Добра вечер Кајгана
Како за почеток би сакала да те замолам да резервираш еден бел лист за уште една личност која сака да ги споделува нејзините радости и таги со тебе.
:)
 
Денов можеше да биде и полош Кајги, меѓутоа мали се шансите.

Посебно се влоши кога другарка ми прати видео од времето кога имавме у главата и газевите ни држеа пиење и во некое непознато веце не знам во која дискотека си ги пробуваме гласните жици, па другар влегува, па младоста излегува на виделина.

Среќа имав убава младост, уште поголема среќа што на пола од таа не се сеќавам. Ќе ме утепа носталгија така, кој би живеел така?

Седум лајкови на постов за да станам утре во шест и да трчам во седум.
 
Оставете ги децата да се радуваат на летото.
 
Додека сите зборуваат за жештините, јас си се покривам со ќебенце и мрзнам со јакна надвор. Без гајле, не можев да земам одмор во септември, така да принудена сум да ги трпам жештините и јас во август. Мераци. :(

Него, рандом мисли од вчера... Разговарам со ултра верници кои ме убедуваат дека хомосексуалноста е изопаченост. Луѓево ги познавам лично. Ова со новава вера се рашири како вирус низ цел Велес. Еден куп комунисти, атеисти итн почнаа да веруваат во она што го пишува во новиот завет. Додека размислував на кој начин им го перат мозокот, ми текна како овие луѓе го променија целиот нивни животен стил само поради нешто во кое силно веруваат. Колку една вера може да те направи фанатик и да те натера дури да смениш изглед, па дури да ја смениш и музиката која ја слушаш. Слушаат верски песни по цел ден за господ. Кои идиоти!
Сите овие мисли додека мене во позадина ми одат анархистички револуционерни песни. :icon_lol:
И тогаш се потсетив, никогаш не ги осудувај луѓето.
 
Списите од Апелација не биле доставени во Основен суд, Министерство не доставува списи до Управен суд...

Чиниш документите треба да пропатуваат 3 континенти...
 
За кенкање по летото можам да ги разберам само оние што канцеларијата им е надвор и луѓето мораат да се пржат ко грешни ѓаволи по цел ден. На истите, ни зимата не им е омилено годишно време. Другите, чилнете малце. :D
 
Драга Кајгана,
Кога ќе се сетам каква беше зимава, ептен си го сакам летово, нека не го мрчат:D Само уште да имав базен во двор и уживање ќе беше:)
 
Драга Кајгана,
Мразам кога се вакви жештини. :mad: Човек не може на раат да си поседи без да се испоти.:(
 
кога ги најавија ми се одеше и ја купив картата, сега некако не ми се оди... ама да не ја фрлам картата, памет за друг пат, без избрзување.
 
Конечно се враќам на себе. Се` уште има многу работи што ме потсетуваат на неа(а, иронично-никогаш не се оствари во стварноста). Не можам да слушам некои бендови, не сакам да се потсетувам на некои концерти кои се случиле тука. Тешко ми е кога ќе поминам покрај рекорд, таму требаше да се сретнеме. Ама, ќе биде подобро.
 
Ако сакаш да си ги мачиш комшиите и роднините земи умри во петок , па нека се мачат по погреб во сабота , кажуваат над 40 степени. :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom