statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.615
Disenchantment by Matt Groening
Како голем фан на Футурама и среден фан на Симпсонови, дефинитивно сакав да видам што нуди новата серија од истиот креатор.
И искрено...сум малку разочаран.
Прво, анимацијата и графиката иако малку подетални, имаат некаков чуден недоработен шмек поради новата комбинација на 2Д и 3Д графика. Некои елементи како градот се 3Д додека карактерите се 2Д. Има одредени кадри кои специфично изгледаат ко да се направени само колку да се покаже "глеате, 3Д е ова, ууу фенси, глеј се ротира, јако нели?" и некако не додаваат воопшто на самата естетика, дури и пречат.
Второ, музиката, или да речам 'the lack there of' e скроз недоволна. Освен разиграното интро кој има некаков medival звук во комбинација со малку нордски тонови, самата серија и фали заднинска музика, на моменти е претишина освен звучните ефекти и говорот на карактерите. Амбиенталната музика е сведена на минимум. Изгледа како нефинален cut шо заврши на release. Не знам. Не сум презадоволен на тој аспект.
Трето, сетингот. Симспонови е сетиран во алтернативен универзум во сегашноста, но не му одмага тоа да серијалот биде смешен. Футурама, која е според мене поинтересна од Симпсонови, е сетирана во измислена иднина, што му дава простор на креаторот да измислува работи што не постојат и тоа му помага со world building. Disenchantment е во средновековно време во кое постои магија т.е. класичен фантазија сетинг. Би си рекле "океј супер, тоа е нешто што ќе му овозможни на креаторот да измислува работи кои не постојат и да го искористи тоа на интересен начин" ама поради некоја причина ова е скроз неуспешно. Многу од работите паѓаат во класичните тв тропи и клишеа, што е доста разочарувачки.
Четврто, хуморот. Хуморот има некои добри моменти ама голем дел од шегите се слаби и веќе видени. Има неколку моменти каде карактерите кажуваат нешто што е технички 4th wall breaking како критики за сегашниот свет иако нивниот свет не би имал појма за таа работа, користење зборови кои не паѓаат во средновековен сетинг, и други лесни и предвидливи шеги. Again, серијата има добри моменти ама не е ко да ќе се смеете на глас додека ја глеате, ќе издишувате низ нос ама тоа е тоа.
Петто, well, спор почеток. Ова не е баш голем downside бидејки очигледно "јаката" страна на серијава е world building (иронично нели?) т.е. пробуваат да напраат некакво развивање на карактерите, голем дел од приказната е поврзана и е дел од поголема приказна, така да би требало како што искачаат нови сезони серијата да стане подобра.
Шестто, (да до 6 стигнав), бидејки серијата е на нетфликс, на Мат Гроенинг му дозволиле да ја направи pg16. И како тоа го искористи Мат? Малку повеќе крв, користење на цигари, користење на алкохол, користење на дрога иииии толку. Не знам. Слабо искористена слобода. Како да му рекле "ок моеш да праиш што сакаш" и он "ммммммм ЦИЦКИ, uhhhh, ПИВО, uhhhhh, СЕКСУАЛНИ РЕФЕРЕНЦИ хехе"
Океј доста критики.
Ондак зошто да ја гледате серијава?
Бидејки можда не сум во право, и дури и да сум, вреди да се обидете и да дадете шанса.
Тековно има 10 епизоди, и се надевам дека со следните 10 од сезона 2 малце ќе зајакне серијата,
Можеби сум доста критичен бидејки почнав да ја гледам серијава со високи очекувања и голем хајп. Откако ми заврши Футурама (т.е. откако јас ја завршив) ми фалеше некоја серија таква за гледање, со доста scientific хумор, премногу сарказам и одтракани моменти. Додека оваа серија е со поедноставен хумор и по down-to-earth моменти.