Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ама немаат сите жени права!
Види околу тебе...
Па не сите жени и го прифатиле Законот на Телема... што да им правиме?
Насила слобода и живот? Не бидува... нели? :)
Живееме во општество што се темели на устав и закони што и гарантираат рамноправност на жената. Дали поединечни жени ќе го одбијат тоа право е нивна работа, поентата е дека општеството дава можност на секоја жена да биде учител, професор, менаџер, судија, војник, шофер.....исто како и секој маж.
 
Да, но уште некое време ќе среќаваш пишан збор на нет или во книги дека жената „забегала од патот“ даден преку стариот еон, преземен од уште постари учења на хебреите...

Добро е што жената сепак сака да биде „непослушна“ денес во однос на тој патријахален еон :)

Новиот еон е премногу млад за да одеднаш смени се... сепак не бараме ние РЕВОЛУЦИЈА (освен во ретки случаи), бараме ЕВОЛУЦИЈА! :)
 
Оти муабетот беше во врска со рамноправноста и жената, а пораките се јасни и очигледни. Жената му е подредена на мажот, не и е дозволено да подучува ниту да има авторитет над мажот. Тоа не го измисливме ние, тоа ви стои во вашите свети книги.
.

Пак бегаш од прашањето?
Оти така? Остана без текст?

Да те потсетам:

„...Дај потсети не‘, за секој случај, што препорачува Апостолот и за мажите и за жените, за да имаме троа покомплетна слика за сите....„.[DOUBLEPOST=1471386176][/DOUBLEPOST]
Денеска живееме во свет каде жените се професори, учители, директори, министри, председатели, судии. Денеска важат правила што до 1904 - та не важеа. Светскиот ден на жената на пример - 8ми март е ден кога на жената и беа признаени правата што денес ги има. Тоа се случи во 1909-та година. Тоа е 5 години одкако беше објавена Liber Al vel Legis или книгата на законот, со што почна новиот еон. А во новиот еон, беа објавени нови права и закони, меѓу кои и правото на рамноправност помеѓу мажот и жената на сите основи.

Ајде полесно прашање до тебе; знаеш ли зашто токму 8-ми март е прогласен за денот на жената?[DOUBLEPOST=1471386260][/DOUBLEPOST]
Да, но уште некое време ќе среќаваш пишан збор на нет или во книги дека жената „забегала од патот“ даден преку стариот еон, преземен од уште постари учења на хебреите...

Добро е што жената сепак сака да биде „непослушна“ денес во однос на тој патријахален еон :)

Новиот еон е премногу млад за да одеднаш смени се... сепак не бараме ние РЕВОЛУЦИЈА (освен во ретки случаи), бараме ЕВОЛУЦИЈА! :)

Хепта,

а бе јасно ми е дека совршено се согласувате во копи/пејст со Ипсис, туку , оти не погледнеш на прашањата, до тебе упатени?
 
Последно уредено:
Пак бегаш од прашањето?
Оти така? Остана без текст?

Да те потсетам:

„...Дај потсети не‘, за секој случај, што препорачува Апостолот и за мажите и за жените, за да имаме троа покомплетна слика за сите....„.
Единствен што останува без текст и тоа редовно си ти, во таквите случаи очајно верглаш и дрндаш или се правиш наудрен дека не си видел одговор.
Јас убаво си кажав, цитатите се јасни и недвосмислени, и истите и порачуваат на жената дека мора да биде под власт на мажот! Дека не смее да подучува и дека не смее да има власт над мажот! Дека треба да молчи и да раѓа деца доколку сака да се надева на ,,спасување". Дека тоа било рамноправност може да тврди само луд или глуп човек. Муабетот беше за жената, затоа и за неа зборувам. Што пишувало за мажите нема врска со муабетот за рамноправноста.
Ајде полесно прашање до тебе; знаеш ли зашто токму 8-ми март е прогласен за денот на жената?
Затоа што човештвото влезе во нов еон, каде жената не е повеќе под милоста и власта на мажот, туку е рамноправна. Затоа што визијата и пораката на Павле повеќе не важи.
 
Денеска живееме во свет каде жените се професори, учители, директори, министри, председатели, судии. Денеска важат правила што до 1904 - та не важеа. Светскиот ден на жената на пример - 8ми март е ден кога на жената и беа признаени правата што денес ги има. Тоа се случи во 1909-та година. Тоа е 5 години одкако беше објавена Liber Al vel Legis или книгата на законот, со што почна новиот еон. А во новиот еон, беа објавени нови права и закони, меѓу кои и правото на рамноправност помеѓу мажот и жената на сите основи.

Во заблуда си. Mногу време пред Liber Al vel Legis, Гуру Нанак во Гуру Гранд Сахиб го промовираше следново:

Sikh women have shown enterprise in several fields and are among the most progressive in education and in the professions such as teaching and medicine. In the Sikh system, they are the equals of men in all respects. They can lead congregational services and participate in akhand paths, uninterrupted readings of scripture to be accomplished within forty eight lours. They vote with men periodically to elect Sikhs` central religious body, the Shiromani Gurdwara Parbandhak Committee, which administers their places of worship.

https://www.thesikhencyclopedia.com/biographies/famous-women/women-in-sikhism

http://www.sikhspirit.com/khalsa/news51.htm

Знаеш ли кога живеел Гуру Нанак?
 
Јас имам читано статии каде што пишува дека жени од исламски секти имале секс со повеќе мажи ден денес. Кога се вели дека жената немала право во стариот еон не се мисли на секоја жена, секаде во секој дел од светот, туку општо земено, жената била угнетувана, а за тоа добро знаеме и од историјата. Во Новиот Еон денес жената е слободна и независна, но сепак постојат исклучоци како што постоеле и во стариот еон. Да, разликата помеѓу стариот и Новиот Еон треба да се земе сериозно, но ти бараш игла во сеното само за да оцрниш нешто кое што не го знаеш.
Таоизмот како староеонска религија учи дека имање секс со 14 годишна девица е добар начин за да се постигне долговечност. Веќе знаеме на кој начин христијанството ја угнетува жената, за исламот пак да не зборуваме воопшто. :)
Оди денес во некое здраворазумно општество пример во Европа, јавно изјавувај дека секс со 14 годишна девојка е добар за долговечност. Знаеш каде ќе те сместат нели?

upload_2016-8-17_1-50-55.png
 
Единствен што останува без текст и тоа редовно си ти, во таквите случаи очајно верглаш и дрндаш или се правиш наудрен дека не си видел одговор.
Јас убаво си кажав, цитатите се јасни и недвосмислени, и истите и порачуваат на жената дека мора да биде под власт на мажот! Дека не смее да подучува и дека не смее да има власт над мажот! Дека треба да молчи и да раѓа деца доколку сака да се надева на ,,спасување". Дека тоа било рамноправност може да тврди само луд или глуп човек. Муабетот беше за жената, затоа и за неа зборувам.

Ајде уште едно потсетување на прашањето, па слободно продолжи со монологот:

„„...Дај потсети не‘, за секој случај, што препорачува Апостолот и за мажите и за жените, за да имаме троа покомплетна слика за сите....„.[DOUBLEPOST=1471391787][/DOUBLEPOST]
Затоа што човештвото влезе во нов еон, каде жената не е повеќе под милоста и власта на мажот, туку е рамноправна. Затоа што визијата и пораката на Павле повеќе не важи.

И што везе има одговоров со прашањето за 8-ми март?...

Што се однесува до влегувањето во новите еони, тоа се финти кои се веќе видени низ човековата историја, како што се: хилијазмот, ренесансот, комунизмот, футуризмот, „Њу-ејџ„ философијата и сл.

Све што треба, е само да бидеме трпеливи и да ја причекаме светлата будуќност...[DOUBLEPOST=1471391949][/DOUBLEPOST]
Веќе знаеме на кој начин христијанството ја угнетува жената,

Еве, јас не знам „како„, така да дај просветли ме и наведи ги начините на кој рисјанството ја угнетуело жената...:lolzz:
 
Последно уредено:
Во заблуда си. Mногу време пред Liber Al vel Legis, Гуру Нанак во Гуру Гранд Сахиб го промовираше следново:

Sikh women have shown enterprise in several fields and are among the most progressive in education and in the professions such as teaching and medicine. In the Sikh system, they are the equals of men in all respects. They can lead congregational services and participate in akhand paths, uninterrupted readings of scripture to be accomplished within forty eight lours. They vote with men periodically to elect Sikhs` central religious body, the Shiromani Gurdwara Parbandhak Committee, which administers their places of worship.

https://www.thesikhencyclopedia.com/biographies/famous-women/women-in-sikhism

http://www.sikhspirit.com/khalsa/news51.htm

Знаеш ли кога живеел Гуру Нанак?
Не сум во никаква заблуда. Прв пат официјално и на интернационално ниво, жената добива еднакви права како и мажот во 1909 - та година. Значи не зборуваме за локални обичаи, закони и правила, туку за глобално, законодавно и правно признавање на жената како рамноправна!
Ајде уште едно потсетување на прашањето, па слободно продолжи со монологот:

„„...Дај потсети не‘, за секој случај, што препорачува Апостолот и за мажите и за жените, за да имаме троа покомплетна слика за сите....„.
Муабетот беше за жената, затоа и за неа зборувам. Што пишувало за мажите нема врска со муабетот за рамноправноста.
И што везе има одговоров со прашањето за 8-ми март?...
Има секаква врска, тоа е моментот кога правата потцртани во Liber Oz почнуваат да се материјализираат. Рамноправноста на жената, укинувањето на робството, правото на слободна мисла и слободно изразување. Во децениите што следат се материјализираат и останатите права - правото човекот да љуби кого сака (хомосексуалноста се укинува од листата на казниви дела), правото да се облекува како му е волја, итн, итн.
 
Не залудно велиме дека не е само до философирањето и верата - потребно е и практична примена на објавениот Закон! Што ни нам значи вашето „сврти го и другиот образ“ кога никој не врти образ туку како змии с'скате на и за работи кои не ги знаете, кога никој не умира од вас за вашиот бог, никој не ја напушта жената и децата за да го послуша она „остави се и врви ПО мене“?

Постојано се предава еден ист Закон за Слобода и Светлина, Живот и Љубов, и ќе се предава и во иднина, со нов пророк, со нов Закон во духот на развојот на човештвото и никогаш нема да има крај на светот и смрт за човештвото!

Многумина сешто рекле, но малку направиле во нивното време во светот!
На пример, Исус малку направил за светот практично бидејќи така морало, многу што објавил нов закон, но неговите следбеници разбирајќи малку - создадоа зло кое сакаше да ги потисне сите други учења дури и преку крв. Таков беше еонот, тага и смрт!
И нерамноправност на жената, неспособната глупачка од стариот еон! Но не може така повеќе... гледајте ја жената и чудете се зошто не сте ја препознале нејзината моќ!

Не знам веќе ниту што дискутираме за Жената. Да ја оставиме да си го гледа патот и да го оди истиот.
 
Има секаква врска, тоа е моментот кога правата потцртани во Liber Oz почнуваат да се материјализираат. Рамноправноста на жената, укинувањето на робството, правото на слободна мисла и слободно изразување. Во децениите што следат се материјализираат и останатите права - правото човекот да љуби кого сака (хомосексуалноста се укинува од листата на казниви дела), правото да се облекува како му е волја, итн, итн.

Разбираш што си прашан или сам на себе си одговараш?

Да видиме што е она кое намерно го прескокаш, оти ако го напишеш, ќе се побиеш самиот себе.

Во Марко, 10.11 и 10.12, сам Бог ја посочува рамноправноста меѓу мажот и жената.
Исто е и во коринтјаните, целата 7-ма глава.

Секоја заедница има своја хиерархија, а укинувањето на хиерархијата, означува почеток на анархијата. Последиците од анрахијата во брачните односи се појќе од очигледни.

Хомосексуалноста постои од кога постојат луѓе на Земјава, а нејзиното формално-правно „укинување„, не значи дека хомосексуалноста станала „нешто друго“; туку останува грев, кој е гаден и пред Бога и пред секој кој е здрав во умот.

Што се однесува до 8-ми март, пак не ми кажа зашто е одбран токму 8-ми, а не 7-ми или 9-ти март.
 
Не му вервај на Исуса тој кажуваше доста невистини

8. Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на празникот, зашто времето Мое уште не се исполнило.”
9. Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
10. Но, штом отидоа браќата Негови, отиде на празникот и Он, но не јавно, туку некако тајно.

гледаш како в очи ги гледа и ги лаже бе луѓето и тоа оние кои му веруваа и кои го следеа, а да не заборавиме и невистината шо им ја кажа на многумина пред 2000 години дека ќе се вфател во нивно време па уше некакво си кралство божје ќе воспоставел на земјата.
И тоа ги превари луѓено.
 
И?....
 
Разбираш што си прашан или сам на себе си одговараш?

Да видиме што е она кое намерно го прескокаш, оти ако го напишеш, ќе се побиеш самиот себе.

Во Марко, 10.11 и 10.12, сам Бог ја посочува рамноправноста меѓу мажот и жената.
Исто е и во коринтјаните, целата 7-ма глава.
Ништо не е прескокнато. Неможе да станува збор за никаква рамноправност кога имаш случај во кој на жената и се вели дека и е забрането да подучува и да има власт над мажот туку треба да биде мирна и да молчи! На друго место, жената е посочена како полоша од самата смрт. Тоа е се само не рамноправност.
Секоја заедница има своја хиерархија, а укинувањето на хиерархијата, означува почеток на анархијата. Последиците од анрахијата во брачните односи се појќе од очигледни.

Хомосексуалноста постои од кога постојат луѓе на Земјава, а нејзиното формално-правно „укинување„, не значи дека хомосексуалноста станала „нешто друго“; туку останува грев, кој е гаден и пред Бога и пред секој кој е здрав во умот.
Брачните заедници денеска не се базираат на лажна хармонија како во минатото, опстојувајќи под закана на жената. Во минатото други им одредувале на младенците со кого ќе се женат, а жената морала да остане во тој брак без разлика дали и се допаѓало или не, бидејќи во спротивно ќе била жигосана како распуштеница и игнорирана од општеството што било еквивалент на потпишување смртна пресуда. Денес секоја жена доколку не и одговара животот во брак, може да замине без да биде жигосана поради тоа.
Што се однесува до хомосексуалноста, таа не е никаков грев, присутна е не само кај луѓето туку и кај многу други животни, што значи е природна појава. Да прогласиш нешто за грев затоа што ти било гадно, е ограничено и заостанато.
Што се однесува до 8-ми март, пак не ми кажа зашто е одбран токму 8-ми, а не 7-ми или 9-ти март.
Нема никаква врска зошто токму 8-ми а не 7-ми или 9-ти, поентата е дека жените стануваат рамноправни после објавувањето на новиот еон во 1904 - та, а не пред тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom