back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Уфилмување, одвеаност и смотаност версус хипохондрија, депресија и нервоза. Првите се казуални додека вторите веќе се сметаат за болести кои може да предизвикаат долготрајни последици.
Како да се дисциплинира умот? Да му се нареди и да се доведе во состојба во која баш ние сакаме? Да се отргнеме од стандардните мисли кои најчесто знаат да бидат лоши, самодеструктивни и антисоцијални.
Медицатија, стручна помош, автосугестија или само социјализација со останатите? Кое е вашето мислење? Дали патите од нешто вакво?
Овој проблем на летање на умот е навистина чест во нашево „модерно“ општество. Одвеаните особи не ги сметам за проблематични чисто поради неактивниот им фазон во животот. Што се вели: ќе им помине. Оние вторите горенаведени знаат да бидат проблематични. Неретни се примерите на лица кои страдаат од самите себеси, кои градат комплекси од непостоечки проблеми, добиваат лошо мислење за самите себеси и несвесно паѓаат во депресија. Добивањето на здравствени проблеми предизвикани строго од психичка база е веќе редовен проблем.
Оваа година бев прилично изложен на стресови и прихичко малтертирање. На крај се здобив со „здравствени проблеми“ предизвикани од „ништо“ и кои успешно (барем така мислам) ги решив со автосугестија, социјализација и умо-пасење. Релаксација до макс. Сепак бев сведок на слични па дури и полоши проблеми кај мои пријатели и колеги кои тешко се отргнуваат од ваквите состојби. Кулминација ми беше одморот сега кога еден од друштвото за малку не колабираше и не си направи проблем строго од паника.
Како? Психолог или дисциплина?
Искуства?

цело друштво у последно време ми е такво ... сите све нешо глупости прават ... се нервирам и кај и да е ке доживеам нервен слом ... Ама затоа место тоа да ми се деси си почнаф со медитација по 15 мин. дневно ... и да ви кажам за мене тоа прави чуда ... една медитација од сабјле иии имате енергија цел ден да го пројдете у срање ... Барем за мене помага ... шо знам за други ...:helou: