Како ја отпуштив секретарката
Зошто ја отпуштив мојата секретарка
Минатата недела ми беше роденден и утрото бев посебно расположен. Се симнав долу на појадок надевајќи се дека жена ми ќе биде пријатна и ќе ми рече "Среќен роденден" а можеби ќе има и подарок за мене.
За жал, таа одвај ми рече "добро утро" а камоли да ми честита роденден.
Си помислив... епа тоа ти е брак, меѓутоа децата сигурно ќе запаметат. Децата си го изедоа појадокот без да кажат ниту збор.
Заминав кон работа, чувствувајќи се доста тажно и донекаде разочарано.
Кога влегов во канцеларија, мојата секретарка, Џејн рече: "Добро утро шефе, среќен роденден!" Ми беше малку подобро што барем некој се сети на мене.
Работев до пладне, кога Џејн влезе во мојата канцеларија и ми рече: "Знаеш, надвор е така убав ден и плус роденден ти е, ајде да одиме на ручек, само јас и ти."
"Фала Џејн, тоа е најдобрата работа што ја слушнав цел ден. Ајде да одиме!"
Отидовме на ручек. Меѓутоа, не во ресторанот во кој обично одиме. Наместо тоа јадевме во еден мал ресторан, каде веќе имаше резервирано сепаре за нас. Испивме по две мартинија и искрено уживавме во оброк.
На пат накај канцеларија Џејн рече "Знаеш, баш е убав денот... Не мора да се вратиме во канцеларија, нели?"
"Претпоставувам не. Што би сакала да правиме?," ја прашав.
"Ајде да одиме кај мене," ми рече Џејн.
Откако стигнавме кај нејзе дома, Џејн се сврти накај мене и ми рече "Шефе ако не ти пречи, јас би сакала на кратко да одам до спална. Веднаш се враќам."
"Ок," нервозно одговорив.
Отиде во спалната, и по неколку минути излезе носејќи огромна роденденска торта, а по нејзе излегоа жена ми, децата и десетина пријатели и колеги, сите пеејќи "Happy Birthday."
Јас само седев таму...
На каучот...
Гол...