Добрата волја на Црвенковски...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
880
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Комисијата на шефот на државата дала позитивно мислење по барањето на мајката на Верушевски тој да биде ослободен од затвор


Комисијата на претседателот на државата за помилување затвореници дала позитивно мислење по барањето за ослободување на Александар Верушевски од понатамошното издржување на затворската казна. Тој е син на поранешниот прв разузнавач и сегашен советник во македонската амбасада во Рим, Зоран Верушевски. Конечната одлука за ослободување на Верушевски помладиот, претседателот Бранко Црвенковски треба да ја донесе неделава. Неизвесно е каква ќе биде таа. Досегашната практика покажува дека Црвенковски секогаш ја почитувал одлуката на својата комисија.

- Одговорот на комисијата е позитивен. Барањето за помилување беше поднесено од мајката на Александар Верушевски. Ослободувањето од понатамошното издржување на казната беше поткрепено со два лекарски наода, со кои се бара лекување. Едниот беше за проблеми со скршеници на двете нозе, а другиот за психичко заболување - ни изјави вчера претседавачот на комисијата, професор Томислав Чокревски, поранешен министер за внатрешни работи.

Барањето за амнестија на Александар Верушевски досега го разгледале две надлежни институции-Основниот суд во Струга и Министерството за правда. И двата одговора биле негативни.

По серијата предизвикани инциденти, Александар Верушевски беше осуден на казна затвор од 18 месеци. Досега издржа две третини од казната, што е и основа за поднесеното барање за помилување.

Верушевски помладиот во 2004 година, со службено возило на својот татко предизвика сообраќајка во која беше повредена една жена. Набргу потоа, во населбата Јане Сандански, исто така по сообраќајна незгода, учествуваше во оружен инцидент во кој беше тешко рането едно момче. В година, во престрелка со криминална група во населбата Капиштец и самиот беше ранет. Истата година во Струга изнудуваше рекет од сопственици на два локала, а откако беше пријавен во полиција пукаше во нивните семејни куќи. Беше уапсен откако по него беа распишани две потерници, иако во меѓувреме слободно шеташе низ Скопје и Струга. Остана тајна како доби нов пасош за лекување во Игало, Црна Гора, од последиците од ранувањето во престрелката во Скопје.

Поради скандалите со синот, таткото Зоран Верушевски ја напушти Агенцијата за разузнавање и беше испратен во Рим. Важеше за „човек“ на претседателот Црвенковски и еден од клучните актери во откривањето на никогаш недорасчистената афера „Прислушување“.


-------------------

Браво за Црвенковски! :kjut:
 
Ги очекувам intel и сличните да го коментираат ова. Баш ме интересира што имаат да кажат!
 
СЕКОА ЧЕСТ ЗА ВЕЛИКОДУШНОСТА НА ГОСПОДИНОТ ЦРВЕНКОВСКИ (ако може и така да се нарече) Па детето сакало да натепа уште некој да убие уште некој ил да ограби па мора да го помилуваат.
Со овој "господин" БЦ и се гледа крајот на Македонија
 
Sto e Verusevski vo sporedba so Leka koj e odgovoren za kidnapiranjeto i likvidiranje na 12 civili.
Abe daj :kesa: se.
а ахмети за смрт на колу наши војници е одговорен иако ова не е тема

додека душманот на МАКЕДОНИЈА (Б.Ц) има некаква функција во државата многу потешко ке ни оди отколку кога ке го нема,а тоа ке се случи многу брзо 1-2 год.
 
а ахмети за смрт на колу наши војници е одговорен иако ова не е тема

додека душманот на МАКЕДОНИЈА (Б.Ц) има некаква функција во државата многу потешко ке ни оди отколку кога ке го нема,а тоа ке се случи многу брзо 1-2 год.

Да кога ќе го нема Б.Ц ќе биде полесно да се среди Ахмети. Ама дали тогаш Грујо ќе го среди Лека. Или Лека е херој и борец за Македонија.
 
Не ја мешајте 2001ва во ова...Секое злодело направено тој период по налог на бучковата “европа“ беше амнестирано. Затоа, излишно е да се меша таквото нешто во ова ниту па да се споредува!
 
Уште една тема која ќе се претвори во партиска калакурница...

Значи, ниеден чин не може да се коментира онака, чисто како настан, без да има партиски препукувања и без покажување прсти кон некого и спомнување минато. Де Лека, де Ахмети...папазјанија. Темата е Верушевски џуниор и можна помиловка од Црвенковски.

Коментирајте ја помиловката, сите оф топик постови ќе ги бришам.
 
Koj faken faktor e Verusevski da go diskutirame.
Dajte be edna tema za Makedonska Banka opnete da vidime koj sto kako koga zosto , kade e sega , sto raboti vo drzavava itn.
 
Мое мислење е дека не треба да се амнестира...според ова се гледа ставот на Б.Ц. кон сите криминалци.Браво Претседателе едвај чекам ден и ти да бараш помилување :helou:
 
Не треба да се помилува....нека се сноси со одговорноста..Уште малку нашево судство ќе треба да го наречеме "Миловство"
 
Koj faken faktor e Verusevski da go diskutirame.

Поради скандалите со синот, таткото Зоран Верушевски ја напушти Агенцијата за разузнавање и беше испратен во Рим. Важеше за „човек“ на претседателот Црвенковски и еден од клучните актери во откривањето на никогаш недорасчистената афера „Прислушување“.
па добро сеа...барем не е внук на владика... :kesa:
 
Back
На врв Bottom