Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да ми кажеш дека ќе се здебелам подеднакво од 3000 калории при јадење на 6 чоколада, во споредба со да речеме едно 10кг зелка? теорија нема, не термодинамика, не научници, кој сака нека дое нема да ме убеди дека е така.

Нема да се здебелиш подеднакво затоа што уделот на супстанциите е различен (масти, протеини, шеќери). Остај го Стеф и калориите на страна.

1000 калории од чоколадо и 1000 калории од зелка не е исто како целина. Исто е количински како бројка да, ама ефектот на состојките кои ги даваат тие 1000 калории што го имаат на метаболизмот е различен. Стеф нешо лови магла како Итар Пејо со термините и линковите...
 
Јас реков, иако сум далеку од експерт, па дури и познавач на оваа тема, сепак мислам дека нема логика да накачиш килажа од зеленчуци...најмалце од све да биде на исто ниво како од шаќери со 80% + масти.
 
Јас реков, иако сум далеку од експет, па дури и познавач на оваа тема, сепак мислам дека нема логика да накачиш килажа од зеленчуци...најмалце од све да биде на исто ниво како од шаќери со 80% + масти.

Се работи за проста математика:
1. Ако внесуваш повеќе калории од што трошиш тогаш ќе накачиш килажа и обратно (се разбира има разлика од човек до човек кој како ги искористува и складира или како што го викаат склоност кон дебелеење).
2. Ти нема логика затоа што се работи за зеленчук кој човечкиот организам неможе да го обработи како кравата на пример (да ја разгради целулозата), ние не сме тревопасни животни и затоа и неможе да очекуваш многу калории ниту килажа од таков тип на храна. Ниту пак можеш да изедеш 10 кг зелка а и да ја изедеш ништо од нејзе нема да свариш и искористиш само ќе ја исереш! Калориски гледано кога јадеш зелка ти доаѓа како да јадеш хартија, џабе ја јадеш! Инаку ако успееш да внесеш 3000 калории од зеленчук (што е многу потешко) тогаш ќе има ефект како да си внесол 3000 калории од месо (што е многу полесно). Калории се калории!
 
Не се согласувам, али не би навлегол во дебати, затоа што до утре ќе се убедуваме, и пак нема да ме убедите...калории не се калори...неможе да се споредуваат меса, чоколади, и масти, со вода и минерали.

Јасно ми е дека неможеш да изедеш 10кг зелка, цело време зборуваме хипотетички.
 
Џабе му даваш на куче зелка кога неможе да ги искористи калориите.
Џабе и даваш на крава месо кога неможе да ги искористи калориите.
На која основа водиш инат сеа?
10 kg зелка има 2270 калории :pos:и да ја изедеш пак гладен ќе останеш :LOL:
Знаеш ли колку калории има во 10kg чоколадо? Околу 50000 !
50000 vs 2270 :ROFLMAO:
Ја сфаќаш разликата? Јади колку сакаш зелка нема да се здебелиш! Пази на чоколадите!
 
Види, калории се калории. Ако внесеш денеска 1500 калории од овошје, а потрошиш 1600 ќе ослабеш.
Ако внесеш денеска 1500 калории од чоколадо, а потрошиш 1600 ќе ослабеш.

Исто е, поентата е како ги трошиш
 
Види, калории се калории. Ако внесеш денеска 1500 калории од овошје, а потрошиш 1600 ќе ослабеш.
Ако внесеш денеска 1500 калории од чоколадо, а потрошиш 1600 ќе ослабеш.

Исто е

ДА!
Проблемот е што чоколадото е пуно со калории и многу лесно луѓето знаат да претераат со него!
Овошјето од друга страна има многу помалку калории и многу потешко е да ги внесеш во истиот број! Има и многу вода во него затоа ретко кој претерал со него!
Лесно е да се изеде едно чоколадо но тешко е да се внесе 1кг јаболки! Сфаќаш?
 
Џабе му даваш на куче зелка кога неможе да ги искористи калориите.
Џабе и даваш на крава месо кога неможе да ги искористи калориите.
На која основа водиш инат сеа?
10 kg зелка има 2270 калории :pos:и да ја изедеш пак гладен ќе останеш :LOL:
Знаеш ли колку калории има во 10kg чоколадо? Околу 50000 !
50000 vs 2270 :ROFLMAO:
Ја сфаќаш разликата? Јади колку сакаш зелка нема да се здебелиш! Пази на чоколадите!

Чекај малце, сеа не ме свати сериозно дека споредував исти количини? убаво реков, 3000 калории од чоколадо, и 3000 калории од зеленчук, не е битно која количина би требало да ја изедеш затоа што даваме пример, збориме што би било кад би било...еве нека бидат 500 калории немора 3000...поентата е иста, ама реков дека нема да навлагам во понатамошна дискусија, така да фала ви на одговорите, иако ја на се согласувам со вашиот став.
 
ДА!
Проблемот е што чоколадото е пуно со калории и многу лесно луѓето знаат да претераат со него!
Овошјето од друга страна има многу помалку калории и многу потешко е да ги внесеш во истиот број! Има и многу вода во него затоа ретко кој претерал со него!
Лесно е да се изеде едно чоколадо но тешко е да се внесе 1кг јаболки! Сфаќаш?

Eпа да де, многу повеќе ќе бидеш сит од 1000 калории вредност на јаболки отколку чоколадо, се разбираме

--- надополнето: 22 јули 2013 во 06:46 ---
Чекај малце, сеа не ме свати сериозно дека споредував исти количини? убаво реков, 3000 калории од чоколадо, и 3000 калории од зеленчук, не е битно која количина би требало да ја изедеш затоа што даваме пример, збориме што би било кад би било...еве нека бидат 500 калории немора 3000...поентата е иста, ама реков дека нема да навлагам во понатамошна дискусија, така да фала ви на одговорите, иако ја на се согласувам со вашиот став.

Прогуглав сеа, прочитај...

Yes you will gain weight if you consume more calories than you burn.

When people say quality over quantity they don't mean that you can literally pig out on fruits and veggies. They mean you should center most of your diet around veggies and fruits because nutrition wise they often give the most bang for your buck.

Most veggies (and many fruits as well) are not very calorie dense. You would have to eat A LOT of fruits and veggies to get to 3000 calories. Most people would find that difficult to do.

Read more: http://www.city-data.com/forum/diet-weight-loss/1525890-can-you-eat-3000-calories-vegetables.html#ixzz2ZkMKdcba
 
http://caloriecount.about.com/calories-apple-i9003
еве ви треба околу 1kg јаболки да изедете за да внесете колку што би внесле со едно чоколадо од 100 грама
Не е нималку лесно да се изеде 1 кило јаболки или 2,5 кила зелка :vozbud: а што е едно чоколадце за минута ќе отиде :) http://www.weightlossresources.co.uk/calories/calorie_counter/chocolate_sweets.htm
Затоа викаат да гнетете зеленчук и овошје затоа што ве прават сит а не се дебелеете!
--- надополнето: 22 јули 2013 во 07:04 ---
Eпа да де, многу повеќе ќе бидеш сит од 1000 калории вредност на јаболки отколку чоколадо, се разбираме

Нема да бидеш сит од калориите туку од количината на храната (водата и останати материи што ги содржат зелката и јаболкото). Ќе ти се напуни желудникот ќе нема повеќе место :)
 
Не ме сфаќаш... сакам да кажам дека повеќе ќе бидеш сит од зелка која количински е вредна за 1000 калории отколку чоколадо вредно 1000 калории
 
Да, ама на краток период. За неколку саата ќе бидеш многу погладен, за разлика од чоколадото.
 
Во конкретниов случај да, така е.
 
Да, ама на краток период. За неколку саата ќе бидеш многу погладен, за разлика од чоколадото.

Епа затоа нема овошна диета или зеленчукова
 
Моментално сум на диета заради малку покачени маснотии.

Но, апетитот ми е проблем, имам преголем апетит :D ги гледам оние чоколатцата со глутаманан на Топ-Шоп демек те прават сит и помалку јадеш... Па дали некој ги има испробано и што мислење имате за нив?

Пиј многу вода и ќе немаш гајле со апетитот, дневно преку 4литри.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 12:47 ---
Се работи за проста математика:
1. Ако внесуваш повеќе калории од што трошиш тогаш ќе накачиш килажа и обратно (се разбира има разлика од човек до човек кој како ги искористува и складира или како што го викаат склоност кон дебелеење).
2. Ти нема логика затоа што се работи за зеленчук кој човечкиот организам неможе да го обработи како кравата на пример (да ја разгради целулозата), ние не сме тревопасни животни и затоа и неможе да очекуваш многу калории ниту килажа од таков тип на храна. Ниту пак можеш да изедеш 10 кг зелка а и да ја изедеш ништо од нејзе нема да свариш и искористиш само ќе ја исереш! Калориски гледано кога јадеш зелка ти доаѓа како да јадеш хартија, џабе ја јадеш! Инаку ако успееш да внесеш 3000 калории од зеленчук (што е многу потешко) тогаш ќе има ефект како да си внесол 3000 калории од месо (што е многу полесно). Калории се калории!

НЕ сакам да дебатирам многу многу али не се согласувам во врска со калориите во глобала, оти сметај колку е различен составот на зеленчукот и на чоколадото. Потполно е различно преработувањето во организмот и реално за храна која ти носи 2000 ккал од зеленчук и 2000 ккал од чоколадо е потполно различен пристапот. За зеленчукот додека го преработи телото ќе потроши речиси толку калории колку што си внел, а чоколадото ти е сосема различна приказна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom