Дискотека Парк - Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Свечено отворена дискотеката „Парк“ во Охрид

Над 1500 луѓе присуствуваа на свеченото отворање на дискотеката „Парк“ во Охрид. На прв поглед „Парк“ воодушевува со просторот, функционалноста, со детали, одличен звук и фантастичен амбиент пропратен со безброј светлечки и други ефекти.

Дискотеката за 4 годишни времиња, како што е заштитниот слоган на „Парк“ навистина ќе биде жешка дестинација ова лето. Овој објект во кој се вложени прилично средства дефинитивно е еден од најрепрезентативните во земјава. Едноставно „Парк“ изгледа светски...

vnatre+.jpg

На влезот од дискотеката ќе ве пречекаат хостеси и професионално обезбедување кое речиси е незабележливо. Внатрешноста е осмислена со стил до најситните детаљи. Вентилацијата функционира беспрекорно па речиси не се чувствува чад...

vlez_nadvor.jpg
vlez.jpg

Atmosvera_g+.jpg

separe.jpg
VIP.jpg
На отворањето на микс пултот беше Dj Јуксел, а атмосферата на моменти кулминираше во делириум. За дополнителен штимунг се погрижија професионални танчерки, а најжешко беше на подиумот...


juksel.jpg


atmosvera_tancerki1.jpg


Tancerki_g+.jpg


Јас немам негативна забелешка за местово, навистина е супер! Покрај наведениве работи од текстов ми се допадна и тоа што има посебен дел за влез и посебен за излез, па така нема да се создава гужва и непријатни ситуации.
Верувам дека летово Парк ќе биде место каде најмногу ќе се собира народ, според мој вкус е супер.​
Ајде впечатоци:vozbud:
 
Ја бев на работа тогаш :(
Малер ама кај да е летово ќе одам да видам шо е како е :)
 
1 километар после тоа мостот кај полицијата (кај чамците џандарски) :)

Него шо е ова у Охрид, сите келнери струмичани. :pos:
 
Него шо е ова у Охрид, сите келнери струмичани. :pos:
Не знам од кај биле, ама да додадам дека и персоналот беше одличен. Еден намуртен келнер не видов, кој од кој расположен, насмеан, разигран. Не знам бројка ама беа доста, па најверојатно затоа и беа релаксирани.
 
Штета шо не ојдов...ниеден од другариве не ми идаше...
ама секој шо го прашав не кажа лоши зборови за дискотекава..
ке има доста голема шема таму летово:vozbud:
 
A 18+ e park sea ili onaka ko porano, koj sakat si ojt?
 
дур да влезеш ќе се отрезниш :-)
 
Требит да имаш врски да влезиш, иначе ќе си чекаш едно 2324332 сати.мухаха
 
Супер е у Парк, супер атмосфера, персонал исто, а какво чекање? Никогаш немав проблем на врата, а немав ниту пак врски, се влегуваше нормално. Се на се супер беше и веќе ми недостигааа:helou:
 
да не постоеше местово ке требаше да се измисли..стварно летово си поминав најекстра во парк....и сеуште е најжешката дестинација во охрид!!!!
 
Единствена дискотека шо ја признавам у Охрид. А да и нереално многу келнери
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom