f
Од твојот препис, од кој, сируен сум дека ништо не разбираш, не е ништо запишано за:
- саботата, неделата,
- обрежувањето,
- јадењето свинско.
Обиси се пак...може ќе ти успее.
Мики, се има на линкот твој
1. Тогаш
Господ Бог ги кажа сите овие зборови кон Мојсеја, велејќи:
4.
Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;
5. немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат;
8.
Помни го денот саботен, за да го празнуваш.
9.
И му рече Бог на Авраама: „Ти, пак, запази го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови!
10. А ова е заветот Мој меѓу Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ќе го пазите:
секое машко од вас нека биде обрезано.
11. А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас.
12.
Секое машко дете кога ќе наполни осум дена по раѓањето, низ целото ваше потомство,
да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ќе биде купен од странец, а не е од семето твое, со образание ќе се обреже робот од твојот дом и купениот.
13. Да, и робот, роден во домот твој, и купениот мора да биде обрезан, и така Мојот завет над вашето тело ќе остане вечен.
14. А необрезаното машко, на кое не ќе му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој.”
1.
И му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
2. “Кажете им на синовите Израилеви и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете –
3. секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете.
4. Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата, да не јадете, бидејќи прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста.
5. И питом зајак, бидејќи прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е,
6. и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е,
7. и
свињата, бидејќи има раздвоени копита, а не прежива – нечиста да ви е.
A Исус, бог да го прости, рече
17.
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18. Зашто, вистина, ви велам:
дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
19. И така,
оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.