Навистина, ентропијата на информацијата е реален процес, така да пренесувањето „вести„ по начелото „расипан телефон„ значи и можност за искривување на една почетна, точна и вистинита вест.
Чарето во Црквата е едноставно: учењето Христово, кое Он им го пренесе на Апостолите, а кое се чува неизменето до денес, со активно учество од Црквата, која е „..столб и потпора на вистината...„ (Тимотеј, 3.15), се постигнува само во физички (и духовно) изолирани заединци, како што се манастирите, кои намерно имаат само ограничен контакт со надворешниот Свет па така манастирите (и манастриските братства и сестринства) го минимизираат учество од Светов во искривувањето на учењето од Црквата.
Народите кои немаат ниту некогаш имале манастири а глумат рисјани, принудени се одново да го „откријат„ она учење кое Црквата веќе го поседува.
И уште една битна работа: точноста и вистинитоста од учењето се проверува преку духовниот опит, а не со просто умствено примање на учењето од Црквата, каде истото се учи „на памет“, но не се практикува.