Дилема за кокошката и јајцето?

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Се пршувам зошто воопшто мора да е кокошката и јајцето?
-Зошто да не е петелот и јајцата?
 
trilobite напиша:
A зошто тој процес на еволуција кај птицата не продолжил понатаму, во уште посложен,еве да речеме да еволуира во змај(змев)?
Па еволуцијата не се случува преку ноќ. За тоа се потребни милиони години. За сега, птиците еволуирале онака како што ги знаеме. Стрпете се уште едно милион години, па ќе збориме тогаш. :) А за змејовите, тие се бајка.
 
The Real Highlander напиша:
Па еволуцијата не се случува преку ноќ. За тоа се потребни милиони години. За сега, птиците еволуирале онака како што ги знаеме. Стрпете се уште едно милион години, па ќе збориме тогаш. :) А за змејовите, тие се бајка.
Како знаеш за змејовите дека се бајка?Немаш видено ли?:)
Истото може да се каже и за еволуцијата?Популарна бајка!
Никој никад ја нема видено ниту посматрано еволуцијата на дело!
Целата теорија е работа на вера(милиони години).
Ниту Дарвин во "Потекло на видовите" не наведува ни еден аргументиран пример на дејство на природната селекција.
Он само верува дека стотина прилагодби кои се опишани во книгата настанале со дејство на природна селекција.Ни трага од доказ за такво тврдење.Со еден збор-мит!
 
Баш така....
Аман бе луѓе кога самите научници веќе не веруваат во еволуцијата зошто сте запнале вие толку. Беше актуелна сега веќе се докажува дека не е валидна. Итересен факт беше тоа што отсекогаш имало научници кои не ја застапувале теоријата на еволуција само што цело време се потурнувани на страна....
 
Теоријата на еволуција има многу докази кои доста реално и логички ја основаат истата, и дефинитивно не е мит
 
Bacillus gagous напиша:
Теоријата на еволуција има многу докази кои доста реално и логички ја основаат истата, и дефинитивно не е мит
Нц.
Не повлекувам ниту една нота од мојата симфонија:)
 
природната селекција инаку е докажана преку еден експеримент со видот рибчиња наречени гупи, експериментот сеуште се преповторува заради секоја сигурност ама досега не дал поинакви резултати.
 
Кокошката е прва, освен ако клетките се рачунаат како јајца.
 
Bacillus gagous напиша:
природната селекција инаку е докажана преку еден експеримент со видот рибчиња наречени гупи, експериментот сеуште се преповторува заради секоја сигурност ама досега не дал поинакви резултати.
Сакаш да кажеш дека тоа е столбот на теоријата?Што се докажува тука, извини,(стварно незнам шо е поентата со опитот)
Кога мислам на еволуција,мислам на макроеволуција,(од атом до човек).
Таа теорија е митолошка.
 
Решена вечната дилема: јајцето е постаро
Прашањето кое со векови ги бунеше научниците, академиците и кафанските досади, конечно доби одговор. Да, јајцето е постаро од кокошката, тврди тим составен од експерти по генетика, филозофи и одгледувачи на живина.
F3B4792F1ABA3842ACFA54EA25D7A49A.jpg

Едноставно речено, генетскиот материјал не се менува за време на животот. Поради ова она што ние денес го нарекуваме кокошка, во праисторијата по завршувањето на еволуцијата пред да дојде на свет како пиле претходно морало да постои како ембрион во јајце.

Организмот кој се наоѓа во јајцето ќе има иста ДНК-а како и кокошката во која тоа ќе се развие. Поради тоа организмот за кој со сигурност можеме да речеме дека го започнал видот прво мора да е јајце.

Сличен став има и претседателот на британската живинска индустрија според кој јајцата секако биле на планетава многу пред воопшто да се појават кокошките.
 
walker_girl напиша:
Сличен став има и претседателот на британската живинска индустрија според кој јајцата секако биле на планетава многу пред воопшто да се појават кокошките.
E сега ми ги разреши сите дилеми!
Реклама си прави човекот,многу јасно.:)
Истото би ти го кажал и нашиов директор на живинарска фарма у Белимбегово.
 
Xехе сигурно. Од кај знам јас. Само copy - paste правам, чисто ради информација. Иначе ти држи муабетот дека реклама си прави. Се согласувам :wink:
 
Јас најодговорно тврдам дека не е ниту кокошката ниту јајцето, туку петелот!...сите забораваат на него и неговата ДНК :)
 
Ако може за милијарда гоини да ми пораснат бели дробови од шкрги може и лушпа од јајце... Ја гласам за кокошките.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom