Диши, не диши

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ова веќе станува сериозен проблем со кој се соочуваат сите граѓани.
Прво беше Велес, потоа беше Битола, сега е Скопје. Официјално, но неофицијално којзнае уште колку градови се соочуваат со оваа сурова реалност.

Не се знаат реалните цифри, одговорните за тоа сигурно ги маскираат. Зборувам за цифрите кои ја покажуваат загаденоста на воздухот кој го дишеме.

Металите, јаглерод моноксидот, сулфорот во воздухот кои се наоѓаат два и повеќе пати повеќе од границите на нормалното.

Анемија, вртоглавица и гадење... секојдневна реалност.


Дишењето опасно за здравјето.


До кога ќе не лажат дека живееме нормален живот, дека воздухот кој го дишеме е чист. Експеримент, во кој очекуваат да мутираме во зомбиа. Или на некој му е мака да инсталира филтри и да превземе други превентивни мерки?
 
Во текот на целата 2006 година, Скопје постојано било загадено со јаглероден моноксид, чија концентрација се движела над дозволените граници, констатираат градските власти во својот Извештај за квалитетот на воздухот во престолнината за периодот од јануари 2006 до јуни 2007 година. Освен со јаглероден моноксид, скопскиот воздух е загаден и со јаглероден диоксид, сулфурни и азотни оксиди. Овој извештај треба да биде усвоен на следната седница на Советот на Град Скопје. Зголемената концентрација на јаглероден моноксид во воздухот, гас без мирис и без боја, директно влијае врз хемоглобинот во крвта, а со долготрајна изложеност се добива анемија, вртоглавица, гадење и главоболка, се вели во извештајот.

- Овој полутант бележи констатно зголемување во текот на 2006 година, без воопшто да се спушти на дозволеното ниво. Неговите концентрации постојано се над дозволените и се движат од 1 до 5 микрограми на кубен метар. Може да се толерира само до 3 микрограми. Особено големи концентрации се измерени во ноември на мерното место „ректорат“, во Карпош, а многу големи концентрации се забележани во населбата Лисиче во текот на целата 2006 година - се вели во извештајот.

Јаглеродниот моноксид, објаснуваат од Градот, се јавува како последица на нецелосно согорување на фосилните горива, па затоа во иднина се препорачува негово внимателно следење и преземање мерки за намалување на концентрациите.

Меѓу останатите отрови што негативно влијаат врз здравјето на граѓаните се и цврстите честички, чадот, но и јаглероводородите како составен дел на градскиот смог. При вдишување, цврстите честички предизвикуваат промени во дишните патишта, а може да предизвикаат и алергија. Исто така, овие честички во себе апсорбираат ароматични јаглероводороди, кои, пак, се едни од најканцерогените соединенија.

- Овие полутанти се карактеристични за Скопје со високи концентрации во текот на целата година. Исто така, тие имаат токсично дејство врз човековиот организам и врз животните, го оштетуваат зеленилото, а при таложење со врнежи ги загадуваат површинските и подземните води, како и почвата - констатирале градските власти.

Во врска со загаденоста од чадот, во извештајот се вели дека концентрациите се над дозволените граници, особено зиме. Од Градот сметаат дека со намалување на приватните ложишта и со гасификација на топланите значително би се намалил чадот во градската животна средина.

Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) викендов излезе со препорака до граѓаните да не излегуваат надвор кога има магла.

- Поради долготрајна магла и постојниот тренд на загадување на воздухот во Скопје, се препорачува предучилишните и училишните деца, болните од хронични белодробни болести и срцевите болни да не излегуваат надвор во периодите на зголемена загаденост на воздухот, особено кога има магла и појава на смог - се вели во соопштението од РЗЗЗ.
 
Лелеееее. Боље да пушам ултра цигари цело време место воздух, барем нема да се трујам толку.:pipi:
 
Воздухов ни е и тоа како загаден а како нема да биде кода секое семејство има најмалку по две возила и секој користи автомобил за да се движи низ градов. Иако и јас сум една од тие сепак ја критикувам таа навика која сепак преминува во неопходност поради сообраќајниот хаос кој ни го наметнува несредениот гратски превоз. Кога тоа прашање би се решило тогаш мислам дека ќе се намали користењето на автомобилите и воедно ќе се намали емитувањето на штетните гасови, инаку ни се заканува опасност од многу болести како и тоа да се зголеми бројот на родени деца со малформации
 
Охрид ни е релативно чист воздухов, па не морам да се грижам за болести кои се добиваат од издувните гасови. Лесно ми е мене бе. :)
 
еее охриганец си ти???ееее :(:(:(:( :):):):):) да Ск е више лом (:(:(:(
 
Видете сеа, темава ја отворив како еден вид на известување/предупредување.
За ваше добро, затоа ќе ве замолам да се воздржите од муабети.
Имате совет или нешто друго корисно да кажете ок, ако не активната Duck Anitra ќе мора да биде употребена.
 
Ми е гајле за воздухот, и онака пушам по две кутии цигари на ден, а башка и со хранава шо ја јадеме и водава шо ка пиеме, а и сонцево веке е штетно, не верувам дека многу ке поживееме....
 
Видете сеа, темава ја отворив како еден вид на известување/предупредување.
За ваше добро, затоа ќе ве замолам да се воздржите од муабети.
Имате совет или нешто друго корисно да кажете ок, ако не активната Duck Anitra ќе мора да биде употребена.

ами чааре....
......муабетот е ...сврти се да видиш ќе те удри кола...ииииииии Дш.:pos2:

....што ако знаеме дека воздухот што го дишеме не е чист...неможе да сопреме со дишењето ...не е тоа некој производ од продавница па не чинел дај да го замениме со друг.
приказната дека живееме во загадочна околина е стара , па и самите можете да го забележите тоа...финтата е да се направи нешто што ќе ни обезбеди чист воздух.....тоа не се постигнува така со вадење на неколку коли од сообраќајот....треба да се регулираат одпадните материи од фабриките...овие скопскиве, цементра и охис и што ти ја знам тамау ..матер ебаваат.....а ние што правиме во врска со тоа:toe:
 
Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) викендов излезе со препорака до граѓаните да не излегуваат надвор кога има магла.

- Поради долготрајна магла и постојниот тренд на загадување на воздухот во Скопје, се препорачува предучилишните и училишните деца, болните од хронични белодробни болести и срцевите болни да не излегуваат надвор во периодите на зголемена загаденост на воздухот, особено кога има магла и појава на смог - се вели во соопштението од РЗЗЗ.

Човеку целата поента на темата беше ова.

Инаку за ова што го напиша.
Не знам што е нејасното. Нормално дека вие не можете да ги тргнете колите од сообраќајот или да ставите филтри на оџаците од фабриките. Ама затоа можеби некоја организација од повисок ранг ќе го прочита и ќе покрене некоја иницијатива.


 
Ми е гајле за воздухот, и онака пушам по две кутии цигари на ден, а башка и со хранава шо ја јадеме и водава шо ка пиеме, а и сонцево веке е штетно, не верувам дека многу ке поживееме....

Не треба да имате таков негативен став... Секако дека концентрацијата на штетни супстанци кои ги инхалирате со цигарите и од далеку неможе да се споредат со оние кои се присутни во воздухот. Секако дека воздухот е загаден, но за да превенирате, конкретно карцином на бели дробови, потребно е да делувате на факторите кои сами може да ги спречите - исклучување или одбегнување на цигарите колку што е можно повеќе.

За храната самите треба да направите избор како ќе се храните.

Водата не е штетна, искрено, Скопјани имаат најздрава вода за пиење. За останатите места РЗЗЗ има пропишано мерки и правила за користење или некористење на водата за пиење, па затоа водата како фактор за штетност неможете да ја инкриминирате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom