Добри и лоши вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Колку верувате во некоја прочитана или слушната вест, која лично вие не сте ја виделе?
Ако да, во кои работи повеќе верувате? Со што повеќе можат да ве убедат луѓето, со некое добро или со лошо дело? Дали за добрите вести мислите дека се лажни за да се претстават во добро светло извршителите, а за лошите дека се повторно намерно пласирани за да се оцрнат истите?
Земете општи примери од секојдневието... од вести за ликови од вашата средина, па музичката естрада, до политиката, како и се` останато со кое секојдневно се сретнуваме.
 
Со добра вест. Сакам да верувам во добрината на луѓето, сакав да верувам дека прават позитивни работи. Лошите вести, гледам да ги занемарувам...постојано велам, ма нема шанси такво нешто да направил/а. Запрепастена сум кога ќе чујам лоша вест за одредена персона и тешко ми е да поверувам, додека пак многу полесно верувам, дури не треба никој да ме убедува за да поверувам во некоја добра вест.

Едноставно верувам во позитивните работи, добрите вести....Сакам да верувам во тоа дека има многу позитивни работи и луѓе кои прават добри работи. Без разлика дали се тоа луѓе кои само ги познавам или музичари или било што. Не се сомневам во доброто, додека лошото секогаш го ставам под знак прашање. И убаво ми е така.
 
Па што знам, не сум размислувал на ова поле многу многу ама добрите вести некако ми делуваат секогаш повистинити од лошите. Но дали тоа е така или е обратно не можеме да знаеме :jaj:. Според мене релативно се вистинити до некаде нема зошто да не, повеќе верувам тоа што ќе го прочитам на интернет отколку на вести или во весниците. :)
 
Незнам како, од мал сум навикнат да ги филтрирам небитните работи.
Така, кога гледам вести, дали ќе чујам лоша, или добра вест, им верувам само на фактите кој ми изгледаат реално, сите други вметнати епитети од страна на новинарите несвесно ги филтрирам.

Едит: Одлично поставена тема :) 5 stars од мене xD
 
Ако случајно слушнам или прочитам една добра вест некаде по медиумиве, тогаш дефинитивно веднаш ќе поверувам. На лошите вести веќе станав отпорен, и она што некогаш претставуваше лошо сега е веќе секојдневие. Лошите вести станаа дел од животот на секој човек, а добрите се заборавија некаде во минатото.
Јас сакал или не, кога и да слушнам вест верувам во неа. Не за друго, туку веќе ништо не може да ме изненади и да ме натера да се замислам.
Добрите вести се многу ретки, и како такви, без разлика дали се само колку извршителот да го претстават во добро светло или не, ми делуваат малку стимулирачко, кога покрај сите лоши вести ќе се појави и некоја добра.
А пак за лошите не би сакал да коментирам. Ем сите се обидуваат да оцрнат некого, ем не ни има некој ептен чист кој би можел да се оцрнува повеќе од она што е.
 
Токму така.
Порано при гледање на вести или читање на весници можев да се начекам како се запрашувам дали нешто од тоа е така...сега многу слабо гледам вести ама како што приметувам се повеќе се присутни лошите новости...и некако не помислувам да навлезам во сето тоа со прашање дали се вистинити или не. Сигурно се...од толку многу...мора и нешто да е така.
Но... многу луѓе добрите работи ги претставиле као лоши а лошите као добри...сепак тоа е деншницава(секој со некаква цел да се постигне). Ништо неможе да ме изненади...
 
Добрите вести не се продаваат и не носат профит, за да се гледаат вестите мораат да бидат шокантни катострофални, за да го залепат човекот за тој медиум. Често вестите се филуваат за да бидат што покатстрофални, има премногу шпекулации лаги и доста прикриени вистини. Пример се нашиве телевизии и нивните централни дневници, уште на самиот почеток пуштаат музика која што е бомбастична бум, бум, бум, бум, драги наши почитувани гледачи ви соопштуваме дека денеска е крај на светот, ама тоа по рекламите :icon_lol:. Не практикувам да гледам вести затоа што знам отприлика какво влијание имаат. Скоро секогаш лошите и бомбастични вести се на почеток, вести за убиства, несреќи, мизерија, додека пак некое откритие на некој чудесен лек за некоја болест е на крајот и често таа информација е доста штура.
 
Па во последно време и нема некој добри вести ,затоа ги игнорирам а сакам да верувам во добрите вести.
 
Колку верувате во некоја прочитана или слушната вест, која лично вие не сте ја виделе?
Ако да, во кои работи повеќе верувате? Со што повеќе можат да ве убедат луѓето, со некое добро или со лошо дело? Дали за добрите вести мислите дека се лажни за да се претстават во добро светло извршителите, а за лошите дека се повторно намерно пласирани за да се оцрнат истите?
Земете општи примери од секојдневието... од вести за ликови од вашата средина, па музичката естрада, до политиката, како и се` останато со кое секојдневно се сретнуваме.
Со добрите вести, дефинитивно..Можеби затоа што самата потсвесно не сакам да верувам во лошите додека не добијам доказ дека тоа е вистина.. НО, не може да се одреди во глобала кои се најчесто поточни затоа што можностите се еднакви.. А и немам причина зошто да не верувам во добрите вести, кои секому му се добредојдени, а за лошите во зависност од ситуацијата, но сепак треба да се провери пред да се направи било што, но и да не се даваат лажни тревоги посебно за нешта кои би можеле да не повредат...:pipi::smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom