Никогаш не би се одлучил да одам во станство поради подобра плата, доколку имам овде просечна плата. Евентуално да немам овде работа, тогаш нема да бирам начин како да си го нахранам семејството, дали друг град или држава, не е воопшто важно. Можам да бидам задоволен и со нормална куќа или стан, со опел или форд отколку бмв или мерцедес. Луѓето заборавија да живеат нормално денеска, сите бараат многу, сакаат премногу, очекуваат премногу.
Што беше тоа скромност???
Моите амбиции не се да се зема цел живот просечна плата, но никако нема да си го дозволам тој луксуз детето да ми расте без татко, само поради повеќе пари...
Додека е човек млад, би се оправдало тоа отсуство од дома и од саканата, но кога веќе еднаш сте се решиле да се жените/мажите, тогаш не се оправдува отсуството од дома и семејството само поради кариерата и повеќе пари...