Ej eve аплоудирав на интернет еден интересен скин за виндоус медиа пејр (мене ми е ) Ај Под скин е..па ако сакате слободно9 повелеле јас сум задоволен..абе презадоволен
е од овде спуштете
Probajte go ova programce : Frostwire
Slicno e na lime wire i + torent downoadira i ima turbo-charged connection kako lime wire pro i e 100% besplatno.
mozete da go najdete na www.frostwire.com
SpeedCrunch е freeware, брз, со високо прецизен и моќен десктоп калкулатор. Има дисплеј со скролање, дозволува прецизност до 50 децимали и има неограничен променлив капацитет. Други вклучени додатоци: интелегентен автоматски дополнувач, повеќе од 15 вградени математички функции и опционална табла со копчиња...
ESBUnitConv 6.0 е freeware, лесна за користење програма за лесно конвертирање помеѓу 522 единици, во 20 категории. Вклучува единици за температура, должина, маса, површина, волумен, притисок, забрзување, сила, енергија, моќност, агли, време, радиоактивност и други...
Добар овај конверторот. Стално се забевавам со претворање на единици (најчесто од амерички во метрички систем). Имам едно конверторче на мобилен, ама нема толку опции. Thanx
Не глеам да има од метри во секунда во километри на час, а има метри во секунда, милиметри во секунда итн. (или барем да додадеа Custom место да си внесувавме сами по која формула, за да може и др. работи да додаваш). А има доста иначе ќе се најди.
Додадете една или повеќе локви вода на која било слика, фотографија или AVI видео. Локвичките можат да бидат анимирани да дадат нежни лелеави движења на сликата над нив. Изберете од многуте начини на движење на водата, и контролирајте детали како што се големина на бранот, преспектива и транспарентност. Локвичките можат да бидат во сите форми, правилни и неправилни. Анимациите можат да бидат зачувани како Macromedia Flash (SWF) фајлови, AVI видео клипови, и bitmap/jpeg фајлови.
Rainlendar е прилагодлив календар кој го прикажува тековниот месец, настани, и потсетници. Тоа е многу „лесна“ апликација која не зафаќа многу системски ресорси или место на вашиот десктоп.
RaimaRadio ви овозможува да слушате илјадници бесплатни радио станици од целиот свет. Лесно можете да снимате една или повеќе станици симултано и да ги зачувате снимените фајлови како индивидуални MP3 фајлови. Можете да ги аранжирате радио станиците да емитуваат автоматски во одредено време, и исто така да изберете автоматски да се снимаат. Другите додатоци вклучуваат откривање на насловна на албум, поддршка за WinAmp plug-ins, барање на станици, листа на омилени станици, random емитување и многу други. RaimaRadio исто така нуди листа на song/artist која автоматски може да сними специфични наслови кога се емитувани.
Easy Duplicate File Finder може да ви помогне да ги најдете и избришете дуплите фајлови. Програмот скенира селектирани фолдери или дискови и дава листа на фајлови со сосем иста содржина. Потоа може да изберете, дали да ги избришете сите, или само одредени фајлови по ваша желба.
ShowIP е едноставна алатка, која ја покажува вашата моментална IP адреса. Работи во system tray и го покажува името на вашиот компјутер и IP адресата при дабл-клик. Тогаш можете да одберете да ја копирате вашата IP адреса.
WebShot ви овозможува да „фаќате“ full size или thumbnail скриншотови од веб страни и да ја зачувате добиената слика во JPG, PNG, GIF или BMP формат. Исто така можете да ја „фатите“ целата страна (целосно скролувана) во full size или да направите thumbnail сликичка од страната.
LimeWire е најбрзата светска P2P апликација, што дозволува барање и симнување на сите видови фајлови, вклучувајќи филмови, слики, игри, текст документи и песни. Други вклучени опции на апликацијата се динамично црпење податоци, можноста да прегледуваш делови од гајлови додека ги даунлодираш, напредна техника за лоцирање ретки фајлови, и многу пристапен интерфејс.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.