Да, но да почнеме од почеток, кога Земјата била вжештена маса и постепено се ладела, понатаму сум ги заборавил биохемиските процеси како одеа - мравја киселина, Гибсонова енергија... но не е битно. Значи природата (која е несвесна нели) создава полека полека живот, прво најпримитивен а полека но сигурно се доаѓа до свесниот човек кој што е на највисокото еволутивно место. Природата е сепак многу паметна, знаела да створи и машки и женски битија, и тоа машките да имаат машки полов орган а жените женски полов орган. Зошто не направила обратно, посилниот пол да има женски полов орган и обратно? Бидејќи имала и осет, и визија веројатно, дека тоа не би била многу вкусна шега за човештвото... Ехх... хехехех... Еволуција без ум ми изгледа како процес на растење на мало бебе, без родител и старател воопшто, можно ли е тоа. Има нешто повеќе во таа природа...