Дизајнирано од... појма немам.

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Одамна размислувам за оваа "проблематика".
Имено, муабетот ми е за фирми коишто вршат професионален дизајн, со пакети за дизајн и сите марифети, а сопствениот сајт им е еден најобичен темплејт, доста често и бесплатен за превземање.
Испаднаа многу такви фирми последниве неколку години, кои со нивните "пристапни" цени привлекоа голем број на клиенти, а на сметка на тоа падна вредноста на еден дизајн.
Дали и вас ве ужаснува оваа појава? Што мислите, дали е во ред? Дали треба да се искорени? Едно време мислев да отворам тема на форумов со линкови до сајтови кои користат темплејт за дизајн на нивниот сајт, а доле се потпишани како дизајнери + нудат услуга дизајн, и линк до оригиналниот темплејт кој може да се превземе безпари или пак доста ефтино (најчесто околу $50 или 2500 денари во наши пари).
Мислите дека е подобро да ја баталам таа идеја или пак да ја префрлам во пракса за да не не прави некој будала за наши пари. Секогаш кога купуваш производ, во случајов дизајн, очекуваш тој да биде оригинален и единствен, освен ако не е наведено поинаку во описот на производот.
 
Хмм... незнам дали добро те разбрав, али еве вака една работа.
Темплејтите кои на нет се објавени за купување да речеме 50$... истите можат да се најдат по warez страните во вредност од само еден клик (Download). Не ми текнува на која warez страна улетав на 1500 темплејти кои поединчно вредат 50$-60$ и истите беа закачени на rapidshare за free download. Исто така од обичните и најпрости темплејти кои се објавени на нет за free download со малце едитирање, малце шминкање и би испаднало солидна страна која би можела да се замени со барем 20$.
Се надевам дека ова е во склоп со твојот пост...
Едит: Плус денес секој втор може да едитира темплејт, доволно ми е само Dreamweaver и... преку ноќ станува web дизајнер :/
 
Не ми беше муабетот во начинот како се стигнува до темплејт и како се едитира истиот... Се нервирам што има многу фирми што на футерот од сајтот они се потпишани како дизајнери на тој дизајн, што е лага, и еден голем плус што истите тие имаат на менито ДИЗАЈН и продаваат дизајн!
Мене не ми е јасно како можат да ми дизајнираат пример мене сајт, кога и нивниот е една гола вода од темплејт.
 
И сајтот останува само на дизајнот.

Сепак зад еден сајт треба повеќе да постои стратегија мислам дека имаме многу погрешна представа за овој бизнис .

Сепак кој е поуспешен на крај покажува тотал на сметката

Мислам дека треба да излезеш со добро смислен продукт на Македонскиот пазар и со добра стратегија за пезентација на тој продукт.
 
Незнам, околу таа проблематика се отвараат многу варијанти, дел од една варијанта беше и првиот мој пост...
Доколку јас лично би бирал... сепак би го избрал квалитетот кој го нудат, а не би бирал според тоа како изгледа нивната страна и од кого е дизајнирана. Е сеа кога сме кај квалитетот кој го нудат... и тука исто така се отвараат повеќе прашања... такада... :/
 
Одамна размислувам за оваа "проблематика".
Имено, муабетот ми е за фирми коишто вршат професионален дизајн, со пакети за дизајн и сите марифети, а сопствениот сајт им е еден најобичен темплејт, доста често и бесплатен за превземање.
Испаднаа многу такви фирми последниве неколку години, кои со нивните "пристапни" цени привлекоа голем број на клиенти, а на сметка на тоа падна вредноста на еден дизајн.
Дали и вас ве ужаснува оваа појава? Што мислите, дали е во ред? Дали треба да се искорени? Едно време мислев да отворам тема на форумов со линкови до сајтови кои користат темплејт за дизајн на нивниот сајт, а доле се потпишани како дизајнери + нудат услуга дизајн, и линк до оригиналниот темплејт кој може да се превземе безпари или пак доста ефтино (најчесто околу $50 или 2500 денари во наши пари).
Мислите дека е подобро да ја баталам таа идеја или пак да ја префрлам во пракса за да не не прави некој будала за наши пари. Секогаш кога купуваш производ, во случајов дизајн, очекуваш тој да биде оригинален и единствен, освен ако не е наведено поинаку во описот на производот.

Колку такви ги има ихааааа, еден куп, нема смисла да постирам линкови, но работат дури, спамираат фирми, дури и се пазарат, ако првиот спам не му помини, пота следува друг со 10% поефтина цена, ако и тоа не помини, пота следува друг.

Па потoа следуваат joomla 'стручњаците', кои незнаат слика да сменат во темплејт не пак друго. Некој не му кажуваат на клиентот дека му даваат украден темплејт.

Со оглед дека батката спамираше на кајгана минатата недела, ќе го спомнам само
http://www.interesno.com.mk/
кој користи темплејт од
http://demo.rockettheme.com/apr08/

oдберете Classic Red и ете го темплејтот.
Колку помпезно го најави на Кајгана, какво чудо направил со промена на бои и слично.
 
Не можам да коментирам оти ептен се нервирам ко ќе помислам на сите работи што се случуваат на ова поле ... Само едно ќе кажам... денес секој втор чоек е "Веб дизајнер" во Мкд ...
 
Воопшто не е во ред да ќутиме мкфорцес. Ќутам 2 години. Гледам сајт, знам дека е темплејт, доле пишува дизајнирано демек од таа фирма (а врска нема, текстот е едитиран само и променето е lorem ipsum dolor sit amet со македонски/албански текст... истите слики, концепт... се е исто! Плус, продаваат дизајн бе!
 
Не можам да коментирам оти ептен се нервирам ко ќе помислам на сите работи што се случуваат на ова поле ... Само едно ќе кажам... денес секој втор чоек е "Веб дизајнер" во Мкд ...

Епа тоа и ми беше поентата на првиот пост, дека едни од најубавите темплејти можат да се најдат по нетов и тоа сите за беспари, исто така тука е Dreamweaver кој само да штракаш по опциите ќе направиш некаква си страна (колку да не се познава дека е уствари едитирана). Јас кога се распрашував околу овие работи, ми препорачаа ако веќе се нафаќам на нешто посериозно тоа да биде нешто со 3D како што е Maya (пробав али тешко дека би продочжил).
За една страна да се направи, на нет имаат и готови темплејти (малце едит), имаат и готови PHP скрипти (малце едит) и опааа... ја имаат една од наубавите страни, а Dreamweaver уствари им го инсталирал комшијата... некој другар им среил со MySql ... SQL и дечките си се WEB Masters. :)
Најкриво ми е за оние кои голем дел од времето го поминале тупејки мозок со досадните книги, кодови, итн итн...
 
Воопшто не е во ред да ќутиме мкфорцес. Ќутам 2 години. Гледам сајт, знам дека е темплејт, доле пишува дизајнирано демек од таа фирма (а врска нема, текстот е едитиран само и променето е lorem ipsum dolor sit amet со македонски/албански текст... истите слики, концепт... се е исто! Плус, продаваат дизајн бе!
Ајде веб ко веб, а логоа? Темплејти што се шиткаат за 300-500 евра? Што да речеме ние што низ гз ќе ни излезе логото дур да се исцрта ко што треба, и на крај ќе видиш некој ретардиран темплејт продаден за х1.5 од твојата цена. Али и што ќар ако вака јас и ти си поплачеме? Пак ќе си има одредени имиња што ќе заработуваат на темплејти и пак ќе си ги има Принц и Точкест што ќе седат ко оние двајцана у Мапет Шоу и ќе мрчат:)
Ајде друже и ние да почнеме со темплејтите, може ќе ни се позлати среќата:pipi:
 
А што би можело да се стори во случајов? Да ги објавиш крадените сајтови тука на форум, да знаат сите кој се лажговците, нема да има кузнај каков ефект... шознам...
За ова решение е само закон во државава кој стварно ќе функционира... а не колку да се речи дека има закон за copyright ...
А такво нешто не верувам дека ќе видам доооолго дооооолго време :)
Еј па државава можи да се изнапрај пари од казни шибање за copyright ... ама на кој да му текни :)
 
Ајде веб ко веб, а логоа? Темплејти што се шиткаат за 300-500 евра? Што да речеме ние што низ гз ќе ни излезе логото дур да се исцрта ко што треба, и на крај ќе видиш некој ретардиран темплејт продаден за х1.5 од твојата цена. Али и што ќар ако вака јас и ти си поплачеме? Пак ќе си има одредени имиња што ќе заработуваат на темплејти и пак ќе си ги има Принц и Точкест што ќе седат ко оние двајцана у Мапет Шоу и ќе мрчат:)
Ајде друже и ние да почнеме со темплејтите, може ќе ни се позлати среќата:pipi:

Остај тоа, на сето тоа стави цена за оргинал Adobе, една лиценца е 2000 еур.
А имаме на сите компјутери.
 
Точно е тоа дека templates се користат но сепак во македонија се многу малце луѓе кои прават templates професионални за фирми онака unique + бараат бајаги пари за тоа. Имаш професионали луѓе во светот, најскапото нешто што го имам видено е 10000 евра за сајт али цел во флеш и боли глава компанија со многу вработени работи на тоа. Но да ме утепаш не ми текнува името на фирмата. А што кај нас сакаш повеќе зимаш хостинг пакет во мт њет сега т-хоме и не ти даваат mysql во нормален пакет демек се доплаќало за тоа. За тоа уште сме назад со дизајн на страници. А тоа за Адобе лиценца 2000 евра е да но за таа најаката верзија со све што има, а тоа тешко кој кај нас го има. + се прават финти работиш у фирма и демек све треба лиценцирано да ти биде буташ на усб хдд адобе portable без инсталација и кулираш, неможат да те фатат :pos2:
 
Zdravo

Gledam se raspravate okolu temnplejti ovo ono.

"Форумот е лиценциран софтвер на vBulletin" - moze da vidite vo futerot

Kako so gledam i kajgana koristi gotov softver i najverojatno i templejtot e nekoja minimalno promeneta verzija na nekoj free template.

So ne napravite eden forum ako ste tolku kreativni.

Jas bi rekol "TREBA DA TI TEKNE" :baeh:
 
Ајде вака ќе почнам
За да се направи добар дизајн кој ќе биде оригинален треба да се наплати дебело. Никој за 100/150 евра денеска не почнува од нула, на прсти се бројат луѓето во МК кои можат да направат квалитетен дизајн. И за таа копија треба да седнеш да ја обработаш, ќе ја наплатиш 100 евра (нагоре е претерано) ако не му се допаѓа на клиентот нека си ја симне на нет за 60тина долари па сам нека ја обработи (ако го бива).
Ако се бара оригиниалност не иде тоа така, треба интервјуа со клиентот секојдневни, прашалници избор на бои, сликички, па професионални фотографии итн. Тоа се кошта (3000 евра па нагоре) и неколку месеци работа со вистински тим.
Некој се побуни за џумлата, па видете за цените кои се спремни да ги платат фирмите во МК и џумлата да се прилагоди е многу :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom