Soreno
Big Brother
- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 530
- Поени од реакции
- 19
По завршувањето на студиите на бугарските универзитети Македонците се' поретко се враќаат дома, затоа што таму лесно наоѓаат работа и добра заработувачка.
Високообразовните кадри од Македонија што студираат во Бугарија откако ќе дипломираат се' поретко се враќаат во земјава, тврдат дипломци со кои разговаравме. По завршувањето на студиите, тие веднаш се вработуваат во тамошните фирми, каде што имаат добра заработувачка. Нашите соговорници велат дека таму имаат можности за градење кариера и усовршување во другите европски земји, особено дипломци што работат во европски компании.
Голем број наши студенти од универзитетите во Софија, Благоевград, Пловдив, Велико Трново и во други студентски центри, кажуваат дека бугарските дипломи им ги отвараат вратите кон Европа и дека многу лесно наоѓаат работа, затоа што Бугарија се соочува со недостиг од високообразовен кадар, поради големиот одлив на сопствената работна сила во другите европски земји. Најбарани се лекарите, фармацевтите, електротехничките струки, информатичарите и други.
- Додека студирав, работев како келнер и заработував околу 400 евра месечно. Откако ги завршив техничките студии се вработив во странска компанија каде што добивам плата од 700 евра. Не планирам да се вратам во Македонија, затоа што тешко може да најдам работа и да обезбедам добра заработувачка. Наскоро планирам овде да формирам и семејство, а постојат можности да заминеме и во друга европска земја - вели 25-годишен велешанец.
Македонците велат дека во почетокот прифаќаат и поскромни услови за вработување, само да искористат шанса за стручно усовршување и напредување. Покрај работата, голем дел од нив се запишуваат и на постдипломски студии, а истакнуваат дека им се нудат можности за стипендирање и усовршување во странство.
- Се запишав на Медицинскиот факултет во Скопје, но од идната учебна година планирам да се префрлам на студии во Бугарија. Така, дипломата ќе ми биде признаена и од европските земји, што не е случај со македонската, а ќе можам да добијам и специјализација во странство - вели студентка од Крива Паланка.
Младите тврдат дека условите за студирање биле подобри од овдешните. Трошоците за студентите во државна квота биле многу помали, а тие добивале и месечни стипендии и други поволности при студирањето.