"Достава" на Пици

  • Креатор на темата Креатор на темата Tasaxi
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој порачано од Pizza Hot Delivery во Аеродром? Според флаерот и сликите пиците делуваат ептен јаки, со дебело тесто по мој терк :cool:
 
Не туку ти си тврдоглав. Дојди по пп да се договориме јас и ти ќе идеме пред Доминос ќе седиме 2-3 саата, ако во било кој момент имаат зафатено повеќе од 8 моторчиња јас ќе ти купам 10 фамилијарни пици од каде сакаш.
Не знам колку вреди човек да ти напише реферат на темава пошто очигледно упорно не ме разбираш, но ајде. Со ред.

Прво, не сум нит тврдоглав нит пак зборам од памет. Сум работел како доставувач во две пицерии (и не, ниедна од нив не е Доминос) и многу добро ми е познат твојов проблем. Следствено на тоа, пица не сакам ни парче да помирисам а камо ли пак 10 фамилијарни. Како и да е, во твојов облог би изгубил затоа што 1) не ми е верен податокот дека во Доминос работат по 8 доставувачи во една смена и 2) максимум број на користени моторчиња во било кој дел од денот би им бил 5 според мои проценки. Освен ако доставувачите не знаат да гледаат на мапа, а камо ли пак да ги знаат адресите. Тогаш би биле и над 5, но не ми е за верување дека вработуваат такви.
Да разјасниме, се сложувам со тебе дека имаат капацитет да држат повеќе реони. Со тие 3 продавници кои веќе ги имаат отворено, таа бројка на персонал и толку моторчиња можат да доставуваат низ цело Скопје. Без проблеми со каснење на нарачки. Она што тебе те буни е зошто е тоа така. Квалитет на услуга друже. Нешто што останативе пицерии кај нас очигледно никогаш нема да го сфатат. Знаеш што е најлошо нешто кај нас? Инстант да однесеш нарачка или да направиш исклучок за одредена адреса која нималку не влегува во реонот на достава. Ќе се научи така и кога ќе ти се погоди период кога се давиш во нарачки и ќе му речеш ќе мора да почекате 30-40 минути или во моментов не може да се достави нарачката пошто живееш у пичке материне веднаш го менува мислењето за тебе и си бара друга пицерија. Е, тоа е моментот зошто од Доминос не ни помислуваат да ти ја донесат нарачката, макар и платил добра сума за тоа. За разлика од нашиве пицерии кои бараат начин на брзи заработки, од Доминос не сакаат да се замараат со вакви глупости т.е. да нарачаш еднаш и никогаш повеќе туку гледаат да те задржат (има и контра ефект, точно). Колку и да немаат работа, 50 доставувачи да бидат на смена и ниедна нарачка да немаат во моментот кога ти се јавуваш, пак ќе те одбијат. Ќе повторам, во било која пицерија кај нас да се јавиш можеби ќе ти упали ќе си речат ај и така немаме ќора нарачка ќе му однесеме, ама кај Доминос не е возможно тоа затоа што работат според франшиза (читај:примерот со Пивара и Кока Колата). Работава оди до таму што дури и праќаат луѓе да се шеткараат низ реоните во кои не доставуваат, чисто за да видат дали ќе помине некое нивно моторче. Доколку здогледаат, отиде и франшиза и се у курац.
Можеби е точно твоето тврдење дека моментално само кај нас е вака поделено Скопјево, но истово се случувало и низ градовите во Америка. Сигурно преку ноќ не изникнале 50 продавници на Доминос и готово, целосна покриеност има на градот. Не можеш да се пожалиш на нивната достава само затоа што работат како што им е наредено. Споредено со сите останати пицерии низ Скопје, Доминос е светлосни години понапред во поглед на доставата. Убеден сум дека кога ќе овозможат нарачки и за Ѓорче, ти би нарачувал од кај нив, чисто поради тоа што кога ќе се јавиш во Костарика тој дечкото ќе ти рече еј друже имам нарачка за Драчево, ако сакаш за 1 час ќе ти донесам.

Доколку сеуште не ти е јасно зошто Доминос имаат таков принцип на работа (а верувам дека не ти е затоа што постов ни приближно не го доловува моментот зошто не треба да се примаат нарачки надвор од реоните), чим веќе почнавме да се договараме слободно дојди по пп да се договориме јас и ти да одиме во пицерија каде што секојдневно се прават вакви отстапки да видиш што се случува. Ќе оставам сам да си го донесеш заклучокот дали е правилно така да се работи или како што работат Доминос.
 
Само да се надоврзам дека Доминос имаат формула по која се пресметува радиусот на достава, која ја вклучува максималната определна брзина на движење на скутерот и времето потребно за чекање на семафор.
 
Има некој порачано од Pizza Hot Delivery во Аеродром? Според флаерот и сликите пиците делуваат ептен јаки, со дебело тесто по мој терк :cool:

Добра е + даваат со фамилијарна 0.5 Каменица или 1Л Пепси.

Иако се од Аеродром носат и накај Капиштец.

Моја препорака - Капреза.
 
Мама итаљана кај грчка амбасада по мој вкус најдобар избор за достава.
 
Koj naracuva od Gorce slobodne da se javi vo Bastion Pempele deckite nosat bez problem dostava e 30den posledniot pat ne mi naplatija neznam zasto ama rekoa za 30 min i stvarno za 30 min bea pred vlez i picata e edna od najdobrite
 
Е кога ќе ми текне за цревените ренолчиња на делфуфо.

Порачувате 10тина,ви ги носат дома а другата група надвор и сама се послужува.
Си оди реното другата група се качува во станот и си правите гозба со 20-30 пици.

После тоа ги сменија со црвени југовци 45 а багажникот автоматски им се заклучуваше
 
Добра е + даваат со фамилијарна 0.5 Каменица или 1Л Пепси.

Иако се од Аеродром носат и накај Капиштец.

Моја препорака - Капреза.

Имаат пицерија и на кружниот кај Католичка црква, затоа носат и на другиов дел од Скопје ;)
 
Добра е + даваат со фамилијарна 0.5 Каменица или 1Л Пепси.

Иако се од Аеродром носат и накај Капиштец.

Моја препорака - Капреза.

Веќе доставата не им е така бесплатна, нека си ги чуваат пиците. Не сум им јас крив што земале локал уџум за пониска кирија. Мене веќе не ме гледаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom