Dmitri Shostakovich

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangchenjunga
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.424
Поени од реакции
9.319
Dmitri Shostakovich (1906-1975) е руски композитор и пијанист, неговата музика се карактеризира (особено симфониите после 1936) со мошне мрачна содржина. Зад себе има оставено 8 сценско-музички дела најпозната е операта Лејди Макбет, 21 оркестарски дела во кои спаѓаат 15те симфонии по кои е најпознат, 15те познати гудачки квартети итн.

Се до забраната во 1936 година, Dmitri Shostakovich е под влијание на власта (творел за време на владеењето на Сталин во Советскиот Сојуз), пишува химни за истата, тоа се забележува кај 5тата симфонија која има триумфално финале и ја симболизира советската победа над непријателот, славењето на комунизмот и советскиот национализам. Музиката на Dmitri Shostakovich има класичарска основа, но не во најстриктна форма, затоа се смета дека стилот на Shostakovich е повеќе хибрид. Во неговите почетоци се забележува влијанието на барокот (Бах), потоа во позрелиот период од неговото творештво е доста изразено влијанието на романтизмот (Бетовен и Густав Малер) и неокласицизмот (Сергеј Прокофјев и Ставрински).

Би ги издвоил Shostakovich - Piano Trio No.2 in E minor Op.67 aпсолутно ремек дело и mine favourite. Според многу критичари на делото на Shostakovich ова е веројатно најмрачното, напишано во 1944 среде WW2, посветено на негов пријател кој умира истата година. Потоа, Shostakovich Symphony 11, доста гласна, мотивот е масакр извршен врз невини работници во 1905 година. Гудачкиот квартет бр. 8 (Dmitri Shostakovich - String Quartet No. 8), ремек дело на камерната музика, Џез албумот (Dmitri Shostakovich The Jazz album), и култната Dmitri Shostakovich: Jazz Suite, Waltz No. 2 која е дел од саундтракот на Eyes Wide Shut. Let's enjoy!

Shostakovich-not-Harry-Potter.jpg
 
Dmitri Shostakovich - Symphony No. 12: The Year 1917

Одличен е и посебен. Има изградено свој посебен стил кој го милува. Еден од ретките кој се фрлил строго на мрачна работа. Иако можеби потпаѓа во сенка споредбено со оние класици од претходно, но ито како го означи периодот од првата половина на минатиот век.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom