Босилек (лат. Ocimum basilicum) Зачин и лек
Како вистинско гурманско доживување се употребува во салатите, разно-разните сосови, јадењата од свеж зеленчук, свежото кравјо сирење, сокот од домати, разните коктели, супи и тестенини, како и месото.
Сушениот добро се согласува со говедско и овчо месо, сос од домати, супа од зеленчук. А со оглед на тоа дека ја отстранува надуеноста, добро е да се користи и за зачинување на гравот или јадењата од други мешункасти растенија.