Диви деца

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Едно од основните прашања на кое сеуште нема конечен,јасно дефиниран одговор е што е тоа што не дефинира како луѓе.
Генетиката кажува дека најмногу било до гените,тоа што е запишано во ДНК кодот ти е судбина и нема многу бегање,психологијата објаснува дека најмногу зависи од раното детство и работите кои во еден одреден период не дефинираат,социологијата пак вели дека околината не формира во најголем дел.

Еден феномен кој малку се судира со сите овие теории е оној за “дивите деца“, кои од најмала возраст или како бебиња се оставени да умрат а потоа “усвоени“ од животни при што живеат,јадат,се однесуваат како животните со кои се движат,на пример одат на четири нозе,лаат,гризат...

Можеби сте слушнале од баби,дедовци дека во некое село имало дете шо го оставиле на мечките или волците и слично,но ова ми делува како да ја потврдува теоријата за “табула раза“ до некаде, а и холограмската парадигма е во игра.

Дали ова кажува нешто и за животните,не само за децата?

Девојката ја нашле во Украина.
Таа сега е куче.
Не е човек.

Тажно,но системот не признава вакви “аномалии“ па не ја оставиле да продолжи да живее како пес,туку ја сместиле во ментална институција...:tapp:...“за да и помогнат“...:tapp:
Веројатно ќе и шибнат Торазин,или фронтална...или електрошокови како што лечеле ѓејој порано во ссср...
Исто како да ја убиле.

На линкот има за иљадници вакви случаи,документирани и потврдени за деца-песој,деца-шимпанза,горила,кенгури,мечки,леопарди...

http://www.feralchildren.com/en/index.php

Најславниот случај на дивиот Питер кој поминал околу 12 години како животиња, а потоа бил најден и како сензација бил прикажуван низ Германија и Англија како “човек-ѕвер“, за 68 години колку што поминал во општеството научил - три збора...

The first really famous feral child was Wild Peter, “a naked, brownish, black-haired creature” captured near Helpensen in Hanover in 1724, when he was about 12. He climbed trees with ease, lived off plants and seemed incapable of speech. He refused bread, preferring to strip the bark from green twigs and suck on the sap; but he eventually learnt to eat fruit and vegetables. He was presented at court in Hanover to George I, and taken to England, where he was studied by leading men of letters. He spent 68 years in society, but never learnt to say anything except “Peter” and “King George”, although his hearing and sense of smell were said to be “particularly acute”.

http://cogitz.com/2009/09/03/feral-children-living-with-beasts/

Your opinions,ladies & gentlemen...:)
 
Па Ромул и Рем биле ги изгледала волчица па гледаш го основале Рим :)
Иначе во право се што ја ставиле во лудница оти може да касне некој...
 
http://listverse.com/2008/03/07/10-modern-cases-of-feral-children
^^^листа на најпознати случаеви^^^
mogli+crawl.jpg
 
Родителскиот инстинкт на животните многу убаво се гледа низ ова. Не повредуваат невини и беспомошни суштества. Имаше еден клип кај што леопард убива мајмунка, после гледа дека има мало мајмунче, неколку дена старо и го заборава оброкот (мајмунката) и се грижи за малото мајмунче, го става на безбедно, го лиже итн.
Човек кога ќе најде животинче, ќе го шутне, удри.. Ќе го убие... Да најде бебе, ќе се треска од земја зашо е различно, зашто има туѓа ДНК, а ако е црнче нема да го прифати. Толку сме ограничени. Бетер од животни сме. Тргнувајќи од самата постапка на оставање на бебе во дивина.

Само не знам со кој памет „Ги лечат“.. греота за децата во кој хаос се...
 
Па Ромул и Рем биле ги изгледала волчица па гледаш го основале Рим :)

Приказната за Ромул и Рем е легенда...Демек волчица ги ранела,едно друго.. crap
А за девојчево..ништо чудо.Епа нормално е ако случајно се најде бебе да расте меѓу мајмуни,(притоа да го прифатат и хранат) тоа ке почне да ги имитира,всушност ке се препознава како луѓе што се грижат за него,или родители,и ке присвојува нивни особони..ке почне да рипа како нив и сл.ке се пентари по дрва јбг,или бар ке се обидува,оти анатомијата кај нас и мајмуните не е баш иста.
А тоа системот дека ке ги бапне ваквите како девојчево во лудница-тоа не е ништо ново.Иако јас мислам има начин да се адаптира со многу труд и помош од луѓето,ама системите не дозволуваат "затапување",Всушност полесно е да ја пратат во лудница,ке ја натрупаат со лекарства,2-3 пати неделно ке ја посети некоја ладнокрвна докторка демек да работи на случајот..за разлика од тоа, да има околу такви случаи бар по 2ца кои ке помагаат за напредок, во којшо случај тоа е еден вид непотребно изгубена работна снага за самиот систем..процентуално ако направиме статистика :)
 
Феномен кој дава редок увид во вистинската човекова природа и судбини кои колку и да се бизарни, се и трагични и тажни - некој смета дека се во категорија на сеир и ремет...:tapp:

Ок,Ромул и Рем веројатно е само легенда, но ете во реалноста во наше време има многу вакви случаи,посебно во Русија и Украина каде огромен број деца се оставаат буквално да умрат...многу ретко како во овој случај некое дете е спасено од животните...

Чудно е што тие деца се хранат со иста храна со која се хранат и животните, без облека одат наоколу изложени на секакви температури а гласот и движењата воопшто не се разликуваат од оние животни со кои живеат...и преживуваат,растат со години без некои проблеми,обично дете тешко би преживеало неколку дена така.

Зошто мислиш дека треба да се адаптираат,кога ова дава единствена шанса да се проверат многу теории околу тоа што не дефинира како луѓе?
Јас мислам дека треба да ги остават...
 
Чудно како темава заврши на овој подфорум?

Убаво те разбирам шо сакаш да кажеш,ама мислиш ли дека со тоа што ке "го докажеш" влијанието на таквата социјализација ке смениш нешто глобално или па на форумов??? тоа дека се проверувало,сигурно се проверувало.Не се сомневам дека се правеле безброј експерименти(дедо Хитлер на пример),имаше и некои док.кајшто научници вршат експерименти врз мајмунче мало како ке се однесува ако воа ноа...
Ја мислам дека нема потреба да се прават такви експерименти за да провериме дали сме луѓе,и што е тоа што не прави луѓе.Според мене-социјализацијата пред се ! Генетиката има сигурно улога,ама ако земеме предвид дека со шимпанзата сме 1-2 гена разлика(лаички малце),кога ке видиме сепак сме различни.А главната разлика е нашата способност за систематичко решавање на проблеми и ситуации.
 
Најтрагично е шо ги затворет во специјални институции за да ги "излечат". Имаше пред некое време една документарна емисија за некое дете во Африка шо било остаено во дивина. Таму уште не се знајт како шо ама дошло во контакт со слон и женкава се грижела се за него, а го нашле дури по 15 години. Според анализите бил комплетно здрав, имал јака крв, добро хранет и се то, а овие паметниве одлучиле дека најдобро е да се ставит во специјална институција под одредени средства за смирување. Арно ама после извесен период покажвел слабост, немање апетит, лошење и агресивност и се разболел многу пошо состојбата му се влошила па го вратиле ваму кај шо бил и состојбата му била како и првобитната.
 
National Geographic има одличен документарец за ова. Ова е линк од првиот дел.

Тука има и за Оксана, а и за други деца кои биле најдени во дивина или кои растеле со животни.
Најинтересна ми беше приказната за John Ssebunya, кој како дете бил напуштен во џунглата во Уганда и три години живеел со мајмуни. Него долго време го испитувале психолози и други доктори за да ја откријат разликата во развојот што се јавува кај овие деца, особено во развојот на говорот.
 
Треба да ја вратат кај што ја нашле.Таму и е одлично и навикната е и таму припаѓа пред се.Глупаво е да се стави во лудница затоа што таа не е луда таа само не е како нас.Таа е куче.
 
Интересно стварно.Ме потсети ова на филмот HellBoy и поентата во него.Што е тоа што не прави луѓе?Во воведот на филмот John Hurt кажува неколку збора што те тераат да се позамислиш.Нешто како :

What is it that makes a man a man? Is it his origins, the way things start. Or is it something else, something harder to describe?
 
Познат научен факт е дека заемното влијание на три фактори ја формирет личноста: наследството (биолошко, нормално), околината и активноста на самата личност.
Уделот на секој од нив е подеднаков.

Табула раса на Џон Лок е теорија и е нецелосна, па оттаму и неточна, се сметат за крајност и ја занемарвит важноста на наследството во чоечкиот развој и дефинирање.
Па имате после нативисти (поставиле теорија дека наследството на чоекот е најбитно), емпиристи (емпирија - искуство), автономисти (активноста) итн.

Логично е дека на децава за правилно функционирање во средината и социјализација и целосно формирање на личноста им фалит факторот околина, а и активноста е во погрешна насока - животинска :) и не им е искористен потенцијалот шо го имет ко луѓе, а наследството си го имет фала богу, само не им се искористени способностите до максимум.
 
Убаво те разбирам шо сакаш да кажеш,ама мислиш ли дека со тоа што ке "го докажеш" влијанието на таквата социјализација ке смениш нешто глобално или па на форумов??? тоа дека се проверувало,сигурно се проверувало.Не се сомневам дека се правеле безброј експерименти(дедо Хитлер на пример),имаше и некои док.кајшто научници вршат експерименти врз мајмунче мало како ке се однесува ако воа ноа...
Ја мислам дека нема потреба да се прават такви експерименти за да провериме дали сме луѓе,и што е тоа што не прави луѓе.Според мене-социјализацијата пред се ! Генетиката има сигурно улога,ама ако земеме предвид дека со шимпанзата сме 1-2 гена разлика(лаички малце),кога ке видиме сепак сме различни.А главната разлика е нашата способност за систематичко решавање на проблеми и ситуации.

Мислиш Др.Менгеле...Адолф бил молер...

А која е разликата од останатите 30.000+ теми на форумот?
Со пишување на нив ќе смениш нешто?
Или со муабет со некого,со било каков вид интеракција?

Каква улога играат гените тука?
Никаква.
Ако генетската разлика со шимпанзо и не е така голема,не е многу голема и со пес,леопард,кенгур...
На пример случајот во Украина...имаш куче кое само надворешно го перцепираме како човек.
Нејзината перцепција за самата себе е како пес.
Нема тука никаква болест,или некој да забега па ете си замислува дека е пес.
Таа Е пес.
Има песји инстинкти,навики,лае,ржи,трча на сите четири,не замрзнува на ниските температури исто како да има крзно,медицинските наоди се песји,мирисот и видот се кучешки,ритамот на дишење исто,рефлексите...
Нема ниедна социјална човечка особина.

Познат научен факт е дека заемното влијание на три фактори ја формирет личноста: наследството (биолошко, нормално), околината и активноста на самата личност.
Уделот на секој од нив е подеднаков.

Табула раса на Џон Лок е теорија и е нецелосна, па оттаму и неточна, се сметат за крајност и ја занемарвит важноста на наследството во чоечкиот развој и дефинирање.
Па имате после нативисти (поставиле теорија дека наследството на чоекот е најбитно), емпиристи (емпирија - искуство), автономисти (активноста) итн.

Логично е дека на децава за правилно функционирање во средината и социјализација и целосно формирање на личноста им фалит факторот околина, а и активноста е во погрешна насока - животинска :) и не им е искористен потенцијалот шо го имет ко луѓе, а наследството си го имет фала богу, само не им се искористени способностите до максимум.

Ок,тешко е да се каже што е погрешно,алтернативата на ваквите деца обично била смрт,оставени така во дивината, доколку некои животни не се “погрижиле“ за нив и не ги спасиле.
Биолошкото наследство не постои кај овие случаи.
Тие се животни со надворешна човечка форма.
До некаде може да се објасни како табула раса,но не целосно...

Овие случаи укажуваат дека сме “луѓе“ само ако навреме бидеме програмирани како такви.:toe:

За нив враќање нема, ако се обидуваат да ги “лечат“ и “социјализираат“...како дивиот Питер кој научил 3 збора за 68 години...

Не е само ова,со животните.Има и други случаи каде е има отсуство на програмирање но со понакви резултати,без модел кој би го следело детето...изолација...

http://forum.kajgana.com/showthread.php?40476-Рандом-мистерии&p=2682559&viewfull=1#post2682559
 
Мислиш Др.Менгеле...Адолф бил молер...

А која е разликата од останатите 30.000+ теми на форумот?
Со пишување на нив ќе смениш нешто?
Или со муабет со некого,со било каков вид интеракција?

Каква улога играат гените тука?
Никаква.
Ако генетската разлика со шимпанзо и не е така голема,не е многу голема и со пес,леопард,кенгур...
На пример случајот во Украина...имаш куче кое само надворешно го перцепираме како човек.
Нејзината перцепција за самата себе е како пес.
Нема тука никаква болест,или некој да забега па ете си замислува дека е пес.
Таа Е пес.
Има песји инстинкти,навики,лае,ржи,трча на сите четири,не замрзнува на ниските температури исто како да има крзно,медицинските наоди се песји,мирисот и видот се кучешки,ритамот на дишење исто,рефлексите...
Нема ниедна социјална човечка особина.
Запознат сум со случајов како и со други такви случаи,ги имаат давано на емисија некаде..
Многу сум размислувал на таа тема -социјализација,и според мене можам да кажам дека жално но вистинито испаѓа дека човекот е човек,само доколку е растен и социјализиран во нормални услови.По лесен пример -и дете да го изолираш,да го тепаш уште од мало и сл. ке предизвикаш тоа понатаму да се затвори во себе и да има последици во понатамошниот развој.
 
Родителскиот инстинкт на животните многу убаво се гледа низ ова. Не повредуваат невини и беспомошни суштества. Имаше еден клип кај што леопард убива мајмунка, после гледа дека има мало мајмунче, неколку дена старо и го заборава оброкот (мајмунката) и се грижи за малото мајмунче, го става на безбедно, го лиже итн.
Човек кога ќе најде животинче, ќе го шутне, удри.. Ќе го убие... Да најде бебе, ќе се треска од земја зашо е различно, зашто има туѓа ДНК, а ако е црнче нема да го прифати. Толку сме ограничени. Бетер од животни сме. Тргнувајќи од самата постапка на оставање на бебе во дивина.

Само не знам со кој памет „Ги лечат“.. греота за децата во кој хаос се...

Па и не е баш така, не генерализирај http://www.abolitionist.com/reprogramming/elephant-hyenas.html

Како и да е мн. жално видео !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom