Дизајнирано од... појма немам.

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа ќе морам да почнам со примери...
Ова е еден од оние резултати на гугл кога бараш "дизајн". Го видов сајтов приметив дека е темплејт и го најдов оригиналот.

Фалсификат:

http://www.asterhost.net/index.html

Оригинал

http://www.templatemonster.com/website-templates/6468.html

И јас немам никаков проблем со сајтов... Се додека не видам дека дечкиве нудат и ВЕБ ДИЗАЈН. Замислете, си го дизајнирале својот сајт па сега ќе им дизајнираат на други за 7.300 денари еееееј.
 
Разбирам во цените да нудат уникатен дизајн и темплејт. Тоа е едно (не се сите спремни да платат уникатен дизајн, некои фирми ги интересира само да има нешто на сајтот, по можност светски да изгледа, ама да има македонска цена, т.е. ако може поевтино). Јас исто нудам 2 типа на цени, ако сака некој уникатен дизајн (и обично ваквите клиенти добиваат избор, како сакаат, што сакаат итн. и се стално задоволни, дури и зачудени) и скрипта (им давам на знаење дека е скрипта направена од други и дека имаат избор на готови темплејти и дека само јас правам промени во изгледот но не и во функционалност). Вториве се многу поевтини.

Е сега, мое мислење е дека секој си има право на место под ова небо, па така, има и квалитет различен. И тие што сакаат квалитет на нивниот сајт знаат да се информираат и да го пронајдат вистинскиот изработувач. Има вакви во Македонија и знам дека имам и силна конкуренција. И не треба да не плашат вакви дечки што работат со темплејти, зашто еден ден ние ќе ги вработиме како помлади дизајнери (ако им фаќа кликерот) па ќе ги поднаучиме и по некој трик :)

И нормално е да е поскап уникатниот дизајн, оти ако ништо друго, се користи цел потенцијал (и кликер и креативност и цело стекнато знаење) а тоа не доаѓа евтино. Тоа е исто како уметник кој ќе ти направи портрет или цртеж по порачка и вилеров гоблен.
 
Работам графички дизајн, а како хоби и веб дизајн. Многу е чуден менталитетот на нашите клиенти. Доаѓа кај мене и ми вика сакам етикета за вино или кутија за вино и ми нагласува да биде многу убава, оригинална идеја. Кога ќе дојдеме до цената, офка многу било скапо немало каде да го продаде виното, цените на виното биле ниски и сл. Нормално јас за мојата плата што ја добивам ќе склепам нешто од прва што ќе ми дојде или ќе искористам некои делови од некоја друга кутија или етикета и ќе му направам. Ако имам процент од ставка дизајн, при наплатата тогаш сигурно ќе седнам и ќе смислам подобро и оригинално решение, или пак нема да спијам за да добијам убава идеја.
Така е и со веб дизајнот, сите сакаат убаво а ефтино, а знаеме дека тоа не оди така. Последниот проект кој го работев www.starizanaeti.mk доаѓаат и ми велат сакам ова, ова ова ова и ова, ама имаме 18 000 денари. Е сега тука наоѓам вина и кај нас дизајнерите, бидејќи некогаш знаеме да изработиме нешто и под цена или пак ако удриме есапот да не заработиме ништо. Значи и ние самите треба да поработиме на тоа. Сигурно овие клинци кои ги посочувате нема да изработат добро професионално решение иако затоа користат професионални темплејти. Тој што сака квалитетно професионално решение, сигурно нема да договори проект со нив, туку ќе бара друга фирма, дизајнер...
Како и да е, и јас сум користел темплејти, баш поради таа причини, не е доволно платено тоа така да еден чекор за добивање готов производ прескокнувам, за на тој начин добијам некоја заработка.
 
За тоа уште сме назад со дизајн на страници. А тоа за Адобе лиценца 2000 евра е да но за таа најаката верзија со све што има, а тоа тешко кој кај нас го има.

Design Premium имаме, и чини 2000 еур во Македонија, значи не е најјаката Master.

Таа е изгор цена...
 
Dejan];1956294 напиша:
Сигурно овие клинци кои ги посочувате нема да изработат добро професионално решение иако затоа користат професионални темплејти. Тој што сака квалитетно професионално решение, сигурно нема да договори проект со нив, туку ќе бара друга фирма, дизајнер...
Проблемот е што и тие се претставуваат како дизајнери, еднакви на мене и тебе. Ја престанав со дизајн целосно последниве 3 години бидејќи престанав да уживам во таа работа (не работам ништо во кое не уживам) кога луѓе ми кажуваа како овој направил одличен дизајн на било што, а јас знам дека тоа не е ни негова идеја, ни негова реализација.
Сакам само тие што користат темплејти нека наведат дека користат темплејт и продаваат темплејт, па нека прават сајт (персонализираат темплејт) за 7.300 денари. Нека не ни го рушат на нас бизнисот, луѓе кои или ќе направат нешто оригинално или не се нафаќаат на работата.
 
Така е нема крај со лажните дизајнери коишто се пишуваат дека они го изработиле а уствари којзнае од кај го нашле се знае де :)
Иначе доколку планираш да се занимаваш и некој те ангажира за правење најдобро да му кажеш поефтино ќе те чини што не е мој дизајнот само ќе го средам ако сака да е уникатен ќе си пушти малце повеќе пари и готово.
Иначе има македонски форум баш прееска гледав со готови дизајни што се продаваат по 50-100 $ а тука се бесплатни :)
 
Абе чекајте бе луѓе, вие ептен ја претеравте - не значи дека ако се разбирате од веб дизајн,дека обичниот македонец воопшто знае што е тоа темплејт, па камоли да знае што е сајт... :vozbud::vozbud:
Работам со веб дизајн 5 години цели и мнооогу убаво знам дека на 30% од сите сајтови што сме ги направиле сме потрошиле многу повеќе труд на тоа да објасниме што во суштина е тоа - САЈТОТ отколку на самата работа. Темплејтот не е некој проблем, бидејќи навистина сме една мизерна земја и ми се има случено да имам клиент влезен во кредити до гуша и да збира денар по денар да плати сајт за реклама, да не влезел уште толку во дупка...... Па кажете сега вие колку е реалната цена и што би направиле вие за таа цена?

Стандарден сајт ние работиме за мин. 150 евра, малку повеќе од него 250 евра, а нешто баш како што треба - далеку повисоки цени.... тешко е ова третово да го побара некој.....

Баш ме интересира, дајте дефинирајте цена на пакет што Вас како дизајнери би ви одговарала (само да изработите псд темплејт без хтмл делот или со хтмл комплет - МАЛ САЈТ)

А пазете, се наоѓаат и дечиња како ова погоре на форумов што го имаме што ќе им текне во главата и ќе понудат бесплатен сајт.... Уште кутрите не сватиле што значи бизнис...
 
Не ми беше муабетот во начинот како се стигнува до темплејт и како се едитира истиот... Се нервирам што има многу фирми што на футерот од сајтот они се потпишани како дизајнери на тој дизајн, што е лага, и еден голем плус што истите тие имаат на менито ДИЗАЈН и продаваат дизајн!
Мене не ми е јасно како можат да ми дизајнираат пример мене сајт, кога и нивниот е една гола вода од темплејт.
Јас под ДИЗАЈНИРАЊЕ САЈТ подразбирам МНООООООООГУ работење на фотошоп, па после склапање на Dream/Flash. Ако би користел темплејти, би ги користел само за лејаут. Сепак нашите „ДИЗАЈНЕРИ“ немаат везе од дизајн. Поише би ги нарекол ВЕБ СКЛАПАЧИ него ли дизајнери зш ти склапаат темплејт со текст.
 
А што би можело да се стори во случајов? Да ги објавиш крадените сајтови тука на форум, да знаат сите кој се лажговците, нема да има кузнај каков ефект... шознам...
За ова решение е само закон во државава кој стварно ќе функционира... а не колку да се речи дека има закон за copyright ...
А такво нешто не верувам дека ќе видам доооолго дооооолго време :)
Еј па државава можи да се изнапрај пари од казни шибање за copyright ... ама на кој да му текни :)

ако шибаат за copyright тогаш цела македонија ке треба да се казни ... само ти користиш 10 програми на PC што се пиратерија со кракови и свашта ... на оваа тема сум се нервирал и нервирал и на крај и јас напраив таков сајт ... оди од сајт на сајт и пишувај www.ImeNaSajt.com/administrator ке ти отвори JOOMLA ADMIN PANEL. и сите тие зимаат пари а на крај пишува copyright токму како што се вика страната т.е они ги задржуваат правата ... а тоа е лажење на мали деца ... за да имаш копирајт треба да си поднесеш документи и да земеш авторски права а не да отвориш хтмл документ и да пишеш копирајт ... значи според мене што и да земеш готово мора да ја знаеш основата мора да знаеш у најмала рака хтмл и добро познавање на цсс ... верувај премногу се за да се замараме на темава ... на крај знаеш што останува ... правам тоа што ке ми донесе пари ... а исто така се бавам со веб дизајн и на моите клиенти им ги презентирам сите начини на кои можам да направам сајт ... едно од тие е и JOOMLA со што им нагласувам дека енџинот е готов и дека е бесплатен и дека дизајнот ке биде само мој и за тоа ке им земам пари ... а доколку сакаат ажурирање на вести ово оно и тоа е пари ... доколку сакаат авторска страна јас им праам почињам со бланко хтмл ... да не забегам поентата ми е ... сите што се нафатиле да прават фирми за изработка на сајтови и покрај тоа што користат готов енџин си ја знаат работата ... никој нејке после тоа да биде тепан на селски начин кажано :) т.е тужен итн итн ...

Абе чекајте бе луѓе, вие ептен ја претеравте - не значи дека ако се разбирате од веб дизајн,дека обичниот македонец воопшто знае што е тоа темплејт, па камоли да знае што е сајт... :vozbud::vozbud:
Работам со веб дизајн 5 години цели и мнооогу убаво знам дека на 30% од сите сајтови што сме ги направиле сме потрошиле многу повеќе труд на тоа да објасниме што во суштина е тоа - САЈТОТ отколку на самата работа. Темплејтот не е некој проблем, бидејќи навистина сме една мизерна земја и ми се има случено да имам клиент влезен во кредити до гуша и да збира денар по денар да плати сајт за реклама, да не влезел уште толку во дупка...... Па кажете сега вие колку е реалната цена и што би направиле вие за таа цена?

Стандарден сајт ние работиме за мин. 150 евра, малку повеќе од него 250 евра, а нешто баш како што треба - далеку повисоки цени.... тешко е ова третово да го побара некој.....

Баш ме интересира, дајте дефинирајте цена на пакет што Вас како дизајнери би ви одговарала (само да изработите псд темплејт без хтмл делот или со хтмл комплет - МАЛ САЈТ)

А пазете, се наоѓаат и дечиња како ова погоре на форумов што го имаме што ќе им текне во главата и ќе понудат бесплатен сајт.... Уште кутрите не сватиле што значи бизнис...

брат само со тебе се согласувам :)

Јас под ДИЗАЈНИРАЊЕ САЈТ подразбирам МНООООООООГУ работење на фотошоп, па после склапање на Dream/Flash. Ако би користел темплејти, би ги користел само за лејаут. Сепак нашите „ДИЗАЈНЕРИ“ немаат везе од дизајн. Поише би ги нарекол ВЕБ СКЛАПАЧИ него ли дизајнери зш ти склапаат темплејт со текст.

ајде да те прашам зошто flash ... јас учам сега тоа на факс ... и да знаеш ... све што правиш ти во флеш во позадина се генерира код испрограмиран во acton script ... ако си дизајнер и се бавиш со изработка на страни батали адобе флеш фати од почеток штом не сакате други да ви праат ... сите едитори кои користат дизајн панел т.е влечеш и се додава содржина слика итн итн генерираат код во позадина ... не сум против тоа али кога ке се генерира кодот поштувам да го сватиш кодот :)
 
Па да, но да се фалиш со готови дизајни не е во ред и да плува по форумот. Кога веќе се фали, барем нека сменил името на темплејтот, вака многу лесно може да се пронајде.

Кретен ниеден, луѓе што се занимаваат со изработка на веб-страници обично имаат блогови а не цели веб-страници. Јас направив цела за да може полесно да им се објасни на заинтересираните што ќе добијат итн.

Figaro има ранк 1,800,000 и pagerank - 4 (колку и кајгана), што кажува само дека треба да се угледаш на страницата наместо да ја критикуваш без аргументи.
 
И ти плаќаат за да им ставиш некој free темплејт?
Инаку..Кои се тие што нудат веб дизајн (за пари) и имаат блог?
Барем да си направил нешто сам, па да можеш да се фалиш со pagerank итн...
 
Кретен ниеден, луѓе што се занимаваат со изработка на веб-страници обично имаат блогови а не цели веб-страници. Јас направив цела за да може полесно да им се објасни на заинтересираните што ќе добијат итн.

Figaro има ранк 1,800,000 и pagerank - 4 (колку и кајгана), што кажува само дека треба да се угледаш на страницата наместо да ја критикуваш без аргументи.
Луѓе што озбилно се занимаваат со изработка и дизајн на веб страни прво имаат троа култура, второ не се замислуваат дека го фатиле господа за мадиња, трето не се фалат по форуми нивната работа и професиналност кажува за нив без многу фалење.

А тоа дека имаат блогови, да.... Логин системи имаат блог, Семос компјутери и тие имаат блог :tapp: И сите поголеми IT компании во македонија имаат блогови.
 
Кретен ниеден, луѓе што се занимаваат со изработка на веб-страници обично имаат блогови а не цели веб-страници. Јас направив цела за да може полесно да им се објасни на заинтересираните што ќе добијат итн.

Figaro има ранк 1,800,000 и pagerank - 4 (колку и кајгана), што кажува само дека треба да се угледаш на страницата наместо да ја критикуваш без аргументи.

Нашол кој да ми вика кретен мене. :tapp: Нема да паѓам на твое ниско ниво, и знаев дека вака ќе изреагираш или нема да дојдеш воопшто на форумот, а и изгледа дека брзо ќе заминеш.
Овде ти немаш ништо направено, туку имаш готов темплејт и неколку готови скрипти за сајтот. Тоа е се.

Мене ама баш не ме занима рангирањето од страна на гугл, топмкд или од некој сосема трет сајт. Јас гледам тоа што ти го нудиш и какви изработки имаш, не како ти е рангиран сајтот. Немаш ништо свое, туку сето тоа се готови темплејти кои може да се најдат на секој втор варез форум.
Видовме што имаш “изработено“ и незнам што уште се мачиш да не убедуваш дека е нешто твое кога ставив и линкови и име на темплејтите што ги имаш користено за сајтовите од портфолио.

Толку од мене и биди ми поздравен.
 
Страниците се тотално функционални и одлично посетени, значи ја ВРШАТ СВЈОАТА РАБОТА (за разлика од тебе). Со административниот дел кој го нудам можат и баби од 70+ да пишуваат и уредуваат вести што е и поентата на web 2.0 (ако не разбираш види на гугл што е идеата).
А после целиот мој труд ти да кажеш дека ништо од таму не е мое е итсо како ја да кажам дека татко ти нема ништо негово во твоето раѓање.

Dzish - Figaro Web Solutions e каде каде пред тие две страници кој ги напомена (семос, логин) во изработка на веб-страници, таму каде што не влијаат роднини, партиски книшки итн.

Ај поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom