Дилема

  • Креатор на темата Креатор на темата гринго
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.298
Поени од реакции
569
Локација
Овде
Имам познаници кај кои едниот брачен другар заминал во друг град (па и друга држава) поради подобра работа (повеќе платена), па се запрашав ... Што повеќе би избрале ... живот со својата сакана и просечна плата или кариера и повисока плата на друго место, одвоено? Можеби некој ќе рече што не се пресели и другиот таму, ама ете ако тоа не е можно (поради работа,деца и сл.).
 
nikogas ne bi prifatila odvoenost na partnerite radi povisoka plata .
Ne mi trebaat pari ako go nemam toj sto go sakam pokraj mene .Izgubenoto vreme ne mozat da go kupat niedni pari, a pogotovo koga se ima deca koi se vo rast niv mu treba vnimanie i od dvata roditeli, mene mi treba covek pokraj mene, pa ako treba i ke ziveam pomizerno.Luksuzi ne mi trebaat
Prifakam samo ako ima podobri uslovi i za dvata partneri, togas ne bi mi bilo problem da se preselam na dr mesto
 
Во денешно време за жал немаме избор... ситуацијата во која се наоѓаме не ни дава избор..
Познавам многу парови кои се така одделени.. или мажот работи на брод или е во друга земја или па град.. одделени се со месеци али јбг.. тоа е животот..

Секако дека би прифатила да бидам одделена од саканиот ако тоа значи подобар живот за нас и нашите деца во иднина. Ништо не е лесно.. али некои работи мора да се жртвуваат доколку сакаш да го оствариш она што си го зацртал во глава.... а кога основаш семејство богами мораш да мислиш и за другите.. а не само за своите желби и потреби.
 
Ке ја одберам платата.
Со време ќе ја повлечам и сопругата подобро една година да не ја гледам ако знам дека после цел живот ќе има за достојно да живее во споредба со Македонија.
Зошто ако збориме реално во Македонија просечна плата е минимална плата која за ништо не стигнува ,а да живеам во земја како Германија,Холандија,Шведска би бил презадоволен со просечна плата.
 
Тешко ти е прашањево. Ако едно семејство има доволно примања за трошоци и да им остане некој денар, тогаш нема потреба од заминување и одвоен живот. Арно ама со просечна плата тешко се живее. Односно не се живее туку одвај се преживува.
Одвоениот живот ако трае неколку месеци и не е некој проблем, се издржува, но најчесто трае неколку години.Е тоа е исто така доста тешко и знае да биде како затвор. Знам дека одделен живот би прифатил доколку немам друг избор. Би отишол во друг град и би пробал да видам како е. Ако функционира добро, ако не функционираат работите навистина не знам што би направил. Треба да каже некој кој пробал.
 
Џаба било коња враних,
по ливади разиграних,
џаба било сата и салаша…
Џаба било њива плодних,
винограда благородних,
у каруце прегнутих чилаша,
Када нисам с оном коју волем…
Када нисам с оном коју волем…
....парите се битни во животот....но не и неопходни...
....за дете чиј родител е во странство...сосема е исто дали парите стигаат од татко му или од центар за социјални работи...на тоа дете му треба родител
 
Џаба било коња враних,
Када нисам с оном коју волем…
....парите се битни во животот....но не и неопходни...
....за дете чиј родител е во странство...сосема е исто дали парите стигаат од татко му или од центар за социјални работи...на тоа дете му треба родител
Ајде малку да ги закомплицираме работите.
Што ако на тоа дете таткото му праќа 1000 евра месечно и успее да заработи и по некоја некретнина за детето, што представува и некоја реална сума доколку се работи за образован човек во богата земја. Центарот за социјални дава минимална сума на пари, а истото важи и за платата во македонија.
Значи дали во овој случај е подобро да се живее одделено?
 
....нема потреба да се комплицира.....едно е кога е човек сам...друго е кога има семејство.....ниту едни пари....ниту коли ...ниту станови....неможат да ја надоместат радоста да го гледате сопственото дете како расте....и обратно....становите...колите....парите...не можат да ја надоместат родителската љубов и грижа кога сте дете
 
Никогаш не би се одлучил да одам во станство поради подобра плата, доколку имам овде просечна плата. Евентуално да немам овде работа, тогаш нема да бирам начин како да си го нахранам семејството, дали друг град или држава, не е воопшто важно. Можам да бидам задоволен и со нормална куќа или стан, со опел или форд отколку бмв или мерцедес. Луѓето заборавија да живеат нормално денеска, сите бараат многу, сакаат премногу, очекуваат премногу.
Што беше тоа скромност???
Моите амбиции не се да се зема цел живот просечна плата, но никако нема да си го дозволам тој луксуз детето да ми расте без татко, само поради повеќе пари...
Додека е човек млад, би се оправдало тоа отсуство од дома и од саканата, но кога веќе еднаш сте се решиле да се жените/мажите, тогаш не се оправдува отсуството од дома и семејството само поради кариерата и повеќе пари...
 
На децата и не им се нешто многу потребни татковците. Поважна им е мајката. Има многу примери на деца кои живеат само со мајката од различни причини .
Проблемот со одвоениот живот го гледам во далечината, во тоа дека може жената без причина да те остави по некое време, а најголемиот проблем е што си со фамилијата многу ретко .
Ако па успееш да заработиш многу пари за детето и успееш да му овезбедиш многу подобра иднина и можеби е исплатлива таквата одлука.
Се си има своја цена. Тешко е да се каже што е подобро.
 
Prifakam samo ako ima podobri uslovi i za dvata partneri, togas ne bi mi bilo problem da se preselam na dr mesto

а како ќе се знае дали има подобри услови за двата партнери ... еве ако едниот партнер во својот град има убава работа, а другиот нема и ќе оди еве да речеме во друг град и ќе најде убава работа ... е сега, ако едниот ја напушти работата за да се заедно тогаш кој гарантира дека во другиот град ќе најде приближно добра работа како таа што ја имал ... која е границата, дали се исплаќа да се живее со една плата, како да се одлучи човек (а можеби се ќе се среди и двајцата ќе најдат убава работа во новото место) ... дилема
 
Џаба било коња враних,
по ливади разиграних,
џаба било сата и салаша…
Џаба било њива плодних,
винограда благородних,
у каруце прегнутих чилаша,
Када нисам с оном коју волем…
Када нисам с оном коју волем…
....парите се битни во животот....но не и неопходни...
....за дете чиј родител е во странство...сосема е исто дали парите стигаат од татко му или од центар за социјални работи...на тоа дете му треба родител
Ова само во песните е вака...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom