Dom za stari lica - da ili ne

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
--
EDNO TESKO PRASANJE ZA DISKUSUJA, na taa vozrast sme(nie rodeni cetrdeset i neke) koga nekoj od nas,odnosno poveketo ili taka bilo pisano ostanuvaat sami,zatoa sto drugiot otisol, nekoj taka si prodolzuvat sami vo toa zaednicko minato mesto na ziveenje stan ili kuka, a nekoj pak so pomladata familija kade i bile,ama eden den slusas od svoeto cedo,-----
- Razmislivme deka e najdobro i za tebe da te nosime vo DOM.
I sto ponatamu,kako ke reagirate,sto bi prezele,prifakate ili ne.
Pa toj DOM e bas za taa namena, za tebe,za mene za nas.
---
ovaa tema ja otvoriv na drugo mesto kade site clenovi se nesto postari i od mene i imase prviot den stotina komentari eve nekoj.

--DALI KOGA SE RAGAVME NASITE RODITELI NE DADOA DRUGI DA NE CUVAAT...ova e eden odgovor na ova prasanje.Vo Germanija Stareckite domovi se kako "Hotel so 5 svezdicki"
--Vo Germanija Stareckite domovi se kako "Hotel so 5 svezdicki"
--, g-gjo ni hotel so nebo zvezdi nema da ti go stopli srceto kako racete na vnucinjata. Tamu ke bides SAMA
--------------
sto mislite vie mladite za ova prasanje, sto so vasite roditeli koga veke ke nemozat sami da si pomagaat i im trba tuga pomos,kako ke go resite toa prasanje.
(edno ubistvo mi dade ideja za ovaa tema)

------- А дали вие ги прашавте вашите деца дали сакале да ги створите.Сами сме одлучиле да ги створиме.Зарем треба да им го загорчиме животот за да бидат должни да не чуваат неподвижни и склеротични..Па што ако сме родители ,жално е да се малтретираат и покрај нивните проблеми.
----- jas moite deca ne gi rodiv za da me chuvaat vo starost tuku da im se raduvam dodeka se mali, da se raduvam na nivnite uspesi ,da se raduvam sto vo ova ludo vreme
--------------
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.424
Поени од реакции
3.673
ДОМ е за тие старци кои не успеале во животот да му го научат на своето дете најважното дека не е се во материалното, и за тие кои своите деца ги направиле себични сушества.

И татко ми имаше старци, но тој не само што ги чуваше и им беше блиску до последниот ден, туку и нас ни даде воспитување дека стариот треба да се сака и да се негува во максимум, кај него не постоеше зборот ДОМ.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Мислењево ти е погрешно на толку многу нивоа што не би трошел толку време за да ти го дискредитирам.

Стај се у кожа на комшикава, со месеци цел ден како се мачи со мајка и 90 годишна.
Секој ебан ден слушам врескања пцуења и што све не.
Скратен и е животот на комшикава за којзнае колку години.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.933
Поени од реакции
17.644
И да и не, зависи од ситуација. Иако од што се знам каков инат сум колку и да имам мака не би ги однел моите во дом и сум против тоа но као што вика Анон животот се скратува, имаа моите некои ситни проблеми пред да починат баба и дедо но сум гледал примери и кај други, реално во денешново модерно робовладетлско време, коа си прегазен на работа и знаеш дека коа идеш дома те очекува пак пекол...
А од друга страна, со редновни посети и грижа и љубов за нив, кога се во критична ситуација и се мачат секако дека и на старите ќе им биде полесно.

А ако нема здраствена причина, од типот старците да се ок и да бидат испратени во дом, против тоа сум и секогаш ќе бидам. Поради тоа што не живеам често со нив во последните 3 години знам како е да не си со нив и реално би ми било жал кога ќе се стари да не живеат со мене, да се радуваат на последните години од животот со внуци и се што носи тоа време.

Со Анон конечно пак се согласуваме во нешто, заборавив само што беше последен пат.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.424
Поени од реакции
3.673
Мислењево ти е погрешно на толку многу нивоа што не би трошел толку време за да ти го дискредитирам.

Стај се у кожа на комшикава, со месеци цел ден како се мачи со мајка и 90 годишна.
Секој ебан ден слушам врескања пцуења и што све не.
Скратен и е животот на комшикава за којзнае колку години.
Очигледно чичко ти имаш проблем или ти е мака што те напуштиле твоите па сеа ќе бараме оправдувања и ќе дискредитираш туѓо мислење, не оди така чичко Анчо.

Што ќе се стаам на кожата на рандом комшивка која никад у живот не сум ја сретнал, јас сум бил сведок на својот сопствен татко, кој беше со своите родители до последниот здив, и знам многу добро што пишувам. Јас од него сум земал пример како треба со стари лица, тоа беше школо за мене.

И едно ќе ти кажам, ништо материјално во овој живот нема да ме натера да се откажам од нив, па макар тоа се одрази и по моето сопствено здравје. Јас сум воспитан да не бидам себичен човек, и да се борам за фамилијата, а за мене фамилјата не е само жената и децата, туку и мајката и таткото тие истите кои од своја уста ќе извадеа да ни дадат нас децава, ако што сега сум се женил и имам два прекрасни деца.

пс. На мојата жена уште на почеток и имам дадено до знаење дека кога се работи за моите родители, тие се мојата најголема слаба точка и дека воопшто да не проба да го става носот на таа конекција. Затоа и немам јас проблем денеска, бидејќи знам дека најчесто жената е таа која проба да го одалечи мажот од своите за да живеат сами со децата во станче...

На крајот на краиштата старата поговорка најдобро го опишува овој феномен „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625

Шо прајме ако твоите деца еден ден сакаат да се остварат едното во Шкотска, другото во Калифорнија, ти ги воспитуваш да не ни помислат да живеат подалеку од тебе бидејќи следствено на твоето размислување и ти очекуваш они да ти менуваат пелени на стари години? Деца што ги чуваат родителите повеќето итекако се материјалисти, очекуваат наследство, родителите пак фраерски го играат тој момент со распределба на имотот после нивна смрт. Ако си реален и зирнеш околу себе 90% ја играат таа игра, браќа сестри се раскаруваат за тоа наследство, запишуваат кој повеќе обрнал внимание на старите па треба да земе поголемо парче.
На запад имотот си го чуваат како влог и покритие за старечки дом а децата си бркаат работа и сами стекнуваа, со тоа имаат поздрав однос за разлика од нас. Неспособноста на родителите да си ги пуштат децата во осветот, да прифатат дека сега тие имаат свои фамилии кои треба да се побитни од нив е можеби најголемата себичност и најголемиот грев. Еден ден ќе го увидиш тоа, жената отсекогаш имала проблем со незрелоста на мажот, оправдано. Ако живеете со старите, вашите проблеми допрва доаѓаат, можеби си чесен исклучок, ако си тогаш си првиот кој го имам сретнато да живее во хармонија со мама, тато, жена и деца.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
461
Поени од реакции
377
Проблемот лежи во погрешната замисла /претстава за тоа што е старечки дом.
Ние на балканот го гледаме како начин на оттарасување од родители/баби/дедовци, оти за жал и над 30 сеуште живееме со истите.
Ама старечки дом може да биде и нешто како продолжена екскурзија и шанса за на твојот 80 годишен сингл татко/дедо да му се
насмевне среќата барем уште еднаш во животот ;)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058

Не мора да значи, освен ако не судиш по себе.

Мајка ми, која била во најголем дел од животот самохрана мајка и се што стекнала како пари и имот го стекнала сама без ничија помош, се грижеше за мојата баба до скоро 90 та година од нејзиниот живот кога почина. Од баба ми и дедо ми не доби буквално ништо, се доби вујко ми кој неќеше да ги види неговите родители, но тоа беше желбата на дедо ми, наследството да му припадне на оној кој ќе му го наследи презимето и ќе му ја продолжи лозата. :)

Едно прашање само. Доколку твојот родител/родители не се во состојба да се грижат сами за себе, нема кој друг, а ти можеш да го направиш тоа. Дали би си го остварувал сонот за живот во Шкотска/Калифорнија и би ги пратил во дом? Чисто од љубопитност прашувам, ништо лично, нит па сакам да судам.
Автоматски споено мислење:

Проблемот лежи во погрешната замисла /претстава за тоа што е старечки дом.
Ние на балканот го гледаме како начин на оттарасување од родители/баби/дедовци, оти за жал и над 30 сеуште живееме со истите.
Ама старечки дом може да биде и нешто како продолжена екскурзија и шанса за на твојот 80 годишен сингл татко/дедо да му се
насмевне среќата барем уште еднаш во животот ;)
Не секој може да си дозволи старечки дом со цени над 500 евра месечно. Друга поевтина опција ти е Геријатрија и интензивна на Геријатрија каде праќаат дементни случаи. Треба да поминеш некогаш да видиш колку е језиво.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Јас од него сум земал пример како треба со стари лица, тоа беше школо за мене.
Лош пример си зел.
пс. На мојата жена уште на почеток и имам дадено до знаење дека кога се работи за моите родители, тие се мојата најголема слаба точка и дека воопшто да не проба да го става носот на таа конекција. Затоа и немам јас проблем денеска, бидејќи знам дека најчесто жената е таа која проба да го одалечи мажот од своите за да живеат сами со децата во станче...

На крајот на краиштата старата поговорка најдобро го опишува овој феномен „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“.
Ти претстои еден тежок живот, реално, на тебе а и на жена ти, која се надевам ќе се опамети и ќе го направи правилниот чекор.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Не мора да значи, освен ако не судиш по себе.

Мајка ми, која била во најголем дел од животот самохрана мајка и се што стекнала како пари и имот го стекнала сама без ничија помош, се грижеше за мојата баба до скоро 90 та година од нејзиниот живот кога почина. Од баба ми и дедо ми не доби буквално ништо, се доби вујко ми кој неќеше да ги види неговите родители, но тоа беше желбата на дедо ми, наследството да му припадне на оној кој ќе му го наследи презимето и ќе му ја продолжи лозата.
Кажав 90%, биди реален остај ја мајка ти, гледај статистички.

Едно прашање само. Доколку твојот родител/родители не се во состојба да се грижат сами за себе, нема кој друг, а ти можеш да го направиш тоа. Дали би си го остварувал сонот за живот во Шкотска/Калифорнија и би ги пратил во дом? Чисто од љубопитност прашувам, ништо лично, нит па сакам да судам.
Го решавам на следниот начин, им го продавам имотот, им ги ставам парите на нивна сметка, им изнајмувам стан или куќичка + ангажирам негователка, со парите од имотот има се тоа да се покрие, ова во услови кога кај нас сеуште не постојат ала хотел со базен старечки домови, инаку такви би биле идеална опција која ја посакувам за себе еден ден. Јас од Шкотска нема да има потреба ни денар ни евро да пратам. Но останува горкиот проблем, што ќе кажат комшиите.
500 еуро не е скапо, се што треба е ти да се откажеш од наследство, дали можеш?
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
461
Поени од реакции
377
Не секој може да си дозволи старечки дом со цени над 500 евра месечно. Друга поевтина опција ти е Геријатрија и интензивна на Геријатрија каде праќаат дементни случаи. Треба да поминеш некогаш да видиш колку е језиво.
Точно дека 500 евра месечно е превисока цена.
Баба ти зема 150/200 евра пензија.
Куќата што ја направиле со дедо ти, во којашто живееш и во просек да вреди 50 000 евра.
50 000 / 500 = 100
100 / 12 = 8.3
Што значи дека бабата во Македонија бабата може да си дозволи 8 години во старечки дом со месечен џепарац од 200 евра.

Како што реков самата замисла за старечки дом е погрешна кај нас.
Она што е потребно е населба/комуна/ град(Дојран) со гарсоњери со месечно рентање од 100/150евра, плус 100че за храна и 100 за организирани активности.
Имаш пристап до лекар оти си плаќал цел живот здравствено.
50000/300 = 166.6
166.6/12 = 13.8
Што значи дека со заштедените 50 000 од имот и 200 од пензија,
пензионер може среќно да живее околу 14 години а после тие 14 или да си умре или да се
обиде да преживее со 2/3 од она што му е потребно што е слично нешто што нормален човек во Модерна Ретардонија
го прави од 20 до 60 :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058
Кажав 90%, биди реален остај ја мајка ти, гледај статистички.

Го решавам на следниот начин, им го продавам имотот, им ги ставам парите на нивна сметка, им изнајмувам стан или куќичка + ангажирам негователка, со парите од имотот има се тоа да се покрие, ова во услови кога кај нас сеуште не постојат ала хотел со базен старечки домови, инаку такви би биле идеална опција која ја посакувам за себе еден ден. Јас од Шкотска нема да има потреба ни денар ни евро да пратам. Но останува горкиот проблем, што ќе кажат комшиите.
500 еуро не е скапо, се што треба е ти да се откажеш од наследство, дали можеш?
Све лесно се решава на муабет. И тоа мора да е некој јак имот што ќе покрие години и години негувателки и старечки домови, али битно ти глеј евро да не пратиш. :)

Реков минимум 500 евра, како најевтина опција, ова ти зборам за период од некаде 2013 та година. Најчести цени беа од 700 до 1000 евра.

Пријатељу, немам ништо добиено ни од баби ни од дедовци и од двете страни. И од двете страни се откажав од се само да не слушам пререкувања. Единец сум јас и се што имам да наследам е стекнато од мајка ми, жената има скоро 70 години ама сака да работи уште, плус и пензија зема, ама еве ја и ги плаќам сметките тековни пошто она си штеди за црни денови, гробно место итн. :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Точно дека 500 евра месечно е превисока цена.
Баба ти зема 150/200 евра пензија.
Куќата што ја направиле со дедо ти, во којашто живееш и во просек да вреди 50 000 евра.
50 000 / 500 = 100
100 / 12 = 8.3
Што значи дека бабата во Македонија бабата може да си дозволи 8 години во старечки дом со месечен џепарац од 200 евра.

Како што реков самата замисла за старечки дом е погрешна кај нас.
Она што е потребно е населба/комуна/ град(Дојран) со гарсоњери со месечно рентање од 100/150евра, плус 100че за храна и 100 за организирани активности.
Имаш пристап до лекар оти си плаќал цел живот здравствено.
50000/300 = 166.6
166.6/12 = 13.8
Што значи дека со заштедените 50 000 од имот и 200 од пензија,
пензионер може среќно да живее околу 14 години а после тие 14 или да си умре или да се
обиде да преживее со 2/3 од она што му е потребно што е слично нешто што нормален човек во Модерна Ретардонија
го прави од 20 до 60 :)
Во математиката треба да се факторира животен век од момент на неспособност да се грижи за себе до смрт, отприлика волку години им давам. Дедо ми се грижеше са себе до 90 па немаше потреба од домови.
Све лесно се решава на муабет. И тоа мора да е некој јак имот што ќе покрие години и години негувателки и старечки домови, али битно ти глеј евро да не пратиш. :)

Реков минимум 500 евра, како најевтина опција, ова ти зборам за период од некаде 2013 та година. Најчести цени беа од 700 до 1000 евра.

Пријатељу, немам ништо добиено ни од баби ни од дедовци и од двете страни. И од двете страни се откажав од се само да не слушам пререкувања. Единец сум јас и се што имам да наследам е стекнато од мајка ми, жената има скоро 70 години ама сака да работи уште, плус и пензија зема, ама еве ја и ги плаќам сметките тековни пошто она си штеди за црни денови, гробно место итн. :)
Браво за мајка ти што сама стекнала, и ја ко тебе се откажав од имотот. Но мајка ти има свој стекнат имот? Дека тогаш она е покриена за црни дани, под претпоставка ти да не очекуваш да и го наследиш? А ја од Шкотска шо не им праќам пари е од шо нема потреба дури за разлика од тебе и повеќе пари сум им дал, имотот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058
Во математиката треба да се факторира животен век од момент на неспособност да се грижи за себе до смрт, отприлика волку години им давам. Дедо ми се грижеше са себе до 90 па немаше потреба од домови.

Браво за мајка ти што сама стекнала, и ја ко тебе се откажав од имотот. Но мајка ти има свој стекнат имот? Дека тогаш она е покриена за црни дани, под претпоставка ти да не очекуваш да и го наследиш? А ја од Шкотска шо не им праќам пари е од шо нема потреба дури за разлика од тебе и повеќе пари сум им дал, имотот.
Шо ќе праат со вишокот, у гроб ќе го земат? :)

Друг е муабетот. Кога станува збор за родители и деца, не можеш работите само низ призма на цифри да ги гледаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom