Добра населба за студент

  • Креатор на темата Креатор на темата nj9x
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Планирам да се запишам на факултет во Скопје и планирам да престојувам во стан. Е сега имам слушнато добри работи за Аеродром и Кисела вода, како добри населби за студенти, ама мислам дека сепак е најубаво да си прашам директно, верувам дека овде има многу поискусни луѓе во однос на овие работи. Би бил благодарен за било какви одговори!

Фала однапред :).
 
И на Водно не е лошо.

Зависи на кој факултет си и како стоиш финансиски. :)
 
И на Водно не е лошо.

Зависи на кој факултет си и како стоиш финансиски. :)
Најверојатно ке бидам на Економски факултет на УКИМ, барем така планирам :). Водно не ли е малку далеку од Центар, и факултетите?
 
Аеродром врие од студенти, супер е. :)

Предностите се што автобуска ти е блиску, на факултет си за пола саат највеќе (пеш), Центар ти е најблиску, имаш трговски центар, железничка, еден куп мали продавничиња и буквално сè што ти треба.

И Кисела вода е океј, ама подалеку ќе ти биде факултетот.
 
Фала на одговорот :). Имам шетано низ Аеродром и лично, многу ми се допаѓа населбата, највеќе ми интересираше делот од студентскиот живот таму. Тоа што има голем број на студенти е голем плус за мене, сакам да бидам опкружен од луѓе :D. Сега за сега ми се допаѓа како звучи Аеродром :).
 
Кај и да си супер ќе ти е! Од К. Вода немаш бус за до факултетите на бит пазар! Т.е 2 буса ќе треба да менуваш или пешаидија ;)
 
центар, водно, карпош (1,2 евентуално и 3) или аеродром (некаде околу железничка) би ти биле најдобри локации за станче.
 
Фала на одговорите на сите, ќе ги разгледам сите населби кои што ги кажавте :). Најверојатно и Центар не би ми била лоша опција како бруцош, ако успеам да се навикнам на галамата :D.
 
Дојди во Чаир, со еден автобус идеш до факултет (број 9ка) и патуваш 10 минути :)
 
Ќе се убацам овде и би прашал како е во Автокоманда? Најверојатно таму ќе бидам. :confused:
 
Ќе се убацам овде и би прашал како е во Автокоманда? Најверојатно таму ќе бидам. :confused:
зависи каде во автокоманда... со еден бус се стига до факултет а ако си по пешачката за 20тина минути и пешки можеш да стигнеш али па ке кажам зависи каде во автокоманда. него ти не глеј на тоа. гледај ка ке ти биде поефтин смештај а за луѓе за маркети трговски и продавнички ама ич да не му ја мислиш. ги има на секој чекор низ скопјево... ако си дошол со намера да учиш глеј да си по минеш поевтино за смештај а ако си дошол за дружба и забава со другари тогаш е веќе друг муабет.
 
Абе види, јас планирам во Стив да бидам ради тоа шо ќе се запишам на Гастрономија на „Гоце Делчев“ шо се наоѓа на Булевар Александар Македонски у Автокоманда. Јас сум баш за ефтин смештај и за здраво учење, ама и дружбата и забавата нема да ја запоставам, тоа секако :D

Онака прашувам, населбата како е, луѓето какви се.. атмосферата која е.. :unsure:
 
Населбата е супер 50% се пензионери над 1000 години , лугето се прилично добри , а атмосфера е мирно освен неколку недели во година (кога гостува вардар на металург) :p
 
Јас имам седено во Аеродром и во Кисела Вода. Мене лично појше Аеродром ми се допаѓа. Аеродром е помирна, некако е фамилијарна. Кисела Вода е повеќе за млади. Јас барем така мислам.

Тебе најбитно ти е патот до факултетот - дали ќе можеш пешки да одиш и колку автобуси ќе треба да менуваш ако не. Што дека седиш во Аеродром ако студираш на Машински, дур да дочекаш автобус, дур те однесе, отишол саат.
 
Сега ми остана помеѓу Аеродром и Кисела Вода да се одлучам, но некој спомна дека од Аеродром е поблизу до Економскио Факултет, па најверојатно тоа повеќе би ми одговарало, барем првата година додека се навикнам :). Фала на сите уште еднаш (y).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom