Домашно виски?

  • Креатор на темата Креатор на темата MrRossi1997
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
Возраст
28
Здраво мој мили кајгаџии можете ли да ми помогнете. Сакам да правам домашно виски гледам нешто на youtube но не е тоа тоа значи ако има некој правено ке го замолам детално да ми објасни како да направам и јас домашно виски.
 
Ако мислиш дека ќе добиеш некој вкус на балантајн или слични не се надевај. Ако купуваш од странство квасец и останати намирници, подобро отиди си у веро-тинекс и купи си од рафт 1Л виски, исто ќе те кошта а домашното ќе биде со ужасен квалитет и вкус.
Зимоска си играв со правење алкохоли и направив поголема количина некаде околу 40 литри 18% алкохол од шеќер. Сега сезоната за ферментирање не е затоа што треба да ферментира на максимум 23 степени а ако качи температурата ќе прави многу лош вкус налик на ацетон.
 
не се замарај многу многу , поубо купи си :icon_lol:
Домашно(македонско) виски = Ракија :)
 
Учи,дете учи и само учи. И заврши за доктор специјалист или професор универзитетски.А домашно виски само ќе ти иде.
 
И тоа годишно по 10-тина, ако не и повеќе :)
 
Здраво мој мили кајгаџии можете ли да ми помогнете. Сакам да правам домашно виски гледам нешто на youtube но не е тоа тоа значи ако има некој правено ке го замолам детално да ми објасни како да направам и јас домашно виски.

Ова не се објаснува накратко.
На ниеден форум никој нема да ти одржи бесплатен курс за ваква работа, најмалку тука. Иди на специјализирани форуми и читај, учи.
Да не те обесхрабрувам, ама многу тешко за состојки да се снајдеш... посебно за слад. Не дека е невозножно, туку нели треба да е и исплатливо.

Инаку имаме еден форумџија што прави пиво и виски, ама ќе оставам сам да се јави ако сака... (а нешто е и неактивен). Пивото му го иам пробано, вискито уште не. ;)
 
Малце е баниран на неопределено:(
 
Најефтина варијанта е квасец 400 ден за 500 литри, храна за квасец 200 ден за 300 литри и шеќер, со дестилација ќе добиеш ефтина водка. Нешто слично како во бугарија кога продаваа литро за 3 лева.
 
Здраво мој мили кајгаџии можете ли да ми помогнете. Сакам да правам домашно виски гледам нешто на youtube но не е тоа тоа значи ако има некој правено ке го замолам детално да ми објасни како да направам и јас домашно виски.
Земи литро ракија 55 степени стави 40 цели зрна кафе во шишето и превртувај го секој трети ден два месеци, ете ти виски.
 
Да точно со ферментација на шекер, и потоа дестилација ке добиеш алкохолен пијалок, познат како брзосмртка :)
 
Најефтина варијанта е квасец 400 ден за 500 литри, храна за квасец 200 ден за 300 литри и шеќер, со дестилација ќе добиеш ефтина водка. Нешто слично како во бугарија кога продаваа литро за 3 лева.
Пак трескаш глупости ?
Зашо бе, шо туку се бламираш ?
Здраво мој мили кајгаџии можете ли да ми помогнете. Сакам да правам домашно виски гледам нешто на youtube но не е тоа тоа значи ако има некој правено ке го замолам детално да ми објасни како да направам и јас домашно виски.
По форуми моеш да добиеш вакви совети како од дотичниов, слушнал не дослушнал прочитал неразбрал и воала експерт.
 
Најефтина варијанта е квасец 400 ден за 500 литри, храна за квасец 200 ден за 300 литри и шеќер, со дестилација ќе добиеш ефтина водка. Нешто слично како во бугарија кога продаваа литро за 3 лева.

Муншајн? Јас па мислев за виски зборува... :)
 
Пак трескаш глупости ?
Зашо бе, шо туку се бламираш ?

По форуми моеш да добиеш вакви совети како од дотичниов, слушнал не дослушнал прочитал неразбрал и воала експерт.
Јее конечно се јави иако под друго име сепак се знаеме многу добро зошто си многу познат. ;)[DOUBLEPOST=1403208876][/DOUBLEPOST]
Муншајн? Јас па мислев за виски зборува... :)
После се додаваат додатоци за виски или се чува во буре неколку години...
 
Последно уредено:
После се додаваат додатоци за виски или се чува во буре неколку години...

Пак ќе биде муншајн. :)
Се знае виски што е, дестилат од ферментиран слад.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom