Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
16, 17 ден грав, можеш да јадеш кога сакаш и колку сакаш, ме интересира каква е оваа диета од кого е? Врска нема
 
хахахахахаха за месец и пол симнав скоро 15 кила држејќи ја диетава и фитнес. Не мора да се држиш стриктно до напишаното, како на пример макарони со сирење, може било какви тестенини со сирење ли со кечап ли со некој сос, само да не помешаш месо. Килограмите не се враќаат баш брзо али постепено ако не си пазиш на исхраната ќе се видиш во огледало и ќе речеш кај ја стаив онаа диетана шо ја држев? Принципот на диетава е да не се мешаат месото со тестенини, компир, ориз и леб. Ако има позитивни резултати од диетава и ако сакаш да продолжиш без неа понатаму за да не ти се вратат килограмите брзо ќе се пазиш да не јадеш како порано, на пример ќе исфрлиш бел леб, ќе јадеш црн леб али најчесто по сабајле со чајче путерче или мармалад, шеќерот ќе го користиш на екстремен минимум или тотално ќе го исфрлиш и да почнеш да користиш мед како природен засладувач. Манџите да се приготвуваат без подварок, сите други јадења кај кои се мешаат ориз или компир или тестенини со месо да ги баталиш. Навечер да пазиш да не вечераш предоцна, до 18, 19 или 20 макс. Пржената храна да ја заборавиш, да се приготвуваат варени или печени јадења. А во диетава леб никако, леб можеш да додадеш кај денот со макароните, по сабајле и после до вечер тестенини некои (макарони, шпагети, тарана или јуфки) и то. Ако сум забораил нешо питај ќе надополнам. ;)

Поздрав
 
Не ми е јасно, јогурти, сирења а несмееш млеко во кафето.... оваа диета нема благе везе со правилната оваа ја измислил некој очаен и дебел гурман.

Сето ова горе е супер но да не ги мешаш јадењата, пример денес домати цел ден и ниедно друго јадење тој ден да не внесуваш.
 
А наместо да си го уништувате здравјето со вакви диети зошто не одете да спортувате малце,а не само лежење по дома како морж.Било каква диета да се држи без трошење на косумираната храна нема да има никаков позитивен резултат.
 
  • Ден 3, 4, 5 – Пилешко со салата
  • Ден 6, 7, 8 – Телешко со салата
  • Ден 9, 10, 11 - Риба со салата

најпаметно овие ручеци да ги повторуваш едно 3 недели. Со тоа што после 2 недели смееш да почнеш да внесуваш и млеко и млечни производи. Како диета по Аткинс, гарантирано се слабее.Не е баш здрава, ама ниедна не е.
Инаку ако не се смени начинот на исхрана воопшто, од секоја диета се враќаат килограмите кога ќе почнеш да јадеш нормално и да не вежбаш.
 
друшкане твојава диета ми е малку чудна, еве ти ја мојава уште од пред две три години коа прв пат почнав да одам по фитнесувања, како ми ја дадоа од таму, не изменета

iBRba.jpg
 
Гледам и се смејам ... кој ви ги пишува овие диети бре луѓе ??
 
А наместо да си го уништувате здравјето со вакви диети зошто не одете да спортувате малце,а не само лежење по дома како морж.Било каква диета да се држи без трошење на косумираната храна нема да има никаков позитивен резултат.

Најпаметниот пост што се однесува за сите можни диети. Спортувајте бе деца, што и да јадете ќе потрошите.
--- надополнето: Aug 13, 2011 12:33 PM ---
Макарони со сирење еден ден - втф? Со ова ќе немам енергија ни до продавница да појдам...
 
да спортот е важна работа, симнувањето на килограмите е далеку потешко без здраво вежбање, а под здраво вежбање мислам на потење и тоа потење како од под туш излезен. ;)
 
Најпаметниот пост што се однесува за сите можни диети. Спортувајте бе деца, што и да јадете ќе потрошите.
--- надополнето: Aug 13, 2011 12:33 PM ---
Макарони со сирење еден ден - втф? Со ова ќе немам енергија ни до продавница да појдам...

Читај шо пише , јади колку сакаш ( 4-5 пати на ден ) :D после тоа ќе се мачиш да ги потрошиш внесените калории :D наместо да ги губиш хехех
 
Читај шо пише , јади колку сакаш ( 4-5 пати на ден ) :D после тоа ќе се мачиш да ги потрошиш внесените калории :D наместо да ги губиш хехех

Пак, не најадуваат шпагети и макарони, барем мене, колку и да се изнајадам пак ми се јаде после саат два.

Не туку земајте диети без стручни лица и без медицински надзор бидејќи имате големи шанси да си ја ослабете крвта па после Господ ќе го видите додека се оправите.
 
Со 75-80 г ЈХ на 100 г паста не е поентата за најадување :D Добиваш обратен резултат од диетата :P
 
Целава работа која ме збунува многу е што
хахахахахаха за месец и пол симнав скоро 15 кила држејќи ја диетава и фитнес. Не мора да се држиш стриктно до напишаното, како на пример макарони со сирење, може било какви тестенини со сирење ли со кечап ли со некој сос, само да не помешаш месо. Килограмите не се враќаат баш брзо али постепено ако не си пазиш на исхраната ќе се видиш во огледало и ќе речеш кај ја стаив онаа диетана шо ја држев? Принципот на диетава е да не се мешаат месото со тестенини, компир, ориз и леб. Ако има позитивни резултати од диетава и ако сакаш да продолжиш без неа понатаму за да не ти се вратат килограмите брзо ќе се пазиш да не јадеш како порано, на пример ќе исфрлиш бел леб, ќе јадеш црн леб али најчесто по сабајле со чајче путерче или мармалад, шеќерот ќе го користиш на екстремен минимум или тотално ќе го исфрлиш и да почнеш да користиш мед како природен засладувач. Манџите да се приготвуваат без подварок, сите други јадења кај кои се мешаат ориз или компир или тестенини со месо да ги баталиш. Навечер да пазиш да не вечераш предоцна, до 18, 19 или 20 макс. Пржената храна да ја заборавиш, да се приготвуваат варени или печени јадења. А во диетава леб никако, леб можеш да додадеш кај денот со макароните, по сабајле и после до вечер тестенини некои (макарони, шпагети, тарана или јуфки) и то. Ако сум забораил нешо питај ќе надополнам. ;)

Поздрав
Ова веќе ми личи на диета...
 
да напоменам дека диетава прв пат ја применив пред 2 - 3 години на лето овој месец до септември - октомври. Некои викаат не се најадуваат, па ни јас не бев којзнае колку најаден али важно јадев повеќе пати во денот и после 18 часот не јадев воопшто, а за пиење си пиев најчесто вода или цевитана. На лето обично ми паѓа апетитот и така не ми е потребно многу прејадување. Диетава за во зима е тешко изводлива. Се откажав од кока кола, од касна вечера и тешко беше еден период дур се навикнам. Кога почнаа да се забележуваат првите резултати веќе ми беше полесно и бев навикнат, преку ден јади и после 17 часот кулирај па понекогаш се случуваше да се растрчам приквечер наваму натаму и касно јако да ми се пријаде и ќе дрмнев една порција колку да ми помине гладот. Треба да се издржи еден период дур се навикне телото на помалку калорична храна, треба експериментирање со рецепти за да не стане монотоно и еднолично јадењето, вреди да се проба не е толку страшно. Само без физичка активност потешко се слабее. Потењето е важно, што повеќе потење, повеќе се слабее. Вода да се пие пред оброк и после оброк, за време на оброк избегавај пијалоци. Алкохол може исто да се конзумира али многу малку, пиво на пример не е лошо да се дрмне една чаша две, ракија исто, вино не ти препорачувам. Алкохолот може да ти помогне во потењето, само не претерувај. Се на се принципот на диетава е ослободување на вишокот килограми и не е за секого, треба решителност и да не се забушава или да не се вежба барем на секој 2 - 3 дена. Вежбањето да биде - чист и сув почнуваш, а испотен прљав и мокар да завршиш. Да се испотиш до толку што ќе треба маицата да ја цедиш од пот. Газирани пијалоци освен вода да заборавиш, густи тетрапак сокови да избегаваш пошто имаат многу шеќер, цеди лимон, портокал прави си природни сокови и навикни се на обична вода. Ако не можеш да ја тераш диетава стриктно тогаш почни барем со следниве правила: леб јади по сабајле (пред пладне) и тоа со мармалад или маргарин - путер или крем сир или нешто слично само паштети батали. За ручек можеш чорби без подварок без леб или со многу малку црн леб, али во чорбите да не се меша месо со тестенини или компири, печено месо со салати, никако леб, скара со салата, печено месо со зеленчук, за благи работи можеш да си дозволиш еднаш во денот али не се прејадувај избегавај мезење колачи касно вечер. Купувај суво овошје за во зима, урмите се топ овошје за во зима за замена на шеќерот и колачите. Кога стварно ќе се зафатиш да ја примениш диетава и притоа да практикуваш спорт ќе осетиш голема разлика, за мене лично кога започнав со диетава и добро вежбање на фитнес си го промениж животот, бајаги ослабев и поинаку гледав на храната и си направив проблем што повеќето од гардеробата почна да виси на мене. Бев манекенски ослабен, и поради фитнесот се извишив неколку сантиметри и буквално кажано бев друг човек. Е сега почнав со нервирање пошто секогаш пред да излезам цеел саат бирав што да облечам пошто се што ќе облечев ми беше широко и станав поагресивен. Друго да напоменам дека за да ја држиш оваа диета ти треба подршка од блиските со кои живееш, на пример ти јадеш тестенини, а брат ти (пример) земал пред тебе гнете хамбургер. ;) Среќно друже, ако не ти оди диетава земи барем вежбај само пази на исхраната и времето кога ја конзумираш. Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom