Ipsissimus
P.I.
Не, туку реализација дека намерата да се помогне на ближниот во комбинација со непознавањето на неговата волја, резултира со нанесување штета наместо корист. Или како што вели онаа народната - патот до пеколот е поплочен со добри намери.Егоцентризам+егоизам?
Поентата на текстот е дека ти можеш да имаш најдобри намери за твојот ближен, но дека тоа незначи да му го наметнеш истиот пат што ти си го поминал за да си помогнеш себе си. Бидејќи тоа што функционира за тебе, може да му нанесе повеќе штета од корист на некој друг. Затоа е неопходно секој да се спознае себе си, за да знае што функционира за него и да биде свесен дека тоа незначи дека истото ќе функционира подеднакво и за сите останати.
Ова не само што не е себичност, туку е најголемиот акт на разбирање кон останатите, бидејќи да сакаш некого, значи да го прифатиш каков што е, а не да го примораш да биде тоа што одговара на нечија замисла.