Дијамант, оној правиот, алотрпската модификација на јаглерод? Или циркон (
Zr[SiO4]? Да се разбереме, прилично голема е разликата

Тоа што се користи најчесто како украс на накитот се циркони. И не вредат многу. Нивната вредност е нешто поголема (многу малку) од цената на златото, па затоа златарите ја изедначуваат, и во пресметката на парче накит ја земаат целата тежина на парчето, без разлика на бројот или големината на камчиња на него, и ја вреднуваат по грам злато.
Одредувањето на цена на дијамант е цела една математика. Почнувајќи од неговата тежина (карати) и
чистота, преку бистрината и бојата на фрлениот одблесок, до
формата во која е обработен. Не сите златари овде можат да го пресметаат тоа, па дури и ако навистина се работи за дијамант, ќе ти удрат цена од ракав.
А, и друго. Секое парче накит кое на него има дијаманти, а е легално купено, има сертификат за потеклото и квалитетот на дијамантот. А без тој сертификат, не можеш да докажеш дека имаш дијамантски накит на никој, кој не се разбира од тоа.