Доверба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Моите родители и еден другар , во други немам. Мислам дека не вреди затоа што секој гледа за себе ... ретко во животот ке најдеш некој на кој навистина можеш да му веруваш.:salut:
 
Доколку еднаш се загуби...отиде возот !
-Немам 100% во никого , просечна доверба 47%.
 
100% доверба имам во мајка ми...дури и во татко ми немам.Секогаш чувам резерва бидејки во последно време сите се за корист и не вреде да веруваш во некој а потоа да бидеш повреден...
 
Имам доверба во двајца.:smir:
 
Многу тешко ми оди стекнување доверба во луѓето...има само 3 луѓе на кои им верувам и знам дека можам да им кажам многу работи без да ги откријат.Кога ќе изгубам доверба во некого,се оди во неповрат:toe:
Иначе да се негува довербата,мора за да ја има мора да се негува.А за ова 100% мислам дека никој од нас нема доверба во некого 100%..Барем јас немам.Буквално секој нешто ни има направено нели?барем најмала ситница што не тера да се посомневаме во него.
И секогаш се трудам тие што ми значат да стекнат доверба во мене и да не направам нешто со што ќе ги разочарам и ќе го уништам претходно постигнатото...:toe:
 
Доколку еднаш се загуби...отиде возот !
истото и јас го мислам - тој или таа ги бришам у старт - око нема да ми трепне повеќе за нив.
русите велат единственото нешто кое секогаш е присутно е маскембалот од човечки лицемерија.
 
Доколку еднаш се загуби...отиде возот !
Се согласувам, во потполност.
Јас, ја изгубив довербата скоро во сите. Ми остана уште една личност на којашто ќе можам да и кажам се што мислам, без да се плашам дека тоа ќе излезе.
Исто, како и сите имам доверба во моите дома.
Секој ден, малку по малку губам доверба во секој...Мислам дека на крај, се ќе си чувам само за себе. А и така е најдобро, сооглед на какво време доаѓа, сите се само од корист со некого.
Колку повеќе луѓе запознавам, толку повеќе си го сакам кучето, така гласеше една група на фејсбук. :toe:
 
Ниту имам доверба во некој,нити очекувам некој да има во мене.Таков е сега светот.
 
Будала сум што на сите им верувам ама ете. Што би ми вредел животов ако живеам со заклучено срце? Им верувам на сите и по цена да бидам повредена и секогаш кога ќе завршам повредена си повторувам дека на НИКОЈ не треба да се верува и пак исто и исто.
Како и да е во последно време ми се отвараат очиве малку од малку и си ставам граница до каде да оди довербата кон луѓето околу мене. (особено после матурава некако нагло созреав)

Во животов најголема, целосна доберба имам ВО СЕБЕ, а потоа во мајка ми и никој друг и единствено мајка ми и сама себе не сум се разочарала.:wub:
 
Верував многу во добрите намери на луѓето околу мене и се разочарав ептен.Сеуште кога некој ке ме замоли за услуга или нешто слично нешто во себе ми вели ајде зашто не, можеби стварно му треба помош и ке му се најдам и ке го цени тоа ама кога ке помислам КОЛКУ ПАТИ се имам поебувано хех.....Се обидувам да го победам тоа во себе сеуште.Не верувам многу на секоја работа која ке ми ја кажат тешко е да ме убедиш мене хехе ама многу тешко се справувам во ситуации кога некој бара нешто од мене.Некое глупаво чуство на сигурност дека ја зборуваат вистината пред мене и колку пати и да се излажам и да помогнам некои луѓе како намерно да враќаат со "лошо"(in some way).
 
Доверба ... секогаш викам дека премногу тешка да се добијат, многу лесно да се изгубит, невозможно да се повратит ...
 
Само во еден човек имав целосна доверба, покрај мајка ми, но (еј невозможно, уште еден разочаран копук) тој човек ме научи дека довербата е само џокер кога не сме спремни да се соочиме со вистината заради недостаток од кичма. Сите лажат (еј овој го цитира Хаус, кул wannabe е), а најмногу ги лажеме оние кои ни веруваат. Знаеме дека со сласт ќе го изедат секое срање од нас, па им го сервираме со цел самите да се заштитиме од неудобноста на соочувањето. Довербата ја заработуваме единствено за да можеме да ја трошиме.
 
Можеби сум по малце параноичен, ама не му верувам на никој. Кога, тогаш откако ќе се случи да му поверуваш на некој ќе ти го препне толку гнасно што нема да знаеш од каде дошло. Доверба е нешто што се користи за да дознаеш нешто за одредена личност и после да го столчиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom