Добар раскин или лош?

  • Креатор на темата Креатор на темата Urban Female
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2009
Мислења
90
Поени од реакции
126
Мислам дека насловот сам кажува.

Лично јас,би сакала раскинот да е добар, и ете да не се намќориме кога ке се видиме,еден муабет сосема нормално како си,што си...Но пак од друга страна,тоа води до други покомплицирани работи, може да останете во контакт,да се слушате и никогаш да не пројдете преку тоа...да се навраќаш постојано и уште толку ти паднува тешко...

Лошиот пак, најлесно со него преболуваш и секојпат кога си спомнуваш за него/неа, на крај ти текнува раскинувањето и веднаш е полесно.Но пак, врска со некој човек неколку години или некој период, и толку блиски станувате,се знаете за него/неа, и после го отпишуваш од живите и се пада во вода.....и што вредело дека сте биле толку блиски?!

Знам дека сум контрадикторна,но и едното и другото си има и позитивни и негативни работи.

Па ете споделувајте искуства и вашето мислење;)
 
Со лош раскинуеш, да те замрази и да си немаш проблеми. Е после одреден период откога скроз ќе спласнат страстите, доволно ќе биде муабетот што правиш и како си :)
 
Sve zavisi sto e pricinata za raskinot,nemozes ti da imas dobar raskin ako si ja nacekal devojka ti so eden clasicen gang bang na primer,ili da imas pa los raskin ako devojkata ednostavno ne saka so tebe da bide i raskinuva na vreme za posle da nema problemi za bilo sto da napravi.
 
Кој како заслужил.;)
Ова се одлучува од случај до случај.

И не мора да биде ни едната ни другата екстрема, може да биде некоја мешавина, на пример, може да раскинете без многу караници, но повеќе никогаш да не си прозборете, ако така решите.
 
може да биде мрш да не те видам грда една
може да биде ми треба простор малце не е до тебе до мене е свати ме
сепак зависи од ситуашон
 
Немојте лош бе , освен ако станува збор за неверство. Дајте малце да бидеме современи. Ептен е сељачко после раскин на улица да се разминувате коо да не се познавате. Јас сум за после раскин пријателчиња да си бидете. У најмала рака барем едно здраво да си имате
 
Зошто би се плашеле од добар раскин? Ако навистина знаеш дека тој/таа повеќе не е за тебе и да се појават искри после раскинот едноставно ќе кажеш остани каде што си или ќе пробаме со лошо :)
 
Сте биле во врска си ја плескал и ти се здосадило,а планираш во иднина повремено (другарски) пак да си ја плескаш ќе имаш културно раскинување,а ако немаш таква намера тогаш се знае.
 
Зависи од луѓето ама и од поводот поради кои ја прекинале врската. Ако двајца видат дека не се еден за друг едноставно не им оди и не можат да се разберат поради непремостливи разлики тогаш најарно е да си седнат и си направат муабет ко возрасни вака и вака ова поќе не го бива тогаш секој по свој пат и никому ништо ....Е сега ако поводот е неверство или врката е прекината под такви околности тогаш нормално дека ќе има драма и лош раскин .Ако некој ви раскине на скајп фб или смс зошто па вие да се мачите муабет да им правите на улица ако се сретните случајно . Значи се зависи од околностите.
 
Добар прекин со прекинување на секаков контакт, скајп фејсбук телефон итн. особено ако едниот останал заљубен. Би ги поздравил сите бивши на улица без разлика кој како ја усрал работата, човечки е во очи да го погледнеш секого :)
 
кога ми раскинуваат со добро, а кога им раскинувам СО ЛОШО!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom