Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Тргни од себе си...
Jac cум на вистинскиот пат, не верувам дека госпот имал деца зо земјанки - девици који оделе по вода претварале вода во вино и воскреснале.
Само заради тоа госпо ќе ми даде место во рајот
 
Пак ја утна поентата. Ако Бог ја создал водата а јас можам да се удавам во неа, тоа е моја човечка перцепција и рсзбирање. Проблемот што јас го потенцирам е тврдењето дека Бог би перцепирал нешто како погрешно, несоодветно, зло! Значи ако Бог создаде вода и рече : луѓето можат да се удават во водата, значи водата е погрешна, зла...! Тогаш постои апсурд!

И што е проблемот тука? Што има нелогично во тврдењето дека сезнајно и семоќно суштество создало зло за да исполни некаква своја цел и дека има намера подоцна тоа зло да го уништи откако целта ќе биде остварена? И каква смисла има постоењето на рајот ако и надвор од него се е добро и убаво. Но со една работа и јас не се согласувам - пеколот и вечните маки - тоа не ми изгледа прифатливо. А и не сум сигурен колку е тоа библиски или христијански концепт. Она што е сигурно е дека, барем засега, во реалноста не постои :)
 
Бог не создал никакво зло затоа што е Бог самиот поим за ДОБРИНА, СВЕТОСТ, СОВРШЕНСВО. Злото се јавува како производ на слободната воља. Каде има воља има и избор. Со самиот избор има ДОБРО и ЛОШО. Тоа не значи дека злото требало да биде создадено. Тоа се создава како производ на порешниот избор, на погрешниот избор на слободна воља. Со тоа што Бог им рекол на Адам и Ева дека ако каснат од плодод на дрвото за познавање на Добро и Лошо ќе умрат, тие имале два избора, да не вкусат и останат добри како што е и Бог, или да пробат и да станат учесници на злото преку кое би дошла смртта. Тие одлучиле и духовната смрт дошла како последица на нивниот СЛОБОДЕН ИЗБОР. Слободната воља е таа што не прави подобни на Бога, како што се вели во Словото дека човекот е создаден по ЛИК и ПОДОБИЕ Божјо, што значи слободно човекот по свој избор да општи со Бога или да не општи. Тој е изборот. Бог не создал роботи!
 
Jac cум на вистинскиот пат,

Сакаш да кажеш дека си на својот пат?...
Алал да ти е.[DOUBLEPOST=1417948930][/DOUBLEPOST]
Она што е сигурно е дека, барем засега, во реалноста не постои :)

Постои и во реланоста и е проверлив, на два начини:

- телесен (материјален), во одлик од било кое зло, кое е засновано на физичко или воено насилие. Секојдневието и скорото историско минато, ни сведочат за тоа.
- духовен, каде поединецот ( па и колективот) битисува/ат исклучиво во својата гордост, похотност и острастеност и на памет не им паѓа да излезат од таа кал, напросто, уживајќи во неа, сметајќи ја за единствен начин на овоземно битисување.
 
Последно уредено:
Бог не создал никакво зло затоа што е Бог самиот поим за ДОБРИНА, СВЕТОСТ, СОВРШЕНСВО. Злото се јавува како производ на слободната воља. Каде има воља има и избор. Со самиот избор има ДОБРО и ЛОШО. Тоа не значи дека злото требало да биде создадено. Тоа се создава како производ на порешниот избор, на погрешниот избор на слободна воља. Со тоа што Бог им рекол на Адам и Ева дека ако каснат од плодод на дрвото за познавање на Добро и Лошо ќе умрат, тие имале два избора, да не вкусат и останат добри како што е и Бог, или да пробат и да станат учесници на злото преку кое би дошла смртта. Тие одлучиле и духовната смрт дошла како последица на нивниот СЛОБОДЕН ИЗБОР. Слободната воља е таа што не прави подобни на Бога, како што се вели во Словото дека човекот е создаден по ЛИК и ПОДОБИЕ Божјо, што значи слободно човекот по свој избор да општи со Бога или да не општи. Тој е изборот. Бог не создал роботи!
A кој го создал лошото кое го бираш меѓу добро и лошо
За да одбереш меѓу добро и лошо , мора тоа лошото да биде создадено[DOUBLEPOST=1417954277][/DOUBLEPOST]
Алал да ти е.
Дали знаеш дека зборот Алал иди (преку турскиот јазик) од арапскиот Халал кој значи дека нештшто е во ред или во согласност со исламските закони и прописи.
Гледаш ли како непознавање на основните работи може да те однесе на погрешен пат?
 
Последно уредено:
Немам јас никаков проблем со мојата совест, проблемот е тенденцијата сопствените човечки пррцепции да се проектираат како божји и да се користат како призма низ која ќе се суди чиј живот е "соодветен" или "несоодветен". Моите аргументи се основани и валидни.
Можно е да не си свесен, но Совеста ви е(на таквите) очигледен проблем.
Кртицизмот ти е надворешен, нецрковен, а се служиш да аргументираш со Црквен Извор т.е. Св. Писмо.
Немаш Црквено искуство што е основа за критика.Оттаму ти е хистеријата и фрустрацијата, како манифестација за НЕМОЌ за релевантен суд и расудување.[DOUBLEPOST=1417955962][/DOUBLEPOST]
Мислев на опциите од типот чума, сида, цунами, Хитлер.....
Или да бидам уште попрецизен, на опциите или особините како: Гнев, Љубомора, Завист, Садизам и слично. Тие очигледно постојат, ако Бог ги смета за непотребни, зли, погрешни, зошто ги допуштил? Нели е сезнаен? Нели е семоќен? Ако ги допуштил затоа што служат на некоја цел, тогаш на кој начин се непотребни, зли, погрешни?

П.С. Одговорот - Тие не постојат поради Бог туку поради (наведи било која причина), не го решава апсурдот, бидејќи ако постои било што кое Бог не го знаел, не го допуштил или не бил способен да го спречи, тогаш тој не е апсолутно битие, не е Господ.
Оваа твоја “аргументација“ е она за што се обидувам да ти укажам, во зависност колку „имаш уши да слушнеш“.
 
A кој го создал лошото кое го бираш меѓу добро и лошо
За да одбереш меѓу добро и лошо , мора тоа лошото да биде создадено
Реков дека лошото не постои, потенцијален избор на грев, непослушание кон Бога а со тоа и лошо постоел. Впрочем и некогашниот светлоносец кој сега носи само темнина и лаги имаше потенцијал да биде и беш прв од ангелите ама падна. Имаше избор и го искористи во лошо, како што тоа се случи и со третината паднати ангели кои го следеле. Се е до изборот. Злото не е создадено, туку созданието го создава преку изборот на непослушание.
 
Избор значи да бираш меѓу 2 постоечки работи - меѓу она што е добро и она што е лошо, мора да постои лошо за да го избереш, не можеш да избереш нешто што не постои.
Нели во едемската градина постоеше дрвото на познавање на доброто и злото, значи, злото или лошото постоеше, беше креирано ПРЕД човекот да избере непослушност.
Од кога ќовекот каснал и спознал што е лошо а што добро Бог рече дека сега човекот станал како Бог познавајќи добро од зло, тоа значи дека поим ДОБРО и ЗЛО постоеше како поим и Бог го знаеше, и Бог знаеше што е добро а што зло, и ги разликуваше, што значи, ЗЛОТО е создадено одамна пред човекот да го знае тоа, со изборот на човекот не настана злото, тоа си постоеше и беше создадено пред тоа
 
Не постоеше смртта и гревот пред да вкусат. Значи шкрабаниците горе не важат. Смисли друга тролажа.
 
Смрта постоеше, нели Бог пред да ги казни Адам и Ева му рече на Адам да не јаде од дрвото оти ќе умре во тој ден, смртта беше креирана и постоеше, Адам и Ева шетаа голи низ едемската градина, и дури од ко каснаа од плодот сватија дека е тоа грешно , значи си постоеше и злото - пошто постоеше и дрво на познавање на добро и зло, постоеше и смртта - пошто Бог тоа му го кажа на Адам дека ќе умруи ако вкуси, и постоеше и грев пошто шетаа голи но не беа свесни дека етоа грев и лошо се додека не каснаа од плодот
ПС
Дали ја имаш цела библија - стар и нов завет или само нов завет?
 
Каква и беше манифестацијата на СМРТТА пред да згрешат Адам и Ева? Нели ако била креирана значи имала форма? Пример? Гревот не е дека шетале голи и боси. Не извитоперувај. На претходните постови беше одговорено на таа тема зошто и како. Одговарај на прашање.... 3..2..1.. СЕГА!
 
A што значела заканата на Бог на Адам дека ќе умри ако касне од плодот кога никој не знаеше шо е тоа смрт и умирање? Како Адам да свати што е тоа смрт? непознат збор со непознато значение непознато искуство. Адам не знаеше ни шо е смрт ни шо е зло ни шо е грев ни шо е лошо ни што е непослушност а го казниле оти направил грев за кој појма немал шо е то, избрал лошо - иако немал појма што е тоа, и одбрал да умре иако не знал што е тоа.
Госопд е во овој случај учител кој казнува слепо дете оити не видело нешто.
Господ ја создаде смртта (пошто му се заканува на Адам со смрт), го создаде злото (пошто создаде дрво на познавање на доброто и злото) го создаде гревот (пошто ги остави адам и ева да шетаат голи низ градината, но им ги ускрати сите знаења и познавања шо е тоа смрт шо е тоа грев шо е тоа зло па ги казна оти направиле грев и одбрале зло
Ко ќе видиш, господ ептен ја згреши работата
 
A што значела заканата на Бог на Адам дека ќе умри ако касне од плодот кога никој не знаеше шо е тоа смрт и умирање? Како Адам да свати што е тоа смрт? непознат збор со непознато значение непознато искуство. ...
На прашањево е одговорено пред два-три дена на претходните постови. По правилата на однесување на форумов треба да одиш и да прочиташ запто за тоа и се збореше. Сето останато е само тролање. Ако сакаш коментирај на претходно огровореното, ако не ... изборот е твој.
 
И што е проблемот тука? Што има нелогично во тврдењето дека сезнајно и семоќно суштество создало зло за да исполни некаква своја цел и дека има намера подоцна тоа зло да го уништи откако целта ќе биде остварена? И каква смисла има постоењето на рајот ако и надвор од него се е добро и убаво. Но со една работа и јас не се согласувам - пеколот и вечните маки - тоа не ми изгледа прифатливо. А и не сум сигурен колку е тоа библиски или христијански концепт. Она што е сигурно е дека, барем засега, во реалноста не постои :)
Самиот си го даваш одговорот на прашањето што ми го упатуваш мене. Нелогичноста е во тоа што ако Бог е причина за сето постоење, сезнаен е и семоќен, тогаш епитетот судија е апсурд. Кому ќе суди? Нели се потекнува од него? Ако тој перцепира било што како грешка, тогаш индиректно посочува дека не е апсолутот, дека не е Господ, бидејќи постои нешто кое тој не го одобрува, не наоѓа смисла и причина во неговото постоење.
 
На прашањево е одговорено пред два-три дена на претходните постови. По правилата на однесување на форумов треба да одиш и да прочиташ запто за тоа и се збореше. Сето останато е само тролање. Ако сакаш коментирај на претходно огровореното, ако не ... изборот е твој.
те разбиран, зезнаа ситуација е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom