Дневник

Дневник ... па пишам од ко знам за себе т.е од ко научив да пишам се до денеска. Инаку првите дневници сеуште стојат во метален куфер закопани под земја од ко бев помала и само јас знам кај се со уште други работи од раното детство. Не пишам дневник дека кријам некој особени тајни не знам ни како почнав да го пишам првиот ама бев стварно мала, сепак убо се осеќам ко ќе ги надополнувам страниците со убај моменти и спомени, згоди и незгоди, приказната за мојот живот на лист хартија ... секогаш ко ќе почнам да пишам ми идат инспирација да напишам и понекоја песна или друг текст значит не пишам дневник од типот јадам пијам спијам ... туку сосема подруг стил и како се осеќам, како размислувам, како го гледам светот и така натака ... понекогаш е стварно добро дбора случка или најубаво поминат ден да го напишиш за да го памтиш дури и по многу години. :wub:
 
Гледам дека одамна е замрена темава, ама ќе си ја пробам среќата, ако одговори некој фала му. Прашањето ми е кај да најдам убава тетратка за возрасни со катанец и клуч? Тоа подразбира да не биде со Мики Маус, Барбики исл :)
 
Кога водам - кога неводам ... најчесто кога не сум емотивно добр, водам дневник ... потоа кога сум ултра среќна и окупирана ... заборавам

Кај мене - дневникот - не е издувен вентил од тензијата или се што ми лежи на срце

Најмногу ми помага искрен и отворен разговор, без окривувања, префрлувања, обвинувања - разговор во кој ќе си ја олеснам душата ... и секако од кој ќе научам нешто ново ... не разговор со било кого туку со ...
 
Започнав да пишувам кога бев 1 година средно и ова ми е трета година кај што пишувам.
Бидејќи средношколските денови се незаборавни а и овие години најмногу заради тоа започнав да пишувам.Некој посебен ден или некоја случка што се имам случено која е за паметење и после долги година ќе можеш да ја паметиш....
Ќе биде интересно кога ќе сум поголема и кога ќе ги читам дневниците и ќе евоцирам спомени....
 
Не пишам оти ако почнам да пишам ќе требе да пишам се нај нај неубаво оти до сеа не ми се десило ништо посебно убаво за да го запамтам или запишам.
 
Драга Кајгана е мојот дневник :baeh:
 
Никогаш не сум пишувала дневник. Ама сега Драга Кајгана е мојот дневник:)
 
Никогаш не сум пишувал дневник .. :toe:

А на крај краева, Кајгана ќе испадне дека е дневникот ! :icon_bigg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom