Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Војстину штета. Се надевам дека брзо ќе ја возобновите!Ја ја ставив привремено додека не дојде модераторот да си ја среди, па после ќе ја отвори.
е ајде, де... ни се пиши, друже!отсутен сум малце последниве 2 дена .. поради службени обврски .. па ај да видам шо е работава ..
Ај моредаторов си има работа, па не го врти кључот. Де, ако не ти е тешко, откључи ја спорната тема, пошто имам едно саат време слободни па да се даам малку на реторти, а?Ја ја ставив привремено додека не дојде модераторот да си ја среди, па после ќе ја отвори.
Ем, за оти така арна, разлауфена тема како „Што бараат атеисти на форум за религија“ е стаена под кључ?!? Баш имаше полно отворени прашања и паралелни дискусии. Зоштооо?
--- надополнето ---
Аце, ќе се љутиш ова ако го искористам? Еве, нема да го потпишувам, анонимно ќе го стаам. Може?
Темата „Што бараат атеистите на форум за религија“ така беше нели, сега е заклучена. Мислам дека треба да се отклучи и да се продолжи со дискусии. Целта на темата може да се сублимира како проверување на теологијата на атеистите со теологијата на теистите. Можеби некој ќе премине од атеист во теист, или обратно, но тотално е глупно да на некој кој е атеист му се забрани да дискутира за теологија и вера.
Прави разлика на следново :
Православни и Католици се исто, Римокатолици се оние на кој Папата му е главен, а Протестанти се оние кој се одделиле од Римокатолиците.
Уште еднаш прави Разлика помегу припадниците на верите, зошто јас сум Православен и Православниот е Католик, додека Православен - Католик се разликува од Римокатолик, издвојувајќи ја Верата од Католик башка од Православен ме навредуваш мене што се чуствувам Православен.
Exlexmk, ај ако не ти е тешко една молба. Имено, во момент на слабост и незадоволство кон здравствените установи пишав за една болест кон мој близок, а муабетот веќе излегува од контрола односно...не би сакал да стои како таков за или да се сфати погрешно или да се злоупотреби.отсутен сум малце последниве 2 дена .. поради службени обврски .. па ај да видам шо е работава ..
За да овој подфорум има некаква цел и за да нема дебати под нивото на човечност.
Не треба да се дозволува отворање на теми од типот
Господ имал животна сопатничка!?
Затоа што тоа има за цел исмејување на Бог и на она на што се базирани нашите вредности како луѓе.
Освен кога модераторот е атеист тогаш вакви теми може да има а целта на овој подфорум на еден дел од атеистите е
исмејување и омаловажување и неверување во Бог ни во себе што е право на избор на секој човек.
За да овој подфорум има некаква цел и за да нема дебати под нивото на човечност.
Не треба да се дозволува отворање на теми од типот
Господ имал животна сопатничка!?
Затоа што тоа има за цел исмејување на Бог и на она на што се базирани нашите вредности како луѓе.
Освен кога модераторот е атеист тогаш вакви теми може да има а целта на овој подфорум на еден дел од атеистите е
исмејување и омаловажување и неверување во Бог ни во себе што е право на избор на секој човек.
Зошто бришеш постови од христијаните во кои се омаловажува исламската религија, зошто не бришеш постови од муслиманите кога го прават истото, кога ја омаловажуват христијанскта вера, Бог Отец и Син и Свети Дух? Кога си играат мајтап со најсвето на христијанството?
Ако си муслиманин, биди си, но некој ти дал право да бидеш модератор, а навивач.
И ова можеш слободно да го избришеш, да не видат другите членови на форумот и да те зафркават.