Договор за вработување

  • Креатор на темата Креатор на темата Photoro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 септември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Возраст
34
Здраво на сите,

Потребна ми е мала помош.

Веќе 10 дена работам во продавница... Газдите ме пријавија во труд како вработен, а дури денеска стигна договорот за работа кој е малку матен.

Потребнен ми е совет дали имам право да НЕ го потпишам договорот и да излезам од фирмата, иако веке 7 дена сум пријавен како вработен?

Благодарам,
 
Што пишува во него па ти изгледа така?
 
Тоа што стигнал покасно не е проблем, мене исто после една недела ми стигна за потпишуавње. Имаш право, даваш отказ и тоа е тоа. Но што е тоа што ти е мутно? Пиши ни тука (ако сакаш) па да прочитаме..
 
Изгледа не му се работи. :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Матни се сите, скоро и да нема фирма која нема скроено договор со кој во секој случај е заебан вработениот.
Прашањето е колку се умешни, дали седнал некој дибек да го составува и тресел глупости (тој може што сака да си напише, ако не е во склоп со закон за работни односи не може да те гони), или навистина се искористени дупките во законите од професионалец и ќе бидеш навистина квалитетно заебан.
 
Така е!
Паметен работодавач ангажира адвокат за да му го состави договорот за вработување, наивен работодавач сам го составува договорот за вработување, и после друг му е крив кога работникот ќе добие на суд.
Додека, паметен работник оди кај адвокат пред да потпише договор за вработување, наивен работник потпишува на своја глава, и после друг му е крив што го заебале.
Од лична пракса секогаш странките со ваков вид на проблеми велат, подобро да дадев на времето 60 евра, отколку сега да дадам 600 евра за трошоци...
Тоа е тоа...
 
Потребнен ми е совет дали имам право да НЕ го потпишам договорот и да излезам од фирмата, иако веке 7 дена сум пријавен како вработен?
Ти можеш кога сакаш да заминеш, без оглед дали имаш потпишано договор или не. Ама после тие може да те одјават со некој член со кој можеш да загубиш некакви привилегии во Агенцијата за вработување. Не дека е тоа којзнае што, ама на пример, ако те одјават со незаснован работен однос, или недоаѓање 3 последователни дена на работа, ако ти следува паричен надоместок од АВРМ (со оглед дека ти си работел само 7 дена, не ти следува, ама ова го кажувам како пример само), го губиш правото за него. Најубаво е да си напишеш изјава, или да направите некаква спогодба и да те одјават со член 69 или 71 од ЗРО. Ама ти си знаеш најубаво.
 
Така е!
Паметен работодавач ангажира адвокат за да му го состави договорот за вработување, наивен работодавач сам го составува договорот за вработување, и после друг му е крив кога работникот ќе добие на суд.
Додека, паметен работник оди кај адвокат пред да потпише договор за вработување, наивен работник потпишува на своја глава, и после друг му е крив што го заебале.
Од лична пракса секогаш странките со ваков вид на проблеми велат, подобро да дадев на времето 60 евра, отколку сега да дадам 600 евра за трошоци...
Тоа е тоа...
Па има и паметни работодавачи кои на работниците не им ни даваат да го прочитаат договорот, немаат друг избор и потпишуваат.
 
А ќе може да споделиш што од наведеното е матно освен ако сам не сакаш? Зошто колку и да има багра работодавачи, имам посведочено на примери каде што работник веќе примен на работа, се буни за кодексот на облекување и казни ако не се почитувал (да речеме во Нептун нели сите се со фармерки/пантолони и плава маица), причина: тоа не и/му било стилот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom