Додавање локации на мапата на Navteq за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Navteq компанијата која се занимава со подготвување на мапи за GPS уреди за навигација(Garmin и сл) и мобилни сервиси за геолокација(Nokia Maps,Bing Maps итн) ја отвори мапата за Македонија за додавање на таканаречените POI или Point of Interest.Во принцип сите улици се додадени на мапата и единствен дел што недостасува е додавање на точки на интерес на мапата пример знаменитости,болници,полиција,трговски центри и слично.Доколку секој има барем 5 минути да додаде по некоја точка на мапата ќе придонесеме за подетална мапа на Navteq која дирекно ја користи Nokia Maps,Bing Maps и други познати сервиси.За да може да се додаваат нови работи потребно е да се регистрирате на следниот линк и додавањето може да започне

http://mapreporter.navteq.com/
 
Убава работа но што ако се најдат некој кретени кој ке злоупотребуваат и кој ке ставаат грешни податоци,дали има некој систем за безбедност и сигурност на податоците ?
 
Убава работа но што ако се најдат некој кретени кој ке злоупотребуваат и кој ке ставаат грешни податоци,дали има некој систем за безбедност и сигурност на податоците ?

Од моето искуство со мапирање на локации кога ќе додадеш некаква измена обично поминува од 3 до 5 месеци процес на верификација(дали се точни имињата,податоци како веб страна,телефонски број и слично) и тогаш се објавува таа измена.Не е како на Google Maps каде што промените се одобруваат речиси веднаш.Navteq бара помош за додавање на поими а потоа со помош на приложените податоци таа го верификува тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom