Dolphin - Wii емулатор

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Локација
Скопје
По излегување на емулаторите за PlayStation 1 (ePSXe) и PlayStation 2 (PCSX2) кои се покажаа како доста успешни со тоа што можевме да играме било која игра од овие две конзоли на нашите компјутери, конечно успешно се емулираше и доста познатата конзола од Nintendo, Nintendo Wii!
Wii-то беше за првпат пуштено во продажба на 19 ноември 2006 година, и досега има продадено околу 70.93 милиони конзоли (до 31 март 2010) што ја прави оваа конзола по продавана дури и од PlayStation 3 која досега во продажба има пуштено 35.7 милиони конзоли (до 31 март 2010) и од XBOX 360 која досега има продадено околу 40 милиони конзоли (до 23 април 2010).

Тешко е да се поверува но сега сме во можност да ги играме истите игри кои изгледаат толку забавно на оваа конзола, но на нашите компјутери!
Емулаторот работи на тој начин што WiiMote-от и Nunchuk-от се емулирани во нашите тастатура и маус!

dolphinlogo.png


Дечките од Dolphin се задолжени за оваа работа, едно големо УРА! за нив :)
Поточно емулаторов е пуштен во употреба уште истата година кога искочи и конзолата, но тогаш имаше многу проблеми при играњето, како и при конфигурирањето а и стабилноста. Финалната верзија излезе на 12 април годинава, Dolphin 2.0.
Еден голем плус за емулаторов е тоа што не одзема многу време за конфигурирање на сетинзите како што беше кај PlayStation 1 и PlayStation 2 емулаторите, овде е многу по лесно. Ми требаа околу 30-60 минути за да го конфигурирам успешно. За да ја симнете последната верзија кликнете овде. Моментално емулаторот е достапен за оперативните системи Windows и Linux. За да го конфигурирате успешно емулаторот кликнете тука. Дечкото многу убаво објаснил како да го средите емулаторот за кратко време. Читајте добро, следете ги инструкциите и за многу кратко време ќе играте. Доколку имате било какви проблеми како Plugin недостатоци кликнете тука и прочитајте ги „важните“ (important) теми. Доколку имате некое прашање, проблеми во врска со емулаторот отворете тема во истиот подфорум. За тоа како да ги средите roll & pitch контролите од WiiMote-от кликнете тука. Да нема забуни, за оваа опција ви треба вистински WiiMote. Исто така, за емулаторов ви треба прилично брз процесор, па ако сте уште на Пентиум 4-ка, односно едно јадрен(single-core) процесор, не ни го пробувајте емулаторов. Ви треба Core 2 Duo со најмалце 1.5 - 2.0 GHz / Athlon 64 X2(5200+ или подобар).

Како и секој емулатор, така и овој си има свои минуси. Првиот минус е тоа што додатокот за WiiMote-от, Wii MotionPlus-от сеуште не е емулиран што значи дека нема да можете да ги играте игрите што го бараат овој додаток (пример, Wii Sports Resort, Wii Sports). Добрите вести се тоа што јас контактирав со дечките од Dolphin и дознав дека емулирањето на Wii MotionPlus-от е во тек, но сеуште неможат да кажат кога ќе биде завршено и кога ќе биде пуштено во употреба. Со ова би имале тотална, 100% забава! Следен, но и последен минус е тоа што отприлика за секоја игра да работи беспрекорно, треба различно да се конфигурира емулаторот, што, да признаам, е малце сјебано. Но, и овде има решение, без секиранции :) Дечките од Dolphin не биле мрзливи, па направиле огромна листа на игри кои ги поддржува емулаторот, па дури и теми за секоја игра поединечно кои содржат слики за тоа кои опции и како треба да ги конфигурирате во сетинзите на емулаторот за играта да работи беспрекорно. Еве и линк до таа тема.

Игрите може да ги спуштате од торенти, секако, али гледајте да се во PAL бидејќи за овој формат сум сигурен дека е поддржан од емулаторот, за други незнам. Ако прочитате нешто во врска со ова, пишете овде.

Ако имате некаков проблем, пишете, ќе пробам да ви помогнам.

Инаку, ова нека биде и официјална тема за дискусија за Nintendo Wii. Дали поседувате, дали сте задоволни од тоа што ви го нуди оваа конзола, дали вреди за парите, што им препорачувате на оние кои сеуште ја немаат оваа конзола и слично.

nintendo_wii_1.jpg
 
јас на пц го имам и емулаторот за Xbox =)
 
Морееее..... денеска баш читав за ова за да ја пробам Марио Галакси 2.
 
хах.. ај бе кажи како се викат емулаторот..

Иначе еве линк за емулаторов кој сакат..
http://www.emulator-zone.com/doc.php/gamecube/dolphin.html

За Xbox имаш 2 емулатора, Cxbx и Xeon, но на кој му е гајле за нив? Да не сака некој да игра игри од 2001?
Инаку за емулаторов, мислам дека нема да има напредок во иднина, барем не за оние како нас, кои очекуваат на готово. Ќе мора сите да најмиме нанчак и виимоут, и како што кажаа на форумот САМО ОРИГИНАЛИ.
 
Ако работи ова мора да ја пробам марио галакси ги собира сите 10-ки кај стигна.
 
хах.. ај бе кажи како се викат емулаторот..

Иначе еве линк за емулаторов кој сакат..
http://www.emulator-zone.com/doc.php/gamecube/dolphin.html

Да го прочиташе она што го напишав погоре ќе видеше дека иам ставено линк од најновата 2.0 верзија, башка тоа дечките од Dolphin не препорачуваат симнување на нивни производи од други страни.
За Xbox имаш 2 емулатора, Cxbx и Xeon, но на кој му е гајле за нив? Да не сака некој да игра игри од 2001?
Инаку за емулаторов, мислам дека нема да има напредок во иднина, барем не за оние како нас, кои очекуваат на готово. Ќе мора сите да најмиме нанчак и виимоут, и како што кажаа на форумот САМО ОРИГИНАЛИ.

Ми рекоа дека работат на емулирање на Wii MotionPlus-от, али незнаат кога ќе завршат и кога ќе биде пуштено во употреба. Инаку, да, ако си зееме оригинали nunchuk и WiiMote ќе можеме да играме на мониторите, али не е филингот тоа. Ако веќе земаш оригинали моут и нанчак, ќе си земеш и Wii :)
Ако работи ова мора да ја пробам марио галакси ги собира сите 10-ки кај стигна.

Да, можеш да ја играш, ја има во листата на поддржани игри од емулаторот. Во оваа тема можеш да видиш како правилно да го конфигурираш емулаторот за да ја играш (сликите).
 
Бара јака конфигурација на пц за да се игра или?
 
Бара јака конфигурација на пц за да се игра или?

Кажав погоре, најбитен е процесорот. Треба да имаш Core 2 Duo со најмалце 1.5 - 2.0 GHz. Другите компоненти не се многу битни, затоа не ни ги спомнуваат никаде.
 
Некој да не проал со WiiMote читав ама не до разбрав дали треба да се има IR за да се играат игрите.... и не сватив пошто има на eBay да се земат како USB IR и кинески контролер па за на компјутер за 20$ добиваш nintendo wii ..
 
Некој да не проал со WiiMote читав ама не до разбрав дали треба да се има IR за да се играат игрите.... и не сватив пошто има на eBay да се земат како USB IR и кинески контролер па за на компјутер за 20$ добиваш nintendo wii ..
Ако го препознава како официјален производ преку емулаторот ќе можеш да играш, мада не верувам.
Иначе имаш и доста кракнати игрици за емулаторот, пр. сите верзии на Супер Марио.
 
Супер е емулаторов ја пробав Just Dance со некоја Делфин апликација за андроидец онака е суппер гледав дека може и со nunchuk и со motion е сеа не сватив што е финтава со IR сензорот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom