Дисперзирани студии низ републиката?

  • Креатор на темата Креатор на темата davorcooo
  • Време на започнување Време на започнување
Абре денес не е важно дали ќе завршиш на УКИМ или УГД или некои нивни дисперзирани студии во некое село или мал град ако немаш врски,книшки...итн пак ќе седиш дома.
Јас знам многу што завршија во Скопје а седат дома, а има некои што завршија Информатика во Берово дисперзирани студии во никакви услови и уште првата недела од дипломирањето најдоа работа сега се наставници во едно основно училиште.
Исто познавам и некои што студираа на правен во Кочани што сега имаат адвокатски канцеларии. Немат искуство но имаат подршка од некој за да успеат понатаму.
Партиска книшка, врски, пари.... и се е можно.
Во нашата земја не се бара искуство и просек, туку било каква диплома, книшка и дебели врски.
Така да поубаво е да учат на дисперзирани студии каде полесно ќе завршат оние на кои однапред им имаат ветено работно место.
Од една страна е добро да се има факултети во секој град но пак е лошо што државата се полни пари од студентите и после не им е гајле како ќе најдат работа.
Што држава ќе бевме 98% од матурантите се запишуваат на факултет а на крај кога ќе завршат само 9% од нив го работат тоа што го училе.
 
To e то шо сакам и јас да го кажам :) Истото може да се случи и од скопскиот, и таму не е тешко да се заврши со една 6ка :) Ги имам живи примери, луѓе за кои академски граѓанин нема значење никакво, не прават разлика меѓу физичко и правно лице, а за некое чудо завршиле со 3 години и се запишале да магистрираат на Јустинијан. Книшката в џеб и на работно место. Еве го кажав јас на почетокот примерот. Запишани бевме 170, останати се како сеуште запишани во 3та година 80, од кои 20 одиме редовно на предавање. Другиве немаат исчистено, заостануваат со по 5-6 предмети и се надеваат дека некогаш ќе положат. Сега е далеку построго, пак пишувам за во Битола, да не грешам душа да генерализирам. Врски има да, но обично тука се врските за некои кои бркаат просеци, од нивните се како и секаде па ги токмат пример за асистенти и слични курци палци. Еве сестра ми која учеше Скопје е магистер и ми вели гледајќи го принципот на кој се учи и се бара на полагање- Вас ве тераат да учите повеќе, ова произлегува од нејзиното размислување. А зошто учиме повеќе? То не дека е така, пак викам секој учи за себе, но за да одговориш ти 5 прашања со раскажување, не можеш да си поминеш со едно читање и запазување на битни работи. Треба да ломотиш тами и да исправаш криви дрини. И имам сетено дека дел од помладите професори си бараат далеку повеќе од постарите, оние докажаните, но се спремни и желни максимално да ти помогнат за да научиш повеќе. Потоа на полагање имаш плачки демек бил лош, бил строг, но човекот си кажува, човекот си бара. Дел од нив се и советници кои припремаат закони, ваљда ги бива за нешто си викам :)


Сакам да не сме сфатите погрешно, јас сум свесен дека со дисперзиите се фалшира бројката на невработеноста, дека допрва следува бран на невработена младина која ќе сака да се вработи многу јасно. Дека бројката и конкуренцијата ќе бидат на врвно, големо ниво, но сакам само да расчистам дека ваквите студии во однос на квалитет не заостануваат многу многу зад главните, основните, реномираните и докажаните. Е тоа, што потоа, е друго прашање кое можеме да го дебатираме на друга тема одделно.
 
Мора да се намали бројот на студенти и на УКИМ и УГД само така ќе може да си постојат дисперзираните за и оние посиромашните деца да можат да студираат.
Што е тоа секоја година по 500 правници и учители се запишуваат и 1500 економисти на сите универзитети што ќе прават после нема толку работни места.
Зависи во некои дисперзирани факултети има добри професори и имаат исти критериуми на оценување, така е во Пробиштип на Технолошки факултет и во Струмица на Информатика.
А не кај нас на информатика во Штип имаше 250 и за да не се прави гужва и трошок на студентите отворија во Берово, Струмица и Кавадарци. Тие таму полесно поминуваат.
Од тие 250 само 70 завршија со 4 години и тоа се знае едвај се извлекоа со 6-7 просек, и 20 со 3 год. Е сега тие со 3 години работат во основни училишта, болници,.... а имаше и околу 10 студенти со над 8.5 просек и сега дома тепаат муви.
Кога би се вратил назад би се запишал на богословски факултет :D барем се знае ќе си имам доживотна работа, плус работа на приватно 500-че од молитва, секој празник по куќите, секој 3 ден погреб, итн... :icon_lol:
И сакам да се отворат дисперзирани студии во неколку градови, а се останато е за џабе ако некој не ти вети дека ќе ти најде работа и работното место ќе зависи од партијата која е на власт ако си во државна институција.
Затоа што дојде такво време ни во продавница да не те зимаат без врски и со диплома.
 
Ќе дојди време според мене кога занаетот ќе биде најдобар начин за животна егзистенција. Нема повеќе нови чевлари, шнајдери и слични работи...
 
Ќе дојди време според мене кога занаетот ќе биде најдобар начин за животна егзистенција. Нема повеќе нови чевлари, шнајдери и слични работи...

Тоа време е дојдено, прашање е колку студентите тоа го сваќаат.
За чевлари, шнајдери, текстилци постојано има отворени конкурси за вработување, и во Скопје и во другите градови.
 
Тоа време е дојдено, прашање е колку студентите тоа го сваќаат.
За чевлари, шнајдери, текстилци постојано има отворени конкурси за вработување, и во Скопје и во другите градови.
Тие кои бараат работа веројатно сфатиле. Јас сум сеуште во цутот на учењето со елан да завршам правосуден, па натака како води животот останува да видиме.
Времето уште не е дојдено со најенормни последици. Мислев на оние крајности........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom